News
Ајде да инспирираме повеќе ученици да ја засакаат НАУКАТА!
Со особено задоволство следна во серијалот мотивациски приказни ви ја претствавуваме нашата стипендистка од Програмата “Атанас Близнакоф“ за студентска извонредност – Вероника Попоска, студентка во трета година на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј„ во Скопје.
Таа е млада и амбициозна студентка, која ни раскажува за својата љубов кон науката и за нејзината определба за студии, нагласувајќи: „Многу луѓе се интимидирани од науката. Мислат дека таа е тешка и многу сложена, и затоа воопшто не сакаат да стапат во допир со неа. Мене тоа што ме мотивираше да научам за биологијата и хемијата е токму таа љубопитност кон тоа што сите викаат дека е многу тешко и несфатливо. Сакав прво да видам за себе си што е толку тешко што предизвикува такви реакции од луѓето, и дојдов со сознание дека воопшто не е тешко.
Бев во деветто одделение кога се одлучив дека сакам да сум биохемичар. Од тогаш секоја година го надоградувам своето знаење, учам подетално за некоја реакција која се случува во некој биолошки процес или пак учам за сосема нови реакции во кои стапуваат биомолекулите. Како што станува посложена науката, така се повеќе ме мотивира да учам за неа. Секако, големо влијание врз мојата мотивација имаа предметите како физиологија и органска хемија, тие предмети ги учев со задоволство иако на многу од моите колеги им беа тешки за учење.
Затоа можам да кажам дека ако некој рече дека нешто е „тешко“ и „сложено“, ќе бидам доволно љубопитна да го научам.“
Вероника ја сподели со нас и нејзиниот став и искуство при студирањето: „Успехот кој го имам на мојот факултет е резултат на многу вложено време и труд. Верувам дека најубавите работи во животот не доаѓаат лесно, треба човек да покаже дека е издржлив и упорен за да го добие тоа што го сака. Но сметам дека добив дури и повеќе од тоа што го сакам, добив сознанија за светот кој обичен човек не би ги знаел. Како на пример колку прецизно и усовршено работат системите на човечкото тело (на молекуларно ниво) за да образуваат една целина, да не одржуваат живи. Навистина вреди еден човек барем да прочита за било кој дел од природата, дали е хемија,физика или биологија, и самиот да види дека за природата вреди да се знае и научи што е можно повеќе.„
Нашата кампања „Наука за иднината„ има за цел да ги мотивира и поттикне учениците од основното образование кон патот за да станат научници кои се во развој или се двоумат. За таа цел пораката на Вероника до нејзините врсници е “Знам дека ништо не знам”. Колку подолго време поминувам на моите студии толку повеќе се навраќам на овој цитат од грчкиот филозоф Сократ. Затоа нека не ве плаши природата и нејзините чуда. Ако еден човек ги научил, можете и вие.„
Моќта на знаењето
Во свет полн со можности, дарот на знаење е највредното богатство што можеме да го подариме на следната генерација. Со приклучувањето кон оваа иницијатива, вие станувате светилник на инспирација за оние кои ќе го носат факелот на науката напред.
Ајде да работиме заедно за да инспирираме, поттикнеме и едуцираме. Да ја разгориме страста за наука во срцата на основците. Вашите зборови би можеле да бидат искрата што го пали огнот на љубопитноста и извонредноста.
Придружете ни се во обликувањето на иднината на науката и младите научници кои ќе ја дефинираат. Заедно, можеме да направиме разлика.
Споделете го и Вие вашиот мотивациски цитат или кратка успешна приказна што го истакнува вашето патување како научник и прикачете ги на посебната форма која се наоѓа на следниот ЛИНК
Повеќе за промотивната кампања „НАУКА ЗА ИДНИНАТА“
Ви благодариме што сте дел од ова неверојатно патување!
Кампањата е имплементирана во рамки на Johnson Matthey Програмата за влијание на заедницата „Науката и јас“. Повеќе за проектот „Науката и јас“
Related News