Posted on

Македонија2025 ја обликува иднината на Македонија – поддржани над 100 бизниси и 1.680 лидери и таленти

Скопје, 25.12.2024 –  Јакнење на конкурентноста, поттикнување на силен економски развој и реформи, зајакнување на приватниот сектор преку партнерства и соработка се во фокусот на организацијата Македонија 2025. Таа годинава реализираше над 45 активности кои беа насочени кон зајакнување на човечкиот капитал во Македонија како основа за развој во сите сфери на општеството и економијата, кон зајакнување на конкурентноста на компаниите и кон поттикнување и поддршка на структурни реформи. Оваа година, Македонија2025 реализираше програми за економски развој, образование и лидерство со вкупна вредност во над 840.000 евра. Над 100 компании добија експертска поддршка, менторство и поврзување со експерти и компании, што даде конкретен придонес за зајакнување на нивната конкурентност и извозен потенцијал. Во рамки на образовните програми, 1.680 менаџери, талентирани средношколци и студенти учествуваа во програми за обука, добија стипендии и менторство, со што ги унапредија своите вештини и лидерски капацитети.   

Оваа година започна со работа Центарот за дигитална трансформација „ГоДигитал“, непрофитна организација основана од Македонија2025. Центарот сертифицираше 17 експерти кои започнаа дигитална трансформација на 9 македонски мали и средни претпријатија (ММСП). 

По шеснаесетти пат беше организирана обуката за развој на бизнис и претприемништво „Лидер“,во соработка со Ајви бизнис школата од Канада. Преку оваа програма која е во форма на мини-МБА обука, 20 млади претприемачи добија нови практични знаења и менторство од искусни професионалци од земјата и странство. Десет мали и средни претпријатија добија експертска помош од Канада за развој на своите бизниси и настап на странски пазари преку Програмата за претприемништво на семејството Битов. Онлајн платформата Connect2MK поврза 8 македонски бизниси со македонски професионалци од дијаспората кои ги советуваа и менторираа, а на платформата се регистрирани 97 компании и 72 експерти. На овој начин организацијата придонесе претприемачите од земјава да добијат поддршка и да ја подобрат својата конкурентност и пристапот на пазарите. Преку Програмата за извршно образование-Зафировски, 6 македонски бизнис лидери беа дел од престижната Келог школа за менаџмент. Оваа година ја обновивме Програмата за усовршување на менаџери во Канада, преку ново партнерство со Смит школата за бизнис при Универзитетот Квинс, каде што 5 менаџери стручно се усовршија за лидерство и стратешко планирање и учествуваа на програма за размена на работни искуства во повеќе врвни канадски компании.  

За поддршка на младите кои треба да бидат идната движечка сила на општеството, преку Фондот „Таленти денес-лидери утре“, беа доделени 10 стипендии за талентирани средношколци од социјално ранливи семејства. Организиран беше и натпревар за најдобри зелени бизнис проекти на млади лица, а најдобрите 4 предлози беа наградени парично од страна на Македонија2025. Организацијата го помогна изборот на 40 нови стипендисти и продолжувањето на право за користење на стипендии за студентска извонредност на 99 студенти на УКИМ од фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД, достигнувајќи бројка од 139 тековни стипендисти. Преку проектот „Науката и јас“ во партнерство со Џонсон Мети организиравме 5 саеми за наука низ земјата, вклучувајќи над 1.200 ученици. Дваесет и еден наставник по природни науки беа обучени во рамки на програмата и 20 училишта добија сетови за наука. Дополнително, преку различни програми, над 400 млади луѓе ги развија или подобрија своите вештини за програмирање, кодирање, роботика, СТЕМ, претприемништво и за финансиска писменост.  

Македонија2025 даде активен придонес и кон важни економски реформи во земјата, како што се дигитализација и дигитална трансформација на бизниси, образованата политика, подобрување на социјалниот дијалог, национална развојна стратегија, унапредување на фискалната политика, и односите со дијаспората. Организацијата силно се залага и промовира нулта толеранција за корупција. Реформскиот план на Македонија2025 насловен „Една визија за забрзан раст“ беше широко споделен со сите релевантни политички и бизнис чинители, со цел застапување за реформи во неколку клучни области важни за развојот на Македонија. Горди сме што мерките од Реформскиот план беа вклучени во предизборни програми на политичките партии, а денес, 90% од Планот е дел од Програмата на Владата (2024-2028). Активно работиме на реализација на овие мерки и сите наши капацитети и потенцијал се достапни на креаторите на политики за реализација на мерките од „Една визија за забрзан раст“. 

Годинава успешно беше организирано и 13-тото издание на Самитот на Македонија2025 со над 700 учесници и 50 говорници, како платформа за поттикнување на економски реформи, регионално поврзување и вмрежување на бизнисите и дијаспората.  

Горди сме што континуирано расте бројот на членовите на нашиот Одбор на директори, Советодавниот одбор и Клубот на амбасадори, како и бројот на нашите партнерства и пријателства, што е доказ за довербата во нашата мисија и во аншата работа. 

Македонија 2025 ќе ги продолжи своите активности и во наредната година, а планирано е и проширување на програмите за работа особено во доменот на конкурентноста, поддршката на младите,  дигитализацијата, намалувањето на корупцијатата и односите со дијаспората.  

Македонија2025 достигнувања во 2024 година во бројки: https://macedonia2025.com/wp-content/uploads/2024/12/Achievements-2024-Macedonian-3.pdf  

Posted on

АРНО ги прогласи победниците од десеттото издание на натпреварот „Зелени идеи“

„АРНО“ ги прогласи победниците од десеттото издание на натпреварот „Зелени идеи“ кои продолжуваат со натпреварување на регионално ниво во септември во Сараево, БиХ. Жири комисијата на натпреварот, во категоријата зелени идеи ги избра идеите „ Урбана фарма во контејнер за производство на микрозелени со аеропонски систем на одгледување “ на Снежана Јаќовска -Интеллигент Индоор Фарм ДООЕЛ Скопје и „BIOHIDE – One SCOBY at a time “ на Ангелина Серафимовска од ЛеатхерандХиде , додека за ембрионска победничка идеја беше избрана идејата на Трајче Рушев „Mobi Stove, мобилен шпорет за готвење во природа “. Годинава, во победничките идеи доминира зелената димензија за зачувување на ресурсите и животната средина, и видливиот степен на иновација.

Жирито кое ги оценуваше пристигнатите апликации беше во состав на експертите: Марија Ѓошева-Ковачевиќ од „Земјоделски Институт – Скопје”, Бесиана Мустафа од Стопанска комора на Северо-Западна Македонија, Робертина Брајаноска од Македонско еколошко друштво (МЕД), Велимир Лав Илиќ од ФИТР, Сања Лазаревска од ASPIRE Аccelerator и Бојана Киселовски од „Македонија 2025“. За националните победници партнерите повторно обезбедија поддршка: бесплатна регистрација на платформата Connect2MK и менторски услуги од „Македонија 2025“, бесплатно двегодишно членство во Стопанска комора на Северо-западна Македонија. софтверски кредити од Амазон, во вредност од 5000 долари, во траење од 2 години доделни од Aspire Accelerator. И годинава, на трите национални победници, АРНО им додели промотивни пакети од еко садливи картички изработени од македонскиот зелени бизнис Визарт-поранешен победник на натпреварот.

„ Годинава малку бевме загрижени за содржината на апликациите кога ги читавме, но сите кои презентираа денес беа одлични- презентациите беа со добра естетика, со одличен тек, со лични приказни, самото жири беше изненадено. Ќе размислиме за следна година, за нов формат на апликацијата, изгледа досадно е веќе текстуален формулар. Тематски во 2024-та забележуваме доста силна зелена компонента, има некоја свест изградена повеќе. Секако, сите идеи имаа и социјална димензија и бизнис модел. Ние како организација сакаме да порачаме да се става акцент и на социјалното претприемништво, на работна интеграција, на локалната заедница. Толку малку луѓе останавме во земјата, што сите приказни се веќе лични, и тоа треба повеќе да се раскажува“ – изјави Ирина Јаневска од АРНО.

„Го започнуваме процесот на производство со култивирање комбуха, која произведува целулоза како природен нус-производ. Оваа целулоза потоа се преработува во материјал сличен на кожа, со истата луксузна текстура и сила како традиционалната кожа. Нашата био-кожа нуди одржливо решение за еколошките и етичките проблеми поврзани со традиционалното производство на кожа, со значително помал јаглероден отпечаток и без присуство на отпадна на вода.“- изјави Ангелина Серафимовска од ЛеатхерандХиде.

„Зголемувањето на побарувачката на храна и намалувањето на производството на земјоделски произведена храна, поради недостаток на обработлива земја, ги наведоа производителите да користат производство на земјоделски култури во затворени простории. Намалувањето на земјоделско производство главно се должи на намалување на плодно земјиште, неповолните климатски услови и ограничувањата на користење на природните ресурси. Одгледувањето на микрозелени и микробилки со аеропонски систем во контејнер е нов производ на македонскиот пазар“-изјави Снежана Јаќовска од Интелигент Индоор Фарм

„ Мобилниот шпорет Mobi Stove е наменет и дизајниран за готвење во природа. Како гориво користи отпадна биомаса, која се наоѓа секаде во природата. Тежок е само еден килограм и склоплив, што го прави многу едноставен и лесен за транспорт. Дизајнот дозволува и регулација на температурата, односно на оганот, со осум различни степени од најслаб до најсилен, изјави Трајче Рушев.

Posted on

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025:  Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата – предуслови за забрзан економски раст 

Скопје, 16.05.2024 – Дигитализацијата, како една од приоритетните области на делување и платформата за забрзан економски раст на Македонија2025, беше една од темите во фокусот на вториот ден од Самитот што се одржува во Скопје. Токму во насока на значително продлабочување на соработката во областа на дигиталната трансформација, во рамки на Самитот беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Македонија2025, Центарот за дигитална трансформација „ГоДигитал“, Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), „ВИЗА Југоисточна Европа“ и „Клириншка куќа – Клириншки интербанкарски системи АД Скопје“ (КИБС).

Целта од ова партнерство е да се овозможи конкретна поддршка на домашните мали и средни претпријатија во имплементацијата на нови дигитални технологии и производи.

Претседавачот на Одборот на директори на Македонија2025, Мајкл Чкламовски, изрази големо задоволство од воспоставувањето на оваа соработка потенцирајќи дека: „Македонија2025 е целосно посветена на поддршка на Центарот за дигитална трансформација – ГоДигитал. Веруваме дека креирањето на екосистем за дигитална трансформација ќе придонесе кон засилување на конкурентноста и иновативноста на македонската економија”.

На официјалното потпишување на меморандумот присуствуваше и амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија Н.Е. Вероник Улман, која во оваа прилика изјави: „Швајцарија е силно посветена на поддршката на земјата во нејзиниот пат кон одржлив економски развој. Преку нашата развојна програма ги поддржуваме процесите на дигитална трансформација на микро, малите и средни претпријатија, со фокус на агробизнисот и одржливиот активен туризам. Го поддржуваме и ИКТ секторот и веруваме дека ова ново партнерство создава нови деловни можности за ИКТ компаниите во земјата”.

За Горан Анастасовски од КИБС „оваа иницијатива претставува значајна можност за едукација на кадарот во малите и средни претпријатија, а се надеваме и јавната администрација“, со што реално ќе се поттикне процесот на дигитализација во земјата.

Потсетувајќи дека формирањето и поддршката за „ГоДигитал“ од страна на Македонија2025 е дел од стратешката определба на организацијата за нејзино поголемо вклучување во процесот на дигитализација на општеството, со посебен акцент на малите и средни претпријатија, членот на Одборот на директори на Македонија2025 Васко Кроневски истакна: „Целата поддршка која ја дава Македонија2025, преку ресурси и експертиза, е насочена иницијално да го постави и да го креира екосистемот на консултанти и компании кои ќе нудат иновативни решенија, кои ќе овозможат дигитализација на компаниите каде што тие ќе бидат имплементирани, истовремено работејќи сето тоа да биде одржливо на долг рок“.

Искажувајќи задоволство од воспоставувањето на новото партнерство, извршната директорка на Македонија2025 проф. Никица Мојсоска Блажевски оцени дека „со здружување на нашите ресурси и напори заедно ќе придонесеме кон побрза дигитализација барем во еден дел од општеството, конкретно на бизнисите“. Таа најави дека набрзо очекува приклучување и на други организации и компании кон оваа иницијатива.

Инаку, покрај дигитализацијата, во фокусот на вториот ден од годинешниот Самит на Македонија2025 беше и темата за начините за справување со корупцијата како еден од предусловите за забрзан развој, а значајно внимание привлече и панел-сесијата за ефикасните стратегии за привлекување инвестиции во новата глобална ера. На вториот ден од Самитот, на сесијата посветена на демократија и слобода на говор се обрати Крис Павловски, основач на „Рамбл“ и член на Одборот на директори на МК2025, еден од најуспешните Македонци во дијаспората, со големи инвестиции во домашната економија.

Дискусиите во овој дел од Самитот се насочени и кон креирање на нови стратегии за градење прилагодливи синџири за снабдување во услови на глобални нарушувања, околу предизвиците и перспективите за натамошен раст на автомобилската индустрија, за начините на искористување на дигиталните здравствени иновации за подобри медицински услуги во Југоисточна Европа, како и за значењето на податоците и нивната анализа во успехот на бизнисите.

Конференцискиот дел од годинешниот Самит на Македонија 2025, на кој учество зедоа над 50 говорници во 12 панел-сесии и на кој присуствуваа над 500 претставници од домашни, регионални и компании од дијаспората, експерти и лидери, ќе биде затворен со обраќање на потенцијалниот мандатар за состав на новата влада Христијан Мицковски.

Повеќе информации за Самитот можете да најдете на официјалната веб-страница:
https://www.macedonia2025.com/summit-2024/

За повеќе информации за дејностите на Центарот за дигитална трансформација „ГоДигитал“,посетете ја веб-страницата: https://godigital.mk/

Posted on

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Скопје, 15.05.2024 – Со учество на 50 говорници во 12 панел-сесии и присуство на над 500 претставници од домашни, регионални и компании од дијаспората, експерти и лидери, започна 13-то издание на Самитот на Македонија2025.

„Без оглед на политичките разлики, на тешкотиите и болките низ кои минавме, на грешките од минатото, односно дали се тие вистински или се перцепција, сега е моментот за голема промена“, порача претседателот на Оборот на директори на Македонија 2025, Мајкл Чкламовски. Тој додаде дека „Македонија 2025 е посветена да биде дел од ваквата промена, да се посвети на економскиот развој и раст на земјата и да ги дава своите совети, со сета вредност и со сета моќ која ја имаат нејзините лидери, без оглед каде се наоѓаат во светот“, истакна Чкламовски во своето обраќање при отворањето на Самитот.

Потсетувајќи на досегашниот придонес на организацијата за економскиот и општествениот напредок на Македонија, извршната директорка на Македонија2025, Никица Мојсовска Блажевски, во своето воведно обраќање истакна: „Ние во Македонија2025 повикуваме на едногласен консензус на патот до просперитет, односно сите да споделиме Една визија за забрзан раст. Фундаментите на оваа визија се: Нулта толеранција за корупција преку транспарентност, систем базиран на заслуги и лична одговорност, континуиран раст на БДП над 5% годишно преку зголемени инвестиции во образованието, деловни и регулаторни реформи, поддршка на извозот и намалување на сивата економија, квалитетна и ефикасна јавна администрација и пристапување во ЕУ“.

Апелирајќи до сите политички партии, бизнис заедницата, академската јавност и сите граѓани, да ги здружат напорите и ресурсите за создавање подобра иднина, Мојсовска Блажевски порача: „Она што ние ветуваме е дека Македонија2025 ќе ја активира целата своја мрежа и ресурси за да ги поддржи овие принципи кои се фундаментални за забрзан раст. Македонија2025 активно ќе се ангажира и ќе работи рамо до рамо со сите што ја споделуваат визијата за раст и просперитет“.

Во фокусот на годинешниот Самит е стратешкото лидерство во ерата на брзи промени кои наметнуваат потреба од поголема конкурентност, преку иновации и дигитална трансформација на општеството и во водењето на бизнисите.

„Во програмата на годинешниот Самит всушност се опфатени клучните приоритети од вкупната програма за просперитетна иднина на Македонија2025. Сметаме дека иновациите и новите технологии се клучниот начин како да се остварат целите на оваа програма и затоа голем акцент на овој Самит е посветен токму на тоа иновациите и новите технологии кои можат да помогнат во развојот на домашните компании и нивната конкурентност и со тоа да придонесат за вкупниот економски развој на државата“, изјави Васко Кроневски, заменик претседател на Одборот на директори на Македонија 2025.

На годинешниот Самит ќе се отворат и темите околу зголемување на регионалниот развој и просперитет, ќе се слушнат искуства за раководењето и растот на семејните бизниси, примената на вештачка интелигенција, а дополнително ќе се обработат и теми поврзани со глобални стратегии за привлекување странски инвестиции, демократијата и слободат на говорот во дигиталното време, како и за корупцијата како инхибитор на просперитетот.

„Меритократијата, борбата против корупцијата, начините како да се зголеми извозот и како да се зголеми квалитетот на образовниот систем се некои од темите на овој Самит кои се исклучително важни за нас и треба да придонесат за постигнување на крајната цел – остварување на најмалку 5% годишен раст на бруто националниот доход што е неопходен за да може државата полека да фати економски приклучок со сите останати земји во регионот и пошироко“, оцени членот на Одборот на директори на Македонија 2025, Живко Мукаетов.

Во рамки на Самитот, што претставува една од најдобрите регионални платформи за размена на искуства, зајакнување на соработката и вмрежување на компаниите од регионот и дијаспората, покрај двата конференциски дена, ќе се организираат и 5 предавања и работилници на високообразовните институции во земјава и 5 работилници со компании и институции на кои ќе присуствуваат говорниците од Самитот и членовите на Одборот на директори на Македонија2025, а планирани се и средби со политички лидери.

Повеќе информации за Самитот можете да најдете на официјалната веб-страница:
https://www.macedonia2025.com/summit-2024/

Posted on

Македонија2025 со силна поддршка на развојот – поддржани над 55 компании и околу 500 млади лица 

Скопје, 12.12.2023 –  Јакнење на конкурентноста, поттикнување на силен економски развој и реформи, зајакнување на приватниот сектор преку партнерства и соработка се во фокусот на организацијата Македонија 2025. Таа годинава реализираше низа активности кои беа насочени кон зајакнување на капацитетите на човечките потенцијали како главни двигатели на развојот во сите сфери на општественото живеење, кон зајакнување на конкурентноста на компаниите и кон подобрување на перформансите на  институциите. Околу 55 компании добија менторство и поврзување со експерти и компании, што даде конкретен придонес за зајакнување на нивните капацитети. Имплементирани се околу 30 различни програми, а скоро 500 талентирани средношколци и студенти добија стипендии и право на учество на различни програми, со што ги унапредија своите вештини и лидерски капацитети.  

Преку програмата за развој на бизнисите и конкурентност беше организирана обуката за развој на бизнис и претприемништво „Лидер“, која се реализира во соработка со Ајви бизнис школата од Канада. Со оваа програма, преку мини-специјалистички (МБА) обуки, 26 млади претприемачи добија менторство од искусни професионалци од земјата и странство. Понатаму, 7 мали и средни претпријатија добија експертска помош од Канада за развој на своите бизниси и настап на странски пазари преку Програмата за семејно претприемништво на семејството Битов. Онлајн платформата Connect2MK поврза 12 македонски бизниси со македонски професионалци од дијаспората кои ги советуваа и менторираа, а на платформата се регистрирани 69 компании и 63 експерти. На овој начин организацијата придонесе претприемачите од земјава да добијат поддршка и да ја подобрат својата конкурентност и пристапот на пазарите. Преку Програмата за извршни директори – Зафировски, 10 македонски бизнис лидери беа дел од престижната Келог школа за менаџмент.

За поддршка на младите кои треба да бидат идната движечка сила на општеството, преку програмата „Таленти денес-лидери утре“, беа доделени 10 стипендии за талентирани средношколци од социјално ранливи семејства. Организиран беше и натпревар за најдобри зелени бизнис проекти на млади лица, а најдобрите предлози беа наградени. Организацијата го помогна изборот на 58 нови стипендисти и продолжувањето на право за користење на стипендии за студентска извонредност на 76 студенти на УКИМ од фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД. Дополнително, преку различни програми, над 340 млади луѓе ги развија или подобрија своите вештини за програмирање, кодирање, роботика, ChatGPT,претприемништво и за финансиска писменост. 

Македонија2025 даде активен придонес и кон важни економски реформи во земјата, како што се поттикнување и привлекување странски инвестиции, стратегија за образование, стратегија за ИКТ, национална развојна стратегија, унапредување на фискалната политика и дигитализација на бизниси.

Годинава успешно беше организирано и 12-тото издание на Самитот на Македонија2025 со над 500 учесници и 45 говорници, како платформа за поттикнување на економски реформи, регионално поврзување и вмрежување на бизнисите и дијаспората. Во насока на дефинирање на можностите за вклучување на дијаспората кон економскиот развој на Македонија, организирани беа и 2 настани за вмрежување во САД (Нејплс и Мелбурн), каде што присуствуваа над 100 македонски професионалци кои живеат и работат во САД односно Австралија. Во септември годинава беше организиран и настан во Чикаго, чија цел беше мобилизација и финансиска поддршка од дијаспората, каде беа собрани 1,3 милиони долари кои ќе бидат насочени кон проширување на активностите на Македонија2025. На настанот присуствуваа над 400 претставници на дијаспората, а главни говорници беа извршниот директор на Боинг, Дејвид Калхун, и претседателот Пендаровски. Во соработка со македонскиот претседател и Македонија2025 беа доделени нови годишни признанија за придонес на припадниците од дијаспората. Овие признанија ги добија четворица заслужни Македонци од Канада и САД за нивниот исклучителен придонес за македонската заедница во областа на филантропијата и социјалното влијание, хуманитарната работа и лидерство. 

Повеќе за Македонија2025 достигнувањата за 2023 година може да погледнете ТУКА

Македонија 2025 ќе ги продолжи своите активности и идната година, а планирано е и проширување на програмите за работа особено во доменот на конкурентноста, поддршката на младите, дигитализацијата, намалувањето на корупцијатата и односите со дијаспората. Од основањето до сега, Македонија2025 имплементираше програми за економски развој во вредност од 4 милиони долари. Дополнително на тоа, во сегментот на образованието и лидерството, донирани се 2 милиони долари, а во овие програми досега беа вклучени над 680 менаџери, претприемачи и млади таленти од Македонија.

Posted on

Македонија2025 собра 1,3 милиони на гала вечера во Чикаго – македонската дијаспора со поддршка за развој на лидерство, едукација и македонските бизниси

23.09.2023, Чикаго, САД – Над 400 гости, македонци од дијаспората, пријатели и поддржувачи на развојот на македонската демократија од Соединетите Американски Држави (САД) и Канада беа дел од гала вечерата што се одржа во Чикаго под мотото „Патот до просперитетот“.  Гала вечерата во организација на Македонија 2025 имаше донаторски карактер, а беа собрани 1,3 милиони долари кои ќе се насочат во зајакнување и проширување на постојните програми на организацијата кои се наменети за зајакнување на капацитетите на бизнис-заедницата, развој на лидерството и образованието.

Пред многубројните гости и поддржувачи се обрати претседателот на Одборот на директори на Македонија 2025, Мајкл Чкламовски кој во својот поздравен говор се осврна на почетоците на организацијата и визијата и целите, поставени од идејниот основач Џон Битов сениор кој по покана на поранешниот претседател Борис Трајковски, обединил неколку лица од дијаспората за да го помогнат развојот на Македонија со своето знаење и контакти. Никица Мојсоска-Блажевски, извршен директор на Македонија 2025 меѓу другото се осврна и на досегашните реализирани активности и постигнатите резултати во областа на поддршка на развој на лидерство и на млади таленти и во програмите за помош и развој на македонските бизниси.

Во моментов, Македонија 2025 имплементира над 10 програми за поддршка на овие сектори, од кои за најголемата едукативна програма обезбедена преку фондацијата Атанас Близнакоф за студенти годишно се издвојуваат над 300 илјади САД долари.

Извршната директорка на Македонија2025, Никица Мојсоска-Блажевски го истакна значењето на поддршката што ја дава македонската дијаспората и поддржувачите од САД и Канада за јакнење на капацитетите на земјата и нејзиниот човечки потенцијал. Покрај другото, таа се осврна на предизвиците со кои се соочува македонското општество и на бавниот економски и демократски развој и потенцираше: „Потенцијалот за просперитетна иднина е реален, но бара итно и фокусирано внимание, бара обединување. Ве повикуваме сите тука присутни заеднички да го создадеме и реализираме македонскиот сон односно развиена, демократска и просперитетна Македонија, добра за нас, за Балканот и за светот“, истакна Мојсоска-Блажевски. Таа нагласи дека средствата собрани од овој настан ќе бидат исклучиво наменети за поддршка на програмите на Македонија 2025, придонесувајќи за развојот на Македонија преку тековните, но и нови стратешки цели кои се поделени во неколку области: забрзување на обуката за лидерство, проширување на можностите за млади таленти, зајакнување на растот на бизнисот, вклучување на искусни експерти, забрзување на дигитализацијата во Македонија и поголемо поврзување со дијаспората и со дигиталните номади.

Претседателот Стево Пендаровски, кој е и долгогодишен партнер и поддржувач на активностите на Македонија 2025, беше главен гостин на Гала вечерата. Тој во рамките на своето обраќање го подвлече значењето на соработката и јакнењето на врските со дијаспората.

Под покровителство на претседателот Пендаровски, а во соработка со Македонија 2025 се реализира Охрид – кампот за високо-технолошка извонредност, како и образовни активности и други настани преку Претседателскиот центар за политичко образование и други настани.

На Гала вечерата во Чикаго претседателот Пендаровски додели три награди: две Признанија за придонес на припадниците од дијаспората кои им беа врачени на двајца истакнати македонци од дијаспората – Стенли (Наце) Томас од Канада и Влатко Андоновски од САД, а највисокото државно признание, орденот „8ми септември“ му беше доделено на Дејвид Калхун, главен извршен директор на Боинг, за неговиот придонес за развивање на македонско-американските односи.

Дејвид Калхун се заблагодари за наградата и најави дека и понатаму ќе се заложува за интересите на Македонија, преку соработка со Македонија 2025. Тој во интервју, кое на Гала Вечерата го водеше Мајк Зафировски, говореше за важноста на добрите лидери, за приоритетите при водење на компании, но и држави и важноста на невладините организации за поддршка на општествено-економскиот развој.

Присутните ги поздрави и Невенка Димитрова, член на Одборот на директори на Македонија 2025, се заблагодари за присуството и поддршката и ја истакна важноста на организацијата во создавање просперитетна иднина во Македонија.

Гала вечерта во Чикаго беше во духот на македонската култура, традиција и кујна. Пред гостите настапија реномирани македонски уметници кои имаат изградена меѓународна кариера. Познатиот македонски пијанист Дуке Бојаџиев, безвременскиот глас на Крсте Роџевски и волшебната кларинетска уметност на Исмаил Лумановски создадоа музичко ремек-дело и неверојатна атмосфера во која уживаа сите гости, со силни емоции. Гостите, исто така, уживаа во мелодиите на македонската музика, со традиционални ора ширејќи го нашето културно наследство. Македонската химна беше отпеана од нашата позната пејачка Александра Пилева Чадиева, која живее во САД. Ова е втора настан на Македонија 2025 за собирање на средства, по оној во 2015 година, кој се одржа во Охајо, САД.

Posted on

Macedonia2025 and Johnson Matthey launch new Science & Me STEM education project

Underpinning a commitment to advancing science education, Macedonia2025 is pleased to announce the recipients of a grant from the Johnson Matthey Community Impact Program “Science and Me”

As the implementing organization, Macedonia2025 will lead Johnson Matthey Skopje’s global STEM (Science, Technology, Engineering and Mathematics) program, enhancing access to high-quality education for young people in North Macedonia and championing the importance of science disciplines for humanity and the environment. Implemented nationwide, Science & Me aims to develop the quality of science education, and enhance student engagement and performance, contributing to a scientifically literate workforce and positive economic and social benefits for North Macedonia. Through an inclusive selection process and training program, Science & Me will equip c.25 primary school science teachers from up to 15 primary schools across North Macedonia with resources, essential skills, and innovative teaching methodologies, to deliver hands-on learning experiences, such as projects, fairs and events, to inspire students and build their interest and ambition in STEM subjects. In the near term, the program expects to reach c.1500 students, building their appreciation and capabilities in topics such as leadership, growth, and competitiveness, partnering and networking. Moreover, Science & Me acknowledges the current gender disparity in STEM, aiming to bridge the gap by inspiring more young girls to pursue STEM careers. The project aims to propel science education from a classroom subject through to a positive catalyst for change, progress, and empowerment.

We are proud to share that Macedonia 2025 has entered into a long-term Memorandum of Cooperation with Johnson Matthey in Macedonia, solidifying our commitment to working together as strategic allies.

In this regard, Venera Krliu, a member of our Board of Directors and Chair of the Education Committee, has put pen to paper on our behalf. “This innovative partnership and cooperation is proof of the unwavering commitment of Macedonia2025 and Johnson Matthey to encourage and improve education, innovation, and sustainable growth in the country.” Through the “Science and Me” project, our organizations will not only collaborate, we will create a synergy of expertise and resources to empower the scientists of tomorrow. This project not only shows our commitment to education but also confirms the mission of Macedonia2025

to inspire innovate and influence positive changes and the creation of a new generation of leaders in the country and the world.”

Alongside her, Johnson Matthey’s Borjan Borozanov, Manufacturing director, Central and East Europe, has also signed this significant Memorandum. “Johnson Matthey is excited about the potential for this project, and the opportunities it will create for young minds to explore the wonders of science in North Macedonia. It is our collective responsibility to nurture the next generation of scientists, innovators, and problem solvers, and the collaboration with Macedonia2050 is a significant step in that direction”

This partnership signifies joint dedication to support joint initiatives in areas of shared interest. Together, we’ll make a lasting impact!

============

About Johnson Matthey

Johnson Matthey is a global leader in sustainable technologies, catalyzing the net zero transition. With over 200 years of sustained commitment to innovation and technological breakthroughs, our science has a global impact in areas such as low-emission transport, energy, chemical processing, and making the most efficient use of the planet’s natural resources. Johnson Matthey’s Clean Air manufacturing plant employs ~1000 people in the Technological Industrial Development Zone Skopje 1. For more information visit www.matthey.com

Posted on

Македонија2025 воспоставува Признание за придонес на припадниците на дијаспората

На 12 април 2023 година, Македонија2025 и Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка и покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија на Признанието за придонес на припадниците на дијаспората кон развојот на Република Македонија.

Македонија2025 го воспоставува Признанието за придонес на припадниците на дијаспората со цел да им оддаде почит и јавно признание на припадниците на дијаспората кои индивидуално или преку нивни организации и групи во текот на изминатите години дале значаен придонес кон економскиот и/или општествениот развој на земјата, или промоција на земјата на меѓународен план, преку различни форми како донации, инвестиции, волонтерска работа и слично. Признанието ги вреднува напорите на припадниците на дијаспората кои доброволно и без лична корист враќаат кон татковината од која потекнуваат тие лично и/или претходните генерации од нивното семејство. Истовремено, преку ова признание им се дава можност на граѓаните, јавните институции, граѓанските организации и крајните корисници на добрите дела, донациите и слично, јавно да ја искажат својата благодарност кон алтруистите од дијаспората.

Оваа иницијатива на Македонија2025 е наменета за поединци, припадници од дијаспората, кои без оглед кога и каде се родени се нераскинлив дел од националното ткиво на македонскиот народ. Ова Признание е симболична потврда за нивниот несебичен и континуиран ангажман и придонес во различни сфери кон родната земја. Признанијата ќе се доделуваат за исклучителен придонес и постигнати резултати во доменот на општествениот и/или економскиот развој, образованието, научно-истражувачките работи, уметноста, како и за особени заслуги од областа на социјалната и хуманитарната помош, или пак придонеле за подобрување на определени состојби во родната земја.

Македонија2025, на пригодна церемонија на 25 април 2023 година, заеднички со Претседателот на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски ќе ги објави имињата на добитниците и ќе ги додели Признанијата за оваа година.

Фотографиите објавени со оваа вест се превземени од Претседател на Република Северна Македонија

Posted on

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 – ПРОСПЕРИТЕТНИ ЕКОНОМИИ ПРЕКУ ОПШТЕСТВЕНА ТРАНСФОРМАЦИЈА, ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И СТРАТЕШКО ЛИДЕРСТВО

Скопје, 30.03.2022 – Дигитална трансформација, зајакнување на претприемачките капацитети, иновации во функција на поголема конкурентност, холистички пристап преку примена на ЕСГ (environment, society, governance) стандардите, се дел од темите кои ќе бидат во фокусот на годинешниот Самит на Македонија 2025. На овој престижен регионален настан кој претставува платформа за споделување знаење, поврзување и поттикнување промени во регионот, ќе присуствуваат повеќе од 40 говорници, врвни експерти во својата област. На Самитот ќе се разговара за регионални и глобални теми меѓу кои се и стратешко лидерство и ChatGPT. Дел од панелите ќе бидат посветени и на значењето на СТЕМ образованието во процесот на градење на просперитетна економија која напредува со иновации, на креативноста и на трендовите за здрав живот и навики.

Самитот ќе се одржи во Скопје на 26 и 27 април годинава и се очекуваат околу 400 учесници, кои освен што ќе ги слушнат излагањата на панелистите, ќе имаат и уникатна можност за вмрежување со исклучителни професионалци и остварување на нови партнерства и соработка со потенцијални инвеститори. Во насока на унапредување на овој сегмент Македонија 2025 има подготвено платформа за просперитетна иднина, која нуди основа за обединување на сите засегнати страни и усогласеност на клучните приоритети за долгорочен развој и за подобра иднина на Македонија и на регионот.

Дел од говорниците на Самитот ќе бидат: Н.Е. Димитар Ковачевски, претседател на Владата на Република С. Македонија, Роберт Доар, претседател на Американскиот институт за претпријатија, Кетеван Бочоришвили, поранешен заменик министер за економија и одржлив развој на Грузија и управен партнер на „Бизнис Грузија“, Кам Бакнер, претставник на државата Илиноис, поранешен кандидат за градоначалник на Чикаго, Тед Саудер, поранешен дел од менаџментот на Google, Никола Јуришиќ, основач и управен партнер во Transfiguration Advisory, Иван Артуковиќ, извршен директор на Франк, Живко Мукаетов, извршен директор и претседател на Управниот одбор во Алкалоид, Вал Јусуфи, извршен директор на Институтот ЛЕОРОН, Бранко Станчев, главен комерцијален директор во Македонски Телеком АД, Гурудут Банавар, научен и технолошки иноватор, претприемач, инвеститор и хуманист, Сурав Синха, партнер и раководител за стратегија во Longevity Vision Fund, Никола Велковски, ко-основач и извршен директор на Howitzer и многу други истакнати личности во повеќе области. Повеќе информации за учество на Самитот се достапни на официјалната веб-страница: https://www.macedonia2025.com/summit/.

Пред официјалниот почеток на Самитот, на 25 април 2023, Македонија 2025 ќе организира и неколку дополнителни активности во соработка со претседателот на Република С. Македонија и Стопанската Комора на Северна Македонија.

Самитот на Македонија 2025 годинава се организира по 12-ти пат, а го организира меѓународната невладина организација Македонија 2025, чија главна мисија е креирање и унапредување на динамична платформа за споделување на знаења од областа на бизнисот, економијата, технологијата, лидерството и иновациите, во насока на поттикнување на економски развој и одржливост.