Posted on

Данка Јефтимова – Силна логика, големи амбиции и инспиративна посветеност

Данка Јефтимова, стипендистка од генерацијата2024/2025 во рамки на фондот за поддршка на талентирани средношколци Таленти денес – лидери утре, е ученичка во трета година воПриродно-математичката гимназија во Скопје, на насокатаМатематика–информатика. Таа доаѓа од Кочани и е дел од оние тивки, но извонредни умови кои доследно постигнуваат врвни резултати.

Со освоено второ место на Државниот натпревар по математика и трето место на Државниот натпревар по информатика, Данка ја потврдува својата страсна поврзаност со логиката и аналитичкото размислување. Учеството на Македонската математичка олимпијада, како и положениот CS50P курс по Python на Харвард, ја позиционираат меѓу водечките млади умови во СТЕМ областите.

🏆 Натпревари и научни предизвици

Во текот на 2025 година, Данка:

  • Освои трето место на државниот натпревар по информатика
  • Се пласираше во потесен избор за тимот за European Girls Olympiad in Informatics (EGOI)
  • Учеше на подготовки за селекција и доби пофалница
  • Учестуваше на регионален и училишен натпревар по информатика, искачувајќи се чекор по чекор со целосна посветеност

🔬 Истражувачки дух

Во тим со своја пријателка, Данка напиша труд на тема:
„Биокомпјутери и ДНК програмирање: Искористување на кодот на животот“, во рамки на конкурс организиран од СММ, Здружението за информатика и МАНУ. Преку оваа иницијатива:

„Ги надградив моите истражувачки способности, успеав да прикажам една напредна тема на лесен и разбирлив начин и секако научив нешто ново за еден нов начин на програмирање“, вели Данка.

🌐 Глобално учење и вмрежување

  • Во декември 2024, учествуваше на Еразмус+ проект во Романија – Digitally United, каде што дискутираа за влијанието на вештачката интелигенција
  • Во јуни 2025, Данка беше дел од младинска размена во ПолскаArt of Games, каде што претставуваше дел од македонскиот тим, споделувајќи култура и креативност
  • Во јули 2025, ја очекува виртуелниот камп по наука на податоци во рамки на Kode with Klossy, програма за девојки од целиот свет

❤️ Волонтерство и активизам

Во ноември 2024, Данка активно се приклучи на крводарителска акција на Црвен крст – Карпош, каде помогна во логистичката поддршка на дарителите. Таа покажува дека покрај алгоритми и формули, разбира и важноста на човечката солидарност.

🏫 Менторство што води напред

Соработката со нејзината менторка во рамки на програмата била од исклучително значење: “Со нејзина поддршка и помош успеав да добијам место во виртуелниот камп. Таа ми го раскажа факултетскиот процес и нејзиното искуство, со што ми одговори на многу прашања и дилеми поврзани со мојата идниот академски развој и кариера„, споделува Данка.

Данка Јефтимова е пример за млада личност која со љубопитност, дисциплина и отворен ум ја гради својата иднина. Таа е симбол на новата генерација девојки во технологијата – храбри, паметни и подготвени да создадат подобро утре.

Posted on

Матеј Наунов – Средношколец од Кочани кој го движи СТЕМ духот напред

Матеј Наунов, 17-годишен ученик од Кочани, е стипендист од генерацијата 2024/2025 во рамки на Фондот за поддршка на талентирани средношколци „Таленти денес – лидери утре“. Тој е ученик во трета година во СОУ „Гошо Викентиев“, на насоката Компјутерска техника и автоматика, каде што неговата страст кон природните науки, роботиката и програмирањето се претвораат во конкретни проекти со општествено значење.

Од училишна клупа до вистинска промена во заедницата

Во рамки на програмата LEAD, Матеј беше тим лидер на проектот за изработка на веб-страница за здружението на лица со попреченост „Мобилност Кочани“. Неговиот тим се вброи меѓу најдобрите 5 од 36 и успешно ја лансираше веб-страницата mobilnostkocani.mk, со поддршка од наставници, локални власти и претставници од Норвешката амбасада.

Практично знаење, конкретни резултати

Преку предметот „учење преку работа кај работодавач“, Матеј реализираше пракса во ИТ компанијата Vista Point. Таму учествуваше во решавање багови и развој на софтверски решенија со Node.js и TypeScript, како и на креативни задачи – како изработка на игра слична на „Зборле“ и веб-страница за обновливи извори на енергија.

Роботика и лидерство

По 6 години активно натпреварување во First Lego League, оваа година Матеј го презеде предизвикот како ментор на тимот Robo Mosquitos, еден од најуспешните тимови во Македонија. Иако тимот не се квалификуваше за светското првенство, натпреварот му донесе вредно искуство, лидерски вештини и чувство на заедништво.

Меѓународно искуство – Финска и Еразмус+

Во март 2025, Матеј учествуваше на Еразмус+ проектот Sustainable Alternatives Future Essentials во Педерсоре, Финска. Тој одржа предавања за веб-програмирање, водеше работилници и соучествуваше во создавање на едукативни дигитални содржини – комбинирајќи технологија, едукација и креативност.

Менторство што инспирира

Преку програмата на MK2025, Матеј доби ментор со кој одржува редовни средби – преку Zoom и во живо. Темите на разговор се движат од личен развој и поставување цели, до водење бизнис и животни одлуки. Средбите му даваа насока, инспирација и мотивација за идните предизвици. Еве што тој вели: “Разговаравме за прашања поврзани со мојот личен развој – на кои полиња треба да се фокусирам повеќе, како да го искористам најдобро моето време додека сум уште ученик и кои се вештини што ќе ми користат во иднина, без разлика дали ќе студирам или ќе започнам сопствен бизнис. Средбите со него секогаш ми минуваат брзо, бидејќи се исполнети со практични совети, инспиративни приказни и корисни насоки. Често ми раскажуваше реални примери од неговото искуство – како реагирал во одредени животни ситуации, кои одлуки ги донел, што научил од грешките и кои принципи ги следи во животот и работата.

Матеј Наунов претставува младинец кој не само што учи – туку и создава, менува и води. Преку својот пример инспирира генерации на млади да ја изберат науката, технологијата и хуманоста како патека кон подобро утре.

Posted on

Иво Тојтов – Стипендист кој ја спои науката, уметноста и претприемништвото

Иво Тојтов, ученик во четврта година во СУГС Гимназија „Орце Николов“ во Скопје, беше наш стипендист во рамки на Фондот за поддршка на талентирани средношколци “Таленти денес – лидери утре„ од генерацијата 2024/2025 .

Тој е вистински пример за млад човек кој со љубопитност, ентузијазам, сестраност и упорност остава силен впечаток и зад себе остава значајни резултати.  За своите академски постигнувања, ангажман и исклучителна активност, Иво беше избран за првенец на генерацијата во своето училиште.

Наука што решава реални проблеми: Како дел од тимот „LuftON“ на Climathon Skopje 2024, Иво работеше на иновативно решение за аерозагадувањето – мастило за маркери за бела табла направено од саѓи (прашкасти остатоци од оџаците). Благодарение на неговите знаења од хемија, тимот успешно разви прототип. Следната цел им е самостојно производство на еколошка обвивка за маркерот со рециклирана пластика и 3D принтер.

Натпревари и признанија: Иво освои низа награди:

  • II награда на општинскиот и III награда на регионалниот натпревар по хемија
  • III место на регионалниот и I награда на државниот натпревар по германски јазик
  • Сертификат за учество на државниот натпревар по филозофија

Едукатор и креатор на содржини: Иво ја пренесува љубовта кон хемијата преку својот профил @totohemija на Instagram, каде што објавува постови од серијалот „Хемијата е насекаде околу нас“. Истовремено, држи приватни часови по хемија за други ученици, притоа поттикнувајќи ги да ја засакаат оваа наука.

Музичка изразност: Иво активно учествуваше во низа настани по повод 70-годишниот јубилеј на неговото училиште – СУГС „Орце Николов“. Се истакна со соло изведба на саксофон („My Way“), настапи како дел од гимназискиот оркестар, учествуваше во мјузикл и театарска претстава.

Менторство што прави разлика: Преку програмата, Иво доби поддршка од својот ментор особено при изборот на идниот академски пат. По конструктивен разговор, тој донесе одлука да продолжи со студии на Институтот за хемија при ПМФ – УКИМ, насока Применета хемија – аналитичка биохемија.

Личен напредок: Положувањето на возачкиот испит беше уште еден чекор кон неговата самостојност и подготвеност за универзитетските предизвици.

Иво Тојтов претставува токму тој тип на млад лидер какви што сакаме да ги поддржиме преку програмата „Таленти денес – лидери утре“. Неговата приказна е инспирација за многу други средношколци кои сонуваат големо и се подготвени да вложат во себе.

Му посакуваме многу успех во продолжувањето на образованието и со нетрпение ги очекуваме неговите идни достигнувања!

Posted on

Фондација МК2025: Отворен повик за стипендирање на десет (10) средношколци “Таленти денес – лидери утре„

Повикот е отворен до 25.07.2025 год

Фондацијата МК2025 го објавува повикот за прием на апликации во склоп на Фондот за поддршка на талентирани средношколци “Таленти денес – лидери утре„ за тековната 2025/2026 година.

По успешноста на пилот-проектот за стипендии во 2019/2020 година, Фондацијата МК2025 обезбедува средства за финансиска поддршка на талентирани млади од Македонија. Преку овој фонд, и оваа година ќе стипендираме 10 млади таленти. Поддршката за секој/а стипендист/ка изнесува 60.000 (шеесет илјади) МКД, исплатени во10 (десет) еднакви месечни износи на годишно ниво.Стипендиите ќе се доделуваат само за месеците во кои се одвива настава (почнувајќи од септември 2025 до јуни 2026г.).

Критериуми за аплицирање

  • Средношколци (од прва до трета година) на редовни студии во државни средни училишта;
  • Средношколци со успех над 4.70;
  • Добитници на награди или учесници на државни и/или меѓународни натпревари во областа на природни и општествени науки, компјутерско програмирање и друго, при што предност ќе имаат кандидати од областите СТЕМ;
  • Кандидати-ученици кои доаѓаат од социјално ранливи семејства со вкупен финансиски приход (бруто) во семејството до 800.000 МКД годишно.

Корисниците на стипендија за 2024/2025 година потребно е повторно да аплицираат на отворениот повик за стипендии.

Начин на аплицирање

Документите се доставуваат на E-scholarships платформата на Македонија2025.

За да аплицирате, потребно е да ги прикачите следните документи на македонски јазик.

  • Биографија (CV Europass или друга слична форма);
  • ●               Потврда за редовен ученик/чка и потврда за успех (просечна оценка) во последните три завршени училишни години;
  • Дипломи од награди од државни и/или меѓународни натпревари во различни дисциплини (не постари од 3 години);
  • Мотивационо писмо во кое се посочува зошто е потребна поддршката (задолжително во мотивационото писмо да се наведе дали кандидатот/ката е корисник на друга стипендија);
  • Релевантни документи за приказ на годишен (бруто) финансиски приход во семејствотоодносно Уверение од Управата за јавни приходи за остварени приходи по разни основи (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за последната календарска година пред аплицирање за родителите/старатели на кандидатот, поединечно и за самиот кандидат;
  • Најмалку 1 препораки од професори/релевантни институции или индивидуи вклучени во образование на кандидатот.

Важно: Детални инструкции и појаснување за потребната документација за стипендии за Фондот за поддршка на талентирани средношколци “Таленти денес – лидери утре„ се достапни на платформата за Е-стипендии (долниот лев агол).

Покрај редовната стипендија, Фондот ќе се потруди да поддржи и обезбеди менторство и обуки за личен и професионален развој на кандидатите, пракси во истакнати македонски компании, и слични активности/поддршка кои ќе бидат во интерес на професионалениот развој на корисниците. Стипендистите ќе бидат поканети на годишните настани и активности во организација на Фондацијата МК2025 и Македонија2025.

Крајниот рок за испраќање на документите е 25.07.2025 год. (повикот се затвора во 23:59 часот). За валидни пријави се сметаат само оние апликанти кои аплицирале електронски на платформата E-scholarships/macedonia2025.

Процес на селекција

Административната селекција се врши од страна на Фондацијата МК2025.

Откако ќе заврши процесот на административна селекција, апликациите ќе ги разгледува Комисија составена од истакнати членови и партнери на Фондацијата МК2025. Избраните кандидати кои ги исполнуваат сите горенаведени услови и критериуми ќе бидат контактиранинајдоцнадокрај на август 2025 година. Пред да се донесат финалните одлуки, можно е дел од кандидатите да бидат повикани на дополнително интервју.

Дополнителни напомени

По завршување на процесот на селекција, избраните стипендисти потпишуваат Договор за донација, каде се дефинирани сите услови и правила за користење на стипендијата. За лицата под 18 години, договорот се потпишува во присуство на родител/старател на лицето корисник.

По изборот, стипендистите се должни да доставуваат квартални извештаи за своите достигнувања, како би покажале посветеност и отченост во својот личен и професионален развој, во рамки на стипендијата.

Ги очекуваме Вашите апликации!

Фондацијата МК2025

Posted on

Наталија Тасевска – Првенец на генерација и гордост на програмата “Таленти денес – лидери утре„

Со големо задоволство ја споделуваме извонредната вест дека нашата стипендистка Наталија Тасевска, дел од стипендиската програма за талентирани средношколци “Таленти денес – лидери утре„ на Македонија2025, е избрана за првенец на генерација во своето училиште ОСУ “Ацо Русковски„ во Берово.

Ова признание доаѓа како резултат на нејзината огромна посветеност, труд и страст кон знаењето, креативноста и лидерството. Наталија приложила над 40 дипломи и сертификати, а нејзините професори изјавиле дека „едноставно не можеле да ги избројат сите бодови што ги има“, достигнувајќи над 220 бодови – најмногу досега забележани за ученик на генерација во училиштето.

Ова признание ми значи многу – претставува круна на мојата посветеност, труд и љубов кон учењето и личниот развој. Без поддршката од моите професори, ментори и Македонија2025, моето патување немаше да изгледа вака, вели Наталија.

Избрани достигнувања на Наталија во учебната 2024/2025 година:

🔹 Прва награда на државниот натпревар „Месец на наука“ (астрономија) со сопствена демонстрација и макета
🔹 Втора награда на државниот натпревар по Информатичко размислување и пласман на интернационално ниво
🔹 Втора награда на државниот литературен конкурс на тема „Св. Климент Охридски“
🔹 Прва награда на ликовен конкурс на тема „Берово – мојот роден крај“
🔹 Трета награда на меѓународниот конкурс „Детски Рацинови средби“
🔹 Успешно завршени 18 онлајн модули од програмата Girls Go Circular, со стекнати 18 сертификати
🔹 Учество во онлајн работилница на Goethe Institut на тема вештачка интелигенција и креација на дигитално уметничко дело
🔹 Посета на обука за зелени вештини и развој на бизнис концепти за зелени иновации во организација со поддршка на Македонија2025
🔹 Работа на сопствена веб-страница за претставување на нејзините уметнички дела
🔹 Активно учество во повеќе локални и државни иницијативи и натпревари, со признанија за лична и училишна заслуга.

Менторство што остава трага

Во рамки на програмата, Наталија доби менторска поддршка од искусна професионалка која ѝ помогна во насочувањето на нејзиниот личен и академски развој. Тие обработуваа теми како што се избор на кариера, градење личен бренд, лидерство и организациска култура.

Верувам дека ова менторство ќе ми помогне не само во овој момент, туку и во секоја одлука што ќе ја носам понатаму. Секој разговор беше вреден, секој совет беше драгоцен, а секој момент поминат во ова искуство беше чекор поблиску кон градење на мојата визија за иднината. Оваа поддршка за мене значи многу, и од срце сум благодарна за можноста да учам од некој кој вистински ме инспирира, вели Наталија.

Горди сме што сме дел од нејзиниот пат

Наталија е доказ за потенцијалот што го носат младите таленти во Македонија. Ние во Македонија2025 сме особено горди што веќе втора година ја поддржуваме преку програмата “Таленти денес – лидери утре„, која има за цел да препознае, поттикне и насочи млади ученици со исклучителен капацитет и амбиција.

Со нејзиниот глас, пример и постигнувања, Наталија ги инспирира нејзините врсници, професори и целата заедница. Уверени сме дека ова е само почеток на едно блескаво патување исполнето со успеси и позитивни промени.

Вашата поддршка и мотивација му дадоа посебна вредност и сила на моето патување – ви благодарам што бевте дел од него, порача Наталија до нашата организација.

На Наталија ѝ посакуваме многу успех и среќа на претстојното академско патување – со сигурност знаеме дека каде и да студира, ќе продолжи да блеска и да го носи знамето на успехот високо!

Posted on

Thank You to Our Incredible Mentors!  

Over the past four months, as part of the Support Fund for Talented High School Students – “Talents Today – Leaders Tomorrow”, our mentors have made an extraordinary difference in the lives of our talented scholars: Jovan, Ivona, Ivana, Darija, Natalija, Ivo, Matej, Simona, Nikolina, and Danka. 

Through your time, experience, and encouragement, you have helped these young leaders dream bigger, grow stronger, and take important steps toward achieving their goals.  

A special thank you goes to our senior mentors, whose leadership, dedication, and unwavering support have been instrumental in shaping the success of this initiative: 

  • Dejan Miloshevski, Financial Coordinator and Wellness Committee Member, Northwestern Memorial Hospital – Northwestern University 
  • Delfina Zupan Lazareski, Product Manager, ProductDNA 
  • Mitko Andonov, Entrepreneur, Eon Eden Marketing / Gama dizajn 
  • Anastasija Markovska, Hardware Developer, BMZ Macedonia 
  • Tanya Miliskovikj, Founder and CEO, BeeConsulting 
  • Slavica Taseva, Founder of Resources & Solutions, Career Coach, Trainer, and HR & KPI Consultant 
  • Nadica Gorgieva, Co-founder of ChiaDia 
  • Stefan Atanasovski Trajkovikj, Young European Ambassador, WeBalkans.eu 
  • Nena Manchev, Leadership and Education Program Manager, Macedonia2025 
  • Jana Ognjanovska, Finance and Information Systems Student at the University of Maryland and Member of “Mostovi” 

Your commitment over the past months has not only guided the individual journeys of these exceptional students but has also strengthened the foundation for a brighter and more promising future for our community.  

Thank you for being outstanding role models, inspiring mentors, and a source of continuous support. 

We are proud and honored to have you as part of the Macedonia2025 family. Together, we are empowering the next generation to lead with confidence, resilience, and purpose!  

Posted on

Open Call for Mentors for “Talents Today – Leaders Tomorrow”

Call for Mentors: Shape the Future of Talented Young Leaders! 

We are excited to launch the Support Fund for Talents Today – Leaders Tomorrow, empowering 10 exceptional high school students from economically disadvantaged backgrounds across Macedonia. These ambitious students are full of potential, and your mentorship can make a transformative difference in their lives.

Why Mentor? By dedicating just 5 hours per year, you can guide, inspire, and encourage a young student as they navigate their academic journeys and aspirations. Whether through online interactions, phone calls, or occasional in-person meetings, your insights and support can help them grow, dream bigger, and achieve more.

🗓️ Program Details:
– Runs through June 2025
– Flexible to match your availability and preferences
– Student profiles are available for you to select a mentee who resonates with you, or we can recommend a match based on your interests.
– Call is open up to January 15th, 2025!

✨ Be a Role Model. Make a Lasting Impact.
Your involvement will not only uplift these young leaders but also enrich your connection to the Macedonia2025 community. Together, we can empower the next generation to build a brighter, more promising future.

📧 To apply or learn more, please reach out to: nena@macedonia2025.com

Thank you for being part of this meaningful journey. Your mentorship matters!

Posted on

Introducing the “Talents Today – Leaders Tomorrow” Scholarship Recipients for 2024/2025!

We proudly welcome our outstanding 10 high school students into the Macedonia2025 family as part of our Support Fund for Talented Students. These young visionaries have the potential to shape the future of our society, and we couldn’t be more thrilled to support their journey!
Congratulations to the newest generation of scholarship recipients! Together, we are committed to fostering a brighter, more prosperous Macedonia.
A heartfelt thank you to all our generous donors and supporters for investing in the leaders of tomorrow. Stay tuned for updates as they embark on their inspiring paths to success!
Learn more about our scholarship recipients here: https://macedonia2025.com/scholarship-recipients/

Posted on

Успесите на нашата стипендистка Јулијана Јанев

Во следниве редови со вас ја споделуваше успешната приказна на нашата стипендистка Јулијана Јанев и нејзините достигнувањата во училишната 2023/2024. Таа е дел од фондот за талентирани средношколци “ТАЛЕНТИ ДЕНЕС – ЛИДЕРИ УТРЕ”.

Секој човек има потреба од мотивација и добра мисла за успешно остварување на своите соништа. Довербата добиена од Фондацијата МК 2025 беше клучна мотивација за Јулијана Јанев, која ја водеше кон поголеми успеси и остварување на своите соништа. Успехот ја враќа самодовербата, прави човек да биде среќен и задоволен. Благодарение на поддршката од Фондацијата МК 2025, Јулијана имаше можност да се надоградува себеси, да учи нови нешта и да биде успешна.

Јулијана изразува особена благодарност за можноста да има најдобрата менторка Маја Чаначевиќ. Кога станала стипендист и добила менторка, Јулијана си го замислила тоа како нешто многу строго. Но, по запознавањето со нејзината менторка, сфатила дека тоа е најдоброто нешто што може да биде, да има некој кој е достапен во секое време за сите прашања и дилеми во кариерата. Менторката несебично ги споделува своите искуства и сака да ја насочи и олесни патот на нејзината иднина. Јулијана се видела себеси во неа и се надева на продолжување на нивната соработка во иднина.

Учебната 2023/24 година беше исполнета со многу настапи, едукација и награди. Највпечатливи моменти и награди од оваа година се:

Награди:

  • Прва награда – Меѓународен натпревар за камерна музика Кавадарци
  • Прва награда – Меѓународен натпревар Сергеј Михајлов Штип (соло пијано)
  • Прва награда – Меѓународен натпревар Сергеј Михајлов Штип (Историја на музика)
  • Прва специјална награда – Меѓународен натпревар Сергеј Михајлов Штип (камерна музика)
  • Гран При за класична музика – Меѓународен натпревар Сергеј Михајлов Штип
  • Прва специјална награда – Општински и регионален 2024 (камерна музика)
  • Прво место – Државен натпревар 2024 (камерна музика)
  • Прва специјална награда – Општински и регионален 2024 (соло пијано)
  • Второ место – Меѓународен натпревар Полихимниа (соло пијано)
  • Прво место – Меѓународен натпревар Полихимниа (камерна музика)
  • Апсолутно прва награда – Меѓународен натпревар Concorso Musicarte Италија (соло пијано)

Семинари:

  • Пијано семинар под раководство на проф. Д-р Марија Ѓошевска, истакната пијанистка и професор на ФМУ Скопје. Семинарот претставуваше откривање на нови нешта и надградба на знаењето.
  • Семинар по хармонија со проф. Живојин Глишиќ
  • Семинар со турската професорка Жирин Акбулут Демирчи, запознавање со женски композитори на класична музика во Турција.

Настапи:

  • Настап на четвртото издание на циклус концерти организирани од младината на Македонија, проект Слободна среда поддржан од Министерство за култура, во музеј на Македонската борба во Скопје.
  • Настап во Мултимедијалниот центар при Економски факултет Штип, концерт по повод Ден на пијаното.
  • Настап во ООМУ “Боро Џони” Струмица, завршен концерт на серијалот од концерти “Денови на пијаното” организиран од здружението Камерата Ад Астра – Струмица.
  • Настап на завршниот концерт на меѓународниот натпревар “Сергеј Михајлов” Штип.
  • Настап на гала концертот на Меѓународниот натпревар Полихимниа.
  • Концерт на млади пијанисти во Безистено во Штип, организиран од организаторите на натпреварот Young Piano Talents – America.
  • Настап на Денови на европско Скопје 2023, организиран од музичката младина на Македонија.
  • Интервју во Канал ВИС Струмица за концертите одржани во Струмица и Штип, разговор за идните планови.
  • Новогодишен концерт на пијано класата на ДМУЦ “Сергеј Михајлов” Штип.
  • Јавен час на проф. м-р Славчо Величков.
  • Јавен час на проф. м-р Бисера Иванова Ѓориева.

Јулијана исто така реализираше четири солистички концерти во оваа година:

  • Првиот концерт се одржа на 20.11.2023 во Струмица, во ОМУ “Боро Џони”. Ова беше нејзин трет солистички концерт и 85-ти јавен настап. Концертот помина успешно, со преполна сала и задоволна публика.
  • Вториот концерт се одржа на 22.11.2023 во салата на музичката академија при УГД “Гоце Делчев” Штип. Концертот беше од големо значење, со преполна сала и поддршка од колегите и професорите.
  • Потоа следат уште два солистички концерти на 18.06.2024 во Уметничка галерија Безистен Штип) и на 20.06.2024 во Дом на културата Антон Панов Струмица.

Солистичките концерти се од особено значење за Јулијана и нејзината кариера, бидејќи преку нив го истакнува својот напредок. После краткиот одмор ќе започне со подготовка за следната година со јасно зацртани цели.

Нејзиниот талент е препознае и од локалните медиуми: https://www.facebook.com/kanalvis/videos/1171760517116565

Фондацијата МК 2025 ќе остане во нејзините сеќавања како едно од најдобрите нешта што и се случиле, со надеж за понатамошна соработка и поголеми заеднички успеси.

На крајот на овој извештај, Фондацијата МК 2025 изразува огромна благодарност за посветеноста и трудот што Јулијана Јанев ги вложи во своето образование и уметничка кариера. Нејзините постигнувања се вистинска инспирација и потврда за значењето на поддршката и мотивацијата.

Со искрени желби за понатамошен успех, се надеваме дека Јулијана ќе продолжи да го негува својот талент и да освојува нови врвови. Ние, од Фондацијата МК 2025, сме горди што сме дел од нејзиното патување и со нетрпение очекуваме да ги видиме нејзините идни достигнувања. На Јулијана ѝ посакуваме бесконечна инспирација, уште многу успеси и радости во нејзината кариера.

Posted on

Фондација МК2025: Отворен повик за стипендирање на десет (10) средношколци “Таленти денес – лидери утре„

Повикот е отворен до 15.07.2024 год

Фондацијата МК2025 го објавува повикот за прием на апликации во склоп на Фондот за поддршка на талентирани средношколци “Таленти денес – лидери утре„ за тековната 2024/2025 година.

По успешноста на пилот-проектот за стипендии во 2019/2020 година, Фондацијата МК2025 обезбедува средства за финансиска поддршка на талентирани млади од Македонија. Преку овој фонд, и оваа година ќе стипендираме 10 млади таленти. Поддршката за секој/а стипендист/ка изнесува 60.000 (шеесет илјади) МКД, исплатени во10 (десет) еднакви месечни износи на годишно ниво. Стипендиите ќе се доделуваат само за месеците во кои се одвива настава (почнувајќи од септември 2024 до јуни 2025г.).

Критериуми за аплицирање

  • Средношколци (од прва до трета година) на редовни студии во државни средни училишта;
  • Средношколци со успех над 4.70;
  • Добитници на награди или учесници на државни и/или меѓународни натпревари во областа на природни и општествени науки, компјутерско програмирање и друго, при што предност ќе имаат кандидати од областите STEM;
  • Кандидати-ученици кои доаѓаат од социјално ранливи семејства со вкупен финансиски приход (бруто) во семејството до 800.000 МКД годишно.

Корисниците на стипендија за 2023/2024 година потребно е повторно да аплицираат на отворениот повик за стипендии.

Начин на аплицирање

Документите се доставуваат на E-scholarships платформата на Македонија2025.

За да аплицирате, потребно е да ги прикачите следните документи на македонски јазик.

  • Биографија (CV Europass или друга слична форма);
  • Потврда за редовен ученик/чка и потврда за успех (просечна оценка) во последните три завршени училишни години;
  • Дипломи од награди од државни и/или меѓународни натпревари во различни дисциплини (не постари од 3 години);
  • Мотивационо писмо во кое се посочува зошто е потребна поддршката (задолжително во мотивационото писмо да се наведе дали кандидатот/ката е корисник на друга стипендија);
  • Релевантни документи за приказ на годишен (бруто) финансиски приход во семејствотоодносно Уверение од Управата за јавни приходи за остварени приходи по разни основи (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за последната календарска година пред аплицирање за родителите/старатели на кандидатот, поединечно и за самиот кандидат;
  • Најмалку 1 препораки од професори/релевантни институции или индивидуи вклучени во образование на кандидатот.

Важно: Детални инструкции и појаснување за потребната документација за стипендии за Фондот за поддршка на талентирани средношколци “Таленти денес – лидери утре„ се достапни на платформата за е-стипендии (долниот лев агол).

Покрај редовната стипендија, Фондот ќе се потруди да поддржи и обезбеди менторство и обуки за личен и професионален развој на кандидатите, пракси во истакнати македонски компании, и слични активности/поддршка кои ќе бидат во интерес на професионалениот развој на корисниците. Стипендистите ќе бидат поканети на годишните настани и активности во организација на Фондацијата МК2025.

Крајниот рок за испраќање на документите е 15.07.2024 год. (повикот се затвора во 23:59 часот). За валидни пријави се сметаат само оние апликанти кои аплицирале електронски на платформата E-scholarships/macedonia2025.

Процес на селекција

Административната селекција се врши од страна на Фондацијата МК2025.

Откако ќе заврши процесот на административна селекција, апликациите ќе ги разгледува Комисија составена од истакнати членови и партнери на Фондацијата МК2025. Избраните кандидати кои ги исполнуваат сите горенаведени услови и критериуми ќе бидат контактирани најдоцна до средина на август 2024 година. Пред да се донесат финалните одлуки, можно е дел од кандидатите да бидат повикани на дополнително интервју.

Дополнителни напомени

По завршување на процесот на селекција, избраните стипендисти потпишуваат Договор за донација, каде се дефинирани сите услови и правила за користење на стипендијата. За лицата под 18 години, договорот се потпишува во присуство на родител/старател на лицето корисник.

По изборот, стипендистите се должни да доставуваат квартални извештаи за своите достигнувања, како би покажале посветеност и отченост во својот личен и професионален развој, во рамки на стипендијата.

 АПЛИЦИРАЈ  

Ги очекуваме Вашите апликации! Фондацијата МК2025