Ајде да инспирираме повеќе ученици да ја засакаат НАУКАТА!
Со особено задоволство следна во серијалот мотивациски приказни ви ја претствавуваме нашата стипендистка од Програмата “Атанас Близнакоф“ за студентска извонредност – Вероника Попоска, студентка во трета година на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј„ во Скопје.
Таа е млада и амбициозна студентка, која ни раскажува за својата љубов кон науката и за нејзината определба за студии, нагласувајќи: „Многу луѓе се интимидирани од науката. Мислат дека таа е тешка и многу сложена, и затоа воопшто не сакаат да стапат во допир со неа. Мене тоа што ме мотивираше да научам за биологијата и хемијата е токму таа љубопитност кон тоа што сите викаат дека е многу тешко и несфатливо. Сакав прво да видам за себе си што е толку тешко што предизвикува такви реакции од луѓето, и дојдов со сознание дека воопшто не е тешко.
Бев во деветто одделение кога се одлучив дека сакам да сум биохемичар. Од тогаш секоја година го надоградувам своето знаење, учам подетално за некоја реакција која се случува во некој биолошки процес или пак учам за сосема нови реакции во кои стапуваат биомолекулите. Како што станува посложена науката, така се повеќе ме мотивира да учам за неа. Секако, големо влијание врз мојата мотивација имаа предметите како физиологија и органска хемија, тие предмети ги учев со задоволство иако на многу од моите колеги им беа тешки за учење.
Затоа можам да кажам дека ако некој рече дека нешто е „тешко“ и „сложено“, ќе бидам доволно љубопитна да го научам.“
Вероника ја сподели со нас и нејзиниот став и искуство при студирањето: „Успехот кој го имам на мојот факултет е резултат на многу вложено време и труд. Верувам дека најубавите работи во животот не доаѓаат лесно, треба човек да покаже дека е издржлив и упорен за да го добие тоа што го сака. Но сметам дека добив дури и повеќе од тоа што го сакам, добив сознанија за светот кој обичен човек не би ги знаел. Како на пример колку прецизно и усовршено работат системите на човечкото тело (на молекуларно ниво) за да образуваат една целина, да не одржуваат живи. Навистина вреди еден човек барем да прочита за било кој дел од природата, дали е хемија,физика или биологија, и самиот да види дека за природата вреди да се знае и научи што е можно повеќе.„
Нашата кампања „Наука за иднината„ има за цел да ги мотивира и поттикне учениците од основното образование кон патот за да станат научници кои се во развој или се двоумат. За таа цел пораката на Вероника до нејзините врсници е “Знам дека ништо не знам”. Колку подолго време поминувам на моите студии толку повеќе се навраќам на овој цитат од грчкиот филозоф Сократ. Затоа нека не ве плаши природата и нејзините чуда. Ако еден човек ги научил, можете и вие.„
Моќта на знаењето Во свет полн со можности, дарот на знаење е највредното богатство што можеме да го подариме на следната генерација. Со приклучувањето кон оваа иницијатива, вие станувате светилник на инспирација за оние кои ќе го носат факелот на науката напред.
Ајде да работиме заедно за да инспирираме, поттикнеме и едуцираме. Да ја разгориме страста за наука во срцата на основците. Вашите зборови би можеле да бидат искрата што го пали огнот на љубопитноста и извонредноста.
Придружете ни се во обликувањето на иднината на науката и младите научници кои ќе ја дефинираат. Заедно, можеме да направиме разлика.
Споделете го и Вие вашиот мотивациски цитат или кратка успешна приказна што го истакнува вашето патување како научник и прикачете ги на посебната форма која се наоѓа на следниот ЛИНК
Скопје, 12.12.2023 – Јакнење на конкурентноста, поттикнување на силен економски развој и реформи, зајакнување на приватниот сектор преку партнерства и соработка се во фокусот на организацијата Македонија 2025. Таа годинава реализираше низа активности кои беа насочени кон зајакнување на капацитетите на човечките потенцијали како главни двигатели на развојот во сите сфери на општественото живеење, кон зајакнување на конкурентноста на компаниите и кон подобрување на перформансите на институциите. Околу 55 компании добија менторство и поврзување со експерти и компании, што даде конкретен придонес за зајакнување на нивните капацитети. Имплементирани се околу 30 различни програми, а скоро 500 талентирани средношколци и студенти добија стипендии и право на учество на различни програми, со што ги унапредија своите вештини и лидерски капацитети.
Преку програмата за развој на бизнисите и конкурентност беше организирана обуката за развој на бизнис и претприемништво „Лидер“, која се реализира во соработка со Ајви бизнис школата од Канада. Со оваа програма, преку мини-специјалистички (МБА) обуки, 26 млади претприемачи добија менторство од искусни професионалци од земјата и странство. Понатаму, 7 мали и средни претпријатија добија експертска помош од Канада за развој на своите бизниси и настап на странски пазари преку Програмата за семејно претприемништво на семејството Битов. Онлајн платформата Connect2MK поврза 12 македонски бизниси со македонски професионалци од дијаспората кои ги советуваа и менторираа, а на платформата се регистрирани 69 компании и 63 експерти. На овој начин организацијата придонесе претприемачите од земјава да добијат поддршка и да ја подобрат својата конкурентност и пристапот на пазарите. Преку Програмата за извршни директори – Зафировски, 10 македонски бизнис лидери беа дел од престижната Келог школа за менаџмент.
За поддршка на младите кои треба да бидат идната движечка сила на општеството, преку програмата „Таленти денес-лидери утре“, беа доделени 10 стипендии за талентирани средношколци од социјално ранливи семејства. Организиран беше и натпревар за најдобри зелени бизнис проекти на млади лица, а најдобрите предлози беа наградени. Организацијата го помогна изборот на 58 нови стипендисти и продолжувањето на право за користење на стипендии за студентска извонредност на 76 студенти на УКИМ од фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД. Дополнително, преку различни програми, над 340 млади луѓе ги развија или подобрија своите вештини за програмирање, кодирање, роботика, ChatGPT,претприемништво и за финансиска писменост.
Македонија2025 даде активен придонес и кон важни економски реформи во земјата, како што се поттикнување и привлекување странски инвестиции, стратегија за образование, стратегија за ИКТ, национална развојна стратегија, унапредување на фискалната политика и дигитализација на бизниси.
Годинава успешно беше организирано и 12-тото издание на Самитот на Македонија2025 со над 500 учесници и 45 говорници, како платформа за поттикнување на економски реформи, регионално поврзување и вмрежување на бизнисите и дијаспората. Во насока на дефинирање на можностите за вклучување на дијаспората кон економскиот развој на Македонија, организирани беа и 2 настани за вмрежување во САД (Нејплс и Мелбурн), каде што присуствуваа над 100 македонски професионалци кои живеат и работат во САД односно Австралија. Во септември годинава беше организиран и настан во Чикаго, чија цел беше мобилизација и финансиска поддршка од дијаспората, каде беа собрани 1,3 милиони долари кои ќе бидат насочени кон проширување на активностите на Македонија2025. На настанот присуствуваа над 400 претставници на дијаспората, а главни говорници беа извршниот директор на Боинг, Дејвид Калхун, и претседателот Пендаровски. Во соработка со македонскиот претседател и Македонија2025 беа доделени нови годишни признанија за придонес на припадниците од дијаспората. Овие признанија ги добија четворица заслужни Македонци од Канада и САД за нивниот исклучителен придонес за македонската заедница во областа на филантропијата и социјалното влијание, хуманитарната работа и лидерство.
Повеќе за Македонија2025 достигнувањата за 2023 година може да погледнете ТУКА.
Македонија 2025 ќе ги продолжи своите активности и идната година, а планирано е и проширување на програмите за работа особено во доменот на конкурентноста, поддршката на младите, дигитализацијата, намалувањето на корупцијатата и односите со дијаспората. Од основањето до сега, Македонија2025 имплементираше програми за економски развој во вредност од 4 милиони долари. Дополнително на тоа, во сегментот на образованието и лидерството, донирани се 2 милиони долари, а во овие програми досега беа вклучени над 680 менаџери, претприемачи и млади таленти од Македонија.
Македонија2025 во соработка со Кабинетот на Претседателот на Република С. Македонија
распишува
ПОВИК ЗА НОМИНАЦИИ ЗА ПРИЗНАНИЕ ЗА ПРИДОНЕС НА ПРИПАДНИЦИТЕ НА ДИЈАСПОРАТА
за 2024 година
Краен рок за доставување на номинации е 15.03.2024 година
Македонија2025 во соработка со Кабинетот на Претседателот на РС Македонија објавува повик за поднесување на иницијативи/номинации за добитници на Признанието за придонес на припадниците на дијаспората за тековната 2024 година.
Оваа иницијатива на Македонија2025 е наменета за поединци, припадници од дијаспората, кои без оглед кога и каде се родени се нераскинлив дел од националното ткиво на македонскиот народ, како симболично признание за нивниот несебичен и континуиран ангажман и придонес во различни сфери кон родната земја.
Признанијата се доделуваат за исклучителен придонес и постигнати резултати во доменот на општествениот и/или економскиот развој, образованието, научно-истражувачките работи, уметноста, како и за особени заслуги од областа на социјалната и хуманитарната помош, или пак придонеле за подобрување на определени состојби во родната земја.
Признанијата за придонес на припадниците на дијаспората ги доделува Претседателот на Република Северна Македонија.
Признанијата се доделуваат во облик на повелба и плакета.
Максималниот број на признанија кои може да се доделат во една година е (3) три.
Кој може да биде добитник/добитници на Признанијата за придонес на припадниците на дијаспората?
Добитници на признанијата се физички лица со потекло од Република Македонија кои може, но не мора да имаат македонско државјанство.
Начин на пријавување или поднесување иницијатива/номинација
Поднесувањето на иницијатива/номинација за Признание за придонес на припадниците на дијаспората е на посебно определен образец, објавен во рамки на повикот за Признание за придонес на припадниците на дијаспората.
Припадниците на дијаспората – добитници на други признанија и награди доделувани од страна на Претседателот на РСМ може повторно да се номинираат за добитници на ова Признание.
Поднесувањето на иницијативата/номинацијата може да биде на македонски и/или англиски јазик.
Критериуми за признавање на придонесот за Признанијата за придонес на припадниците на дијаспората
Македонија2025 ги воспоставува следните критериуми за признавање на придонесот на припадниците на дијаспората:
Филантропија и социјално влијание: Добитникот има значаен придонес за општествени цели, добротворни организации и/или проекти за развој на заедницата во Република С. Македонија.
Бизнис и претприемништво: Добитникот поттикнал и постигнал значителен успех како претприемач, инвеститор или бизнис лидер, директно или индиректно придонесувајќи за растот и развојот на македонската економија.
Академска и истражувачка извонредност: Добитникот се истакнал во академски или истражувачки активности, придонесувајќи за унапредување на знаењата и вештините во Македонија или во регионот.
Лидерство и застапување: Добитникот покажал исклучителни лидерски вештини или се залагал за македонските интереси, промовирајќи ја свеста и разбирањето за Македонија и нејзиниот народ.
Уметност и култура: Добитникот ја промовирал македонската уметност и култура во странство или придонел за зачувување и промоција на македонското културно наследство.
Хуманитарна работа: Добитникот придонел во хуманитарни напори, како што се помош при катастрофи, поддршка на бегалците или иницијативи за социјална правда, во корист на Република Македонија или на други на кои им е потребна.
Иновации и технологија: Добитникот вовел и/или донел преку партнерство иновативни технологии, производи или услуги кои ја подобриле конкурентноста и продуктивноста на македонските бизниси или организации.
Овие критериуми не се исцрпени и може да се земат предвид дополнителни области во зависност од добиените номинации за потенцијани кандидати за добитници.
Областите за доделување на Признанијата за придонес на припадниците на дијаспората се различни категории кои се утврдуваат согласно придонесот на самото лице на кое му се доделува признанието. (пр. Признание за придонес на припадниците на дијаспората во областа на промоција на образованието за социјално ранливи категории на студенти и сл.)
Поднесување на предлог за иницијатива/номинација за признание
Предлози за поднесување на иницијатива/номинација за признанија, можат да достават македонски и странски физички лица, организаторите на ова Признание, како и здруженија на граѓани, владини и невладини организации и асоцијации од земјава и странство. Предлози за поднесување на иницијатива/номинација на признанија за придонес на припадниците на дијаспората може да поднесат и функционери кои раководат со државните органи, како и вработените во тие органи.
Предлозите/номинациите за доделување Признание за придонес на припадниците на дијаспоратасе доставуваат преку електронска пошта, на следнава адреса:diasporarecognition@macedonia2025.com.
Комисија заселекција на добитници на Признание за придонес на припадниците на дијаспората
Комисијата за селекција на добитници на Признание за придонес на припадниците на дијаспората се состои од претседател и членови кои ги номинира и именува Македонија2025, во соработка и координација со Кабинетот на Претседателот на РСМ.
Во комисијата членуваат индивидуи од редот на истакнати поединци и претставници од државни органи и организации, здруженија на граѓани, научни, стручни и други институции од Република Македонија, но и странство. Во комисијата постојано членство имаат по еден член од Македонија2025, Кабинетот на Претседателот и/или поранешен добитник на Признание за придонес на припадниците на дијаспората.
Постапка за избор на добитници на Признание за придонес на припадниците на дијаспората
Предлозите/номинациите за избор на добитници на признанија се доставуваат на официјалната електронска адреса на Македонија2025: diasporarecognition@macedonia2025.com.
Македонија2025 врши административна проверка на документацијата, и потоа ги проследува предлозите до Комисијата за избор. Комисијата ги разгледува доставените предлози и номинации, врз основа на Правилникот за работа на Комисијата за избор и сопствена стручна основаност на седница ги разгледува и избира лицата добитници на Признанието. Комисијата има право да побара дополнителни информации од поднесувачите на предлогот.
Во рок од 15 дена од доставувањето на документацијата за номинираните лица од организаторот на Признанието, комисијата доставува одлука за избор на лице/лица за доделување на соодветно признание на организаторот.
Одлуката за избор на лице за добивање на Признание за придонес на припадниците на дијаспората се добива врз база на просто мнозинско гласање.
Одлуката за избор на лице/лица за добитници на Признание за придонес на припадниците на дијаспората јавно се објавува минимум 20 дена пред настанот на доделување на истото, сé со цел да се има доволно време за спроведување на постапката за потенцијален приговор.
Признанијата се доделуваат на посебен настан од страна на Претседателот на Република Северна Македонија.
Рок за доставување на номинации за 2024 година
Рокот за доставување на предлог номинација за доделување на Признание за придонес на припадниците на дијаспората е 15 март 2024 година (23:59) и тоа по електронски пат на следнава електронска адреса: diasporarecognition@macedonia2025.com.
Непотполни номинации и номинации примени по предвидениот рок за поднесување нема да се разгледуваат.
Embarking on a mission to provoke a passion for science among young minds, our promotional campaign, “Science for the Future,” proudly presents Jovan Stefanovski, a dynamic Laboratory Analyst working in Quality Control at Johnson Matthey Macedonia.
He shared with us the beginning of his professional journey in Johnson Matthey, stating: “I recall one day, as I checked my email inbox, I noticed a message from both my faculty and the head professor of the Center of Career and Talent agency. Initially, I wasn’t paying attention to it, assuming it was yet another notification about a COVID crisis seminar, a frequent occurrence in my inbox. Little did I anticipate that this email held the potential to change my life, as it revealed an internship opportunity with Johnson Matthey, the largest and highest-grossing company in North Macedonia, specifically targeting pharmacy students like myself for a program in the laboratory department.
Given that I was nearing the completion of my studies with an expected graduation the following year, I decided to seize the opportunity and enroll in the internship program. Stepping into the Johnson Matthey laboratory for the first time remains vivid in my memory. Meeting my mentors and exploring the entire department, we were introduced to various equipment and instruments. Each intern was assigned a specific instrument, and I found myself tasked with sample preparation and the determination of metals through ICP-OES analysis.
The staff at Johnson Matthey was incredibly welcoming and kind, patiently addressing my numerous questions as I crossed the learning curve of being an intern. Eager to research my analysis, I quickly started preparing samples and obtaining results. While my initial outcomes didn’t meet expectations, through dedication and practice, I eventually achieved precise and accurate results, aligning closely with the reference values.
The collaborative efforts of the staff and mentors played a crucial role in my development. I can now confidently affirm that I am part of an exceptional team comprising experienced, enthusiastic, and competent individuals whom I trust implicitly. They generously shared their time and expertise, shaping me into a proficient analyst and aspiring scientist.”
His inspirational quote/personal message to all primary school students to motivate them to choose a science-related career/education is “Science has existed since the beginning of time, and the science of today is the technology of tomorrow. Together we fight for a brighter tomorrow.” These reflective words echo not just as a message, but as a symbol of encouragement, beckoning the next generation to embrace the wonders of science and join the pursuit of a future related to science.
The Power of Knowledge
In a world full of possibilities, the gift of knowledge is the most valuable treasure we can bestow upon the next generation. By joining this initiative, you become a beacon of inspiration for those who will carry the torch of science forward.
Let’s work together to inspire, empower, and educate. Let’s ignite the passion for science in the hearts of primary school pupils. Your words could be the spark that lights the fire of curiosity and excellence.
Share your favorite motivational quote and/or a short success story that highlights your journey as a scientist, on the following LINK
Join us in shaping the future of science and the young scientists who will define it. Together, we can make a difference.
Thank you for being a part of this incredible journey!