Posted on

Македонија2025 собра 1,3 милиони на гала вечера во Чикаго – македонската дијаспора со поддршка за развој на лидерство, едукација и македонските бизниси

23.09.2023, Чикаго, САД – Над 400 гости, македонци од дијаспората, пријатели и поддржувачи на развојот на македонската демократија од Соединетите Американски Држави (САД) и Канада беа дел од гала вечерата што се одржа во Чикаго под мотото „Патот до просперитетот“.  Гала вечерата во организација на Македонија 2025 имаше донаторски карактер, а беа собрани 1,3 милиони долари кои ќе се насочат во зајакнување и проширување на постојните програми на организацијата кои се наменети за зајакнување на капацитетите на бизнис-заедницата, развој на лидерството и образованието.

Пред многубројните гости и поддржувачи се обрати претседателот на Одборот на директори на Македонија 2025, Мајкл Чкламовски кој во својот поздравен говор се осврна на почетоците на организацијата и визијата и целите, поставени од идејниот основач Џон Битов сениор кој по покана на поранешниот претседател Борис Трајковски, обединил неколку лица од дијаспората за да го помогнат развојот на Македонија со своето знаење и контакти. Никица Мојсоска-Блажевски, извршен директор на Македонија 2025 меѓу другото се осврна и на досегашните реализирани активности и постигнатите резултати во областа на поддршка на развој на лидерство и на млади таленти и во програмите за помош и развој на македонските бизниси.

Во моментов, Македонија 2025 имплементира над 10 програми за поддршка на овие сектори, од кои за најголемата едукативна програма обезбедена преку фондацијата Атанас Близнакоф за студенти годишно се издвојуваат над 300 илјади САД долари.

Извршната директорка на Македонија2025, Никица Мојсоска-Блажевски го истакна значењето на поддршката што ја дава македонската дијаспората и поддржувачите од САД и Канада за јакнење на капацитетите на земјата и нејзиниот човечки потенцијал. Покрај другото, таа се осврна на предизвиците со кои се соочува македонското општество и на бавниот економски и демократски развој и потенцираше: „Потенцијалот за просперитетна иднина е реален, но бара итно и фокусирано внимание, бара обединување. Ве повикуваме сите тука присутни заеднички да го создадеме и реализираме македонскиот сон односно развиена, демократска и просперитетна Македонија, добра за нас, за Балканот и за светот“, истакна Мојсоска-Блажевски. Таа нагласи дека средствата собрани од овој настан ќе бидат исклучиво наменети за поддршка на програмите на Македонија 2025, придонесувајќи за развојот на Македонија преку тековните, но и нови стратешки цели кои се поделени во неколку области: забрзување на обуката за лидерство, проширување на можностите за млади таленти, зајакнување на растот на бизнисот, вклучување на искусни експерти, забрзување на дигитализацијата во Македонија и поголемо поврзување со дијаспората и со дигиталните номади.

Претседателот Стево Пендаровски, кој е и долгогодишен партнер и поддржувач на активностите на Македонија 2025, беше главен гостин на Гала вечерата. Тој во рамките на своето обраќање го подвлече значењето на соработката и јакнењето на врските со дијаспората.

Под покровителство на претседателот Пендаровски, а во соработка со Македонија 2025 се реализира Охрид – кампот за високо-технолошка извонредност, како и образовни активности и други настани преку Претседателскиот центар за политичко образование и други настани.

На Гала вечерата во Чикаго претседателот Пендаровски додели три награди: две Признанија за придонес на припадниците од дијаспората кои им беа врачени на двајца истакнати македонци од дијаспората – Стенли (Наце) Томас од Канада и Влатко Андоновски од САД, а највисокото државно признание, орденот „8ми септември“ му беше доделено на Дејвид Калхун, главен извршен директор на Боинг, за неговиот придонес за развивање на македонско-американските односи.

Дејвид Калхун се заблагодари за наградата и најави дека и понатаму ќе се заложува за интересите на Македонија, преку соработка со Македонија 2025. Тој во интервју, кое на Гала Вечерата го водеше Мајк Зафировски, говореше за важноста на добрите лидери, за приоритетите при водење на компании, но и држави и важноста на невладините организации за поддршка на општествено-економскиот развој.

Присутните ги поздрави и Невенка Димитрова, член на Одборот на директори на Македонија 2025, се заблагодари за присуството и поддршката и ја истакна важноста на организацијата во создавање просперитетна иднина во Македонија.

Гала вечерта во Чикаго беше во духот на македонската култура, традиција и кујна. Пред гостите настапија реномирани македонски уметници кои имаат изградена меѓународна кариера. Познатиот македонски пијанист Дуке Бојаџиев, безвременскиот глас на Крсте Роџевски и волшебната кларинетска уметност на Исмаил Лумановски создадоа музичко ремек-дело и неверојатна атмосфера во која уживаа сите гости, со силни емоции. Гостите, исто така, уживаа во мелодиите на македонската музика, со традиционални ора ширејќи го нашето културно наследство. Македонската химна беше отпеана од нашата позната пејачка Александра Пилева Чадиева, која живее во САД. Ова е втора настан на Македонија 2025 за собирање на средства, по оној во 2015 година, кој се одржа во Охајо, САД.

Posted on

Macedonia2025 and Johnson Matthey launch new Science & Me STEM education project

Underpinning a commitment to advancing science education, Macedonia2025 is pleased to announce the recipients of a grant from the Johnson Matthey Community Impact Program “Science and Me”

As the implementing organization, Macedonia2025 will lead Johnson Matthey Skopje’s global STEM (Science, Technology, Engineering and Mathematics) program, enhancing access to high-quality education for young people in North Macedonia and championing the importance of science disciplines for humanity and the environment. Implemented nationwide, Science & Me aims to develop the quality of science education, and enhance student engagement and performance, contributing to a scientifically literate workforce and positive economic and social benefits for North Macedonia. Through an inclusive selection process and training program, Science & Me will equip c.25 primary school science teachers from up to 15 primary schools across North Macedonia with resources, essential skills, and innovative teaching methodologies, to deliver hands-on learning experiences, such as projects, fairs and events, to inspire students and build their interest and ambition in STEM subjects. In the near term, the program expects to reach c.1500 students, building their appreciation and capabilities in topics such as leadership, growth, and competitiveness, partnering and networking. Moreover, Science & Me acknowledges the current gender disparity in STEM, aiming to bridge the gap by inspiring more young girls to pursue STEM careers. The project aims to propel science education from a classroom subject through to a positive catalyst for change, progress, and empowerment.

We are proud to share that Macedonia 2025 has entered into a long-term Memorandum of Cooperation with Johnson Matthey in Macedonia, solidifying our commitment to working together as strategic allies.

In this regard, Venera Krliu, a member of our Board of Directors and Chair of the Education Committee, has put pen to paper on our behalf. “This innovative partnership and cooperation is proof of the unwavering commitment of Macedonia2025 and Johnson Matthey to encourage and improve education, innovation, and sustainable growth in the country.” Through the “Science and Me” project, our organizations will not only collaborate, we will create a synergy of expertise and resources to empower the scientists of tomorrow. This project not only shows our commitment to education but also confirms the mission of Macedonia2025

to inspire innovate and influence positive changes and the creation of a new generation of leaders in the country and the world.”

Alongside her, Johnson Matthey’s Borjan Borozanov, Manufacturing director, Central and East Europe, has also signed this significant Memorandum. “Johnson Matthey is excited about the potential for this project, and the opportunities it will create for young minds to explore the wonders of science in North Macedonia. It is our collective responsibility to nurture the next generation of scientists, innovators, and problem solvers, and the collaboration with Macedonia2050 is a significant step in that direction”

This partnership signifies joint dedication to support joint initiatives in areas of shared interest. Together, we’ll make a lasting impact!

============

About Johnson Matthey

Johnson Matthey is a global leader in sustainable technologies, catalyzing the net zero transition. With over 200 years of sustained commitment to innovation and technological breakthroughs, our science has a global impact in areas such as low-emission transport, energy, chemical processing, and making the most efficient use of the planet’s natural resources. Johnson Matthey’s Clean Air manufacturing plant employs ~1000 people in the Technological Industrial Development Zone Skopje 1. For more information visit www.matthey.com

Posted on

ОТВОРЕН ПОВИК за доделување 40 (четириесет) стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“

ОТВОРЕН ПОВИК

за доделување 40 (четириесет) стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД за редовни студенти запишани во прв циклус студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во учебната 2023/2024 година

Повикот е отворен до 15.10.2023 година

Фондацијата МК2025 и Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД објавуваат повик за доделување 40 (четириесет) стипендии за студентска извонредност за редовни студенти запишани на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2023/2024 година.

Општи услови за кандидатите

Право да конкурираат имаат ученици/апликанти кои:

  • Се запишуваат за редовни стиденти во прва година на студии (прв циклус на академски студии) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје;
  • Завршиле средно образование со постигнат успех на Државна матура од најмалку 4.0;
  • Не се корисници на стипендии од други институции, организации и фирми;
  • Чиј вкупен бруто приход на семејството (родители-старатели и кандидатот) за 2022 година по сите основи не надминува 600.000 денари;  
  • Се државјани на Република Северна Македонија.

Висина на стипендијата

Висината на стипендијата изнесува 2.500,00 (две илјади и петстотини) американски долари годишно и се исплатува еднаш годишна на почетокот на студиската година, најчесто октомври.

Исплатата на стипендијата е во денарска противвредност.

Потребни документи за аплицирање

Потребни документи за аплицирање за стипендија се:

  • Уверение за државјанство на Република Северна Македонија издадено од Министерството за внатрешни работи;
  • Релевантни документи за приказ на годишен (бруто) финансиски приход во семејството односно Уверение/потврда од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за 2022 година за двајцата родители/старатели на кандидатот, поединечно и за самиот кандидат;
  • Документ за положена државна матура;
  • Биографија на македонски јазик (CV Europass или друга слична форма);
  • Есеј на македонски јазик (најмногу 500 збора);
  • Препорака од наставник, директор и друго лице вклучено во претходното образование на кандидатот;
  • Дипломи и потврди за освоени награди на меѓународни, државни, регионални и општински натпревари (освоени во последните три години) (опционално).

Важно: Детални инструкции и појаснување за потребната документација за стипендии за талентирани студенти на Фондацијата „Атанас Близнакоф„ за академската 2023/24 година се достапни на платформата за E-scholaship (долниот лев агол кај самиот повик).

При аплицирање, кандидатот потврдува дека:

  • не е корисник на друга стипендија;
  • доставените документи и податоци се вистинити;
  • се согласува на обработка и користење на сопствените лични податоци и податоците од неговото потесно семејство за цели на стипендијата.

Рангирање на кандидатите

Рангирањето на кандидатите се врши врз основа на три групи на критериуми. Максималниот број на освоени бодови е 100, од кои:

  • За материјална состојба на кандидатот се добиваат најмногу 45 бодови;
  • За успех остварен во претходното (средно) образование (просек од државната матура) кандидатот добива најмногу 30 бодови;
  • За достигнувања и мотивација за личен и професионален развој се добиваат најмногу 25 бодови.

Начин на аплицирање

Документите се доставуваат на E-scholarships платформата на Македонија2025 (https://e-scholarship.macedonia2025.com/#/home). Апликацијата се пополнува електронски, и тоа преку креирање на кориснички профил и прикачување на бараната документација на македонски јазик.  

Процесот на апликацирање и административна проверка е спроведуван од страна на Фондацијата МК 2025.  

Краен рок за аплицирање на повикот е 15 (петнаесетти) октомври 2023 година (23:59).

Процес на селекција

По завршување на процесот на административна проверка, апликациите ги разгледува Комисија за избор на стипендисти составена од истакнати членови и партнери на Фондацијата МК2025 и Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД.

Комисијата за избор на стипендисти го задржува правото да повика дел од кандидатите на дополнително интервју пред да се донесе финалната одлука и избор.

Сите апликанти ќе биде известени за извршениот избор и одлука за доделување на стипендии најдоцна до средината на ноември 2023 година по електронски пат.

Списокот со избрани кандидати ќе биде објавен на интернет страницата на Фондацијата МК2025.

Сите добитници на стипендија се должни во рок од 15 дена по добиеното известување за корисник на стипендија да потпишат Договор за стипендија, кое се спроведува во седиштето на Фондацијата.

Правото на користење на стипендија

Правото на користење на стипендија започнува откако кандидатот ќе достави потврда за редовен студент запишан во прва година на прв циклус на академски студии на некој од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Правото на користење на стипендијата трае додека се исполнуваат условите за редовно напредување во студиите и успех, заклучно со завршувањето на студиите од првиот циклус.

Правата и обврските на добитниците на стипендијата ќе се утврдат со Договор за стипендирање кој го склучуваат студентот/студентката и Фондацијата МК2025.

Стипендијата ќе се продолжува годишно под услов, начин и постапка утврдени во Договорот за доделување на стипендијата.

Стипендистите се должни да доставуваат годишни извештаи за своите достигнувања, како би покажале посветеност и отченост во својот личен и професионален развој, во рамки на стипендијата, како и да споделат лично искуство поврзано со стипендијата.

Ги очекуваме Вашите апликации!

Фондацијата МК2025

АПЛИЦИРАЈ

Posted on

Goran Stojanovski, The Executive Education Experience at Northwestern Kellogg School of Management

We all come across chances in life, and success often depends on our focus and commitment to seize them. When I had the chance to join Kellogg’s Executive Development Program, which had a mix of online and in-person sessions, I didn’t think twice. The online portion of two weeks gave us the opportunity to understand the information better, and the following two weeks in Evanston were extraordinary and intense. But, it wasn’t just about learning during this time; we also formed strong and lasting friendships.

Now, in perspective, it was an incredible two-month experience that greatly impacted my management style and overall personality. The program helped me develop a deeper understanding of people’s motivations, which has improved my ability to lead and collaborate effectively. The coaching sessions provided in the program were immensely valuable. They allowed me to address real-world challenges I face in my workplace. I learned how to break down these issues and develop strategies to overcome them. What stood out about the program was its practical approach. The knowledge and skills I gained were directly applicable to my everyday work, enabling me to drive positive change within my team and organization.

Overall, the Kellogg Executive Development Program exceeded my expectations in every way. I highly recommend it to anyone looking to enhance their leadership capabilities and gain valuable insights into managing complex organizational challenges. Thank you, Kellogg, for this incredible journey of learning and growth. It has been an honor to be a part of this program.

Lastly, I want to say thank you to Macedonia2025 and Mike Zafirovski for their support in bringing this program to Macedonia and giving young professionals the chance to have such an impactful learning experience. Their practical way of leading and empowering others is truly inspiring and motivates us all to keep going on this journey.

Participants: Goran Stojanovski
Company: Head of Business at Scalefocus

Posted on

Tatjana Trajkova, The Executive Education Experience at Northwestern Kellogg School of Management

Enrolling in the Executive Development Program from Kellogg School of Management at Northwestern University was one of the most rewarding decisions for my professional and personal development and the experience throughout this journey has been nothing short of transformative.

The program’s meticulously crafted curriculum seamlessly combined theoretical knowledge with real-world applications, equipping us with a comprehensive skill set essential for excelling in today’s dynamic business landscape.

The distinguished, world-class, interdisciplinary professors brought a wealth of profound knowledge and industry expertise to the table, delivering engaging lectures and fostering thought-provoking discussions. The range of topics spanned from value-based leadership, valuation models, international economic megatrends, AI, data analytics, Omni channels, and innovation strategies, to cultural differences, politics in organizations, and talent management; subsequently resulting in an impeccable educational mosaic of timeless value that changed my thinking process and future outlooks.

What truly set this program apart was its emphasis on practicality and collaboration. The interactive group projects not only honed my leadership and teamwork abilities but also exposed me to diverse perspectives and opportunities to interact with a remarkable group of like-minded professionals from various industries and cultural backgrounds from all over the world. The exchanged experiences, strategies, and solutions to common issues made it easier to navigate the complex world of executive leadership. Moreover, I had the privilege to work with a coach who took the time to listen attentively to my goals and concerns, tailoring our coaching sessions to address my specific needs, thus making this experience extremely rewarding and imperative for my personal and professional growth.

Reflecting on my journey, I am proud of the growth I’ve achieved, and I credit Kellogg EDP for playing a pivotal role in my development. As I venture into the next phase of my career, I carry with me not only a prestigious certificate but also a renewed sense of purpose and a heightened set of skills needed to tackle the challenges of the contemporary business world.

I wholeheartedly recommend the Kellogg Executive Development Program to any aspiring leader or executive seeking to elevate their career trajectory. The program’s commitment to excellence, coupled with its pragmatic approach to learning, make it a standout choice for all individuals committed to life-long learning and professional growth.

My sincere gratitude goes out to Mike Zafirovski, Macedonia2025, and Alkaloid AD Skopje for giving me the opportunity and unreserved support to acquire this enriching experience, but more importantly for their inspiring vision and commitment to promoting value-based leadership and positively impacting our society.

Leadership is not a destination; it’s an ever-evolving journey.

Keep growing, keep learning, and keep leading.

Participant: Tatjana Trajkova,

Company: Alkaloid AD Skopje, Associate Director Innovations, Strategic projects, M&As