Успесите на нашата стипендистка Јулијана Јанев

News

Во следниве редови со вас ја споделуваше успешната приказна на нашата стипендистка Јулијана Јанев и нејзините достигнувањата во училишната 2023/2024. Таа е дел од фондот за талентирани средношколци “ТАЛЕНТИ ДЕНЕС – ЛИДЕРИ УТРЕ”.

Секој човек има потреба од мотивација и добра мисла за успешно остварување на своите соништа. Довербата добиена од Фондацијата МК 2025 беше клучна мотивација за Јулијана Јанев, која ја водеше кон поголеми успеси и остварување на своите соништа. Успехот ја враќа самодовербата, прави човек да биде среќен и задоволен. Благодарение на поддршката од Фондацијата МК 2025, Јулијана имаше можност да се надоградува себеси, да учи нови нешта и да биде успешна.

Јулијана изразува особена благодарност за можноста да има најдобрата менторка Маја Чаначевиќ. Кога станала стипендист и добила менторка, Јулијана си го замислила тоа како нешто многу строго. Но, по запознавањето со нејзината менторка, сфатила дека тоа е најдоброто нешто што може да биде, да има некој кој е достапен во секое време за сите прашања и дилеми во кариерата. Менторката несебично ги споделува своите искуства и сака да ја насочи и олесни патот на нејзината иднина. Јулијана се видела себеси во неа и се надева на продолжување на нивната соработка во иднина.

Учебната 2023/24 година беше исполнета со многу настапи, едукација и награди. Највпечатливи моменти и награди од оваа година се:

Награди:

  • Прва награда – Меѓународен натпревар за камерна музика Кавадарци
  • Прва награда – Меѓународен натпревар Сергеј Михајлов Штип (соло пијано)
  • Прва награда – Меѓународен натпревар Сергеј Михајлов Штип (Историја на музика)
  • Прва специјална награда – Меѓународен натпревар Сергеј Михајлов Штип (камерна музика)
  • Гран При за класична музика – Меѓународен натпревар Сергеј Михајлов Штип
  • Прва специјална награда – Општински и регионален 2024 (камерна музика)
  • Прво место – Државен натпревар 2024 (камерна музика)
  • Прва специјална награда – Општински и регионален 2024 (соло пијано)
  • Второ место – Меѓународен натпревар Полихимниа (соло пијано)
  • Прво место – Меѓународен натпревар Полихимниа (камерна музика)
  • Апсолутно прва награда – Меѓународен натпревар Concorso Musicarte Италија (соло пијано)

Семинари:

  • Пијано семинар под раководство на проф. Д-р Марија Ѓошевска, истакната пијанистка и професор на ФМУ Скопје. Семинарот претставуваше откривање на нови нешта и надградба на знаењето.
  • Семинар по хармонија со проф. Живојин Глишиќ
  • Семинар со турската професорка Жирин Акбулут Демирчи, запознавање со женски композитори на класична музика во Турција.

Настапи:

  • Настап на четвртото издание на циклус концерти организирани од младината на Македонија, проект Слободна среда поддржан од Министерство за култура, во музеј на Македонската борба во Скопје.
  • Настап во Мултимедијалниот центар при Економски факултет Штип, концерт по повод Ден на пијаното.
  • Настап во ООМУ “Боро Џони” Струмица, завршен концерт на серијалот од концерти “Денови на пијаното” организиран од здружението Камерата Ад Астра – Струмица.
  • Настап на завршниот концерт на меѓународниот натпревар “Сергеј Михајлов” Штип.
  • Настап на гала концертот на Меѓународниот натпревар Полихимниа.
  • Концерт на млади пијанисти во Безистено во Штип, организиран од организаторите на натпреварот Young Piano Talents – America.
  • Настап на Денови на европско Скопје 2023, организиран од музичката младина на Македонија.
  • Интервју во Канал ВИС Струмица за концертите одржани во Струмица и Штип, разговор за идните планови.
  • Новогодишен концерт на пијано класата на ДМУЦ “Сергеј Михајлов” Штип.
  • Јавен час на проф. м-р Славчо Величков.
  • Јавен час на проф. м-р Бисера Иванова Ѓориева.

Јулијана исто така реализираше четири солистички концерти во оваа година:

  • Првиот концерт се одржа на 20.11.2023 во Струмица, во ОМУ “Боро Џони”. Ова беше нејзин трет солистички концерт и 85-ти јавен настап. Концертот помина успешно, со преполна сала и задоволна публика.
  • Вториот концерт се одржа на 22.11.2023 во салата на музичката академија при УГД “Гоце Делчев” Штип. Концертот беше од големо значење, со преполна сала и поддршка од колегите и професорите.
  • Потоа следат уште два солистички концерти на 18.06.2024 во Уметничка галерија Безистен Штип) и на 20.06.2024 во Дом на културата Антон Панов Струмица.

Солистичките концерти се од особено значење за Јулијана и нејзината кариера, бидејќи преку нив го истакнува својот напредок. После краткиот одмор ќе започне со подготовка за следната година со јасно зацртани цели.

Нејзиниот талент е препознае и од локалните медиуми: https://www.facebook.com/kanalvis/videos/1171760517116565

Фондацијата МК 2025 ќе остане во нејзините сеќавања како едно од најдобрите нешта што и се случиле, со надеж за понатамошна соработка и поголеми заеднички успеси.

На крајот на овој извештај, Фондацијата МК 2025 изразува огромна благодарност за посветеноста и трудот што Јулијана Јанев ги вложи во своето образование и уметничка кариера. Нејзините постигнувања се вистинска инспирација и потврда за значењето на поддршката и мотивацијата.

Со искрени желби за понатамошен успех, се надеваме дека Јулијана ќе продолжи да го негува својот талент и да освојува нови врвови. Ние, од Фондацијата МК 2025, сме горди што сме дел од нејзиното патување и со нетрпение очекуваме да ги видиме нејзините идни достигнувања. На Јулијана ѝ посакуваме бесконечна инспирација, уште многу успеси и радости во нејзината кариера.