Posted on

Македонија2025 предлага план за забрзан економски раст и нуди поддршка за неговото спроведување

Подобрување на квалитетот на животот преку забрзување на економскиот раст е основната цел  на реформскиот план ВИЗИЈА ЗА ЗАБРЗАН РАСТ, што го предлага организацијата Македонија2025. Планот се базира на „Платформата за просперитет“ која Македонија2025 ја претстави во 2020 година, а чии фундаменти вклучуваат: Нулта толеранција за корупција, преку транспарентност, систем базиран на заслуги и лична одговорност; Континуиран раст на БДП над 5% годишно, преку зголемени инвестиции во образованието, деловни и регулаторни реформи, поддршка на извозот и намалување на сивата економија; како и квалитетна и ефикасна јавна администрација и пристапување во ЕУ.
„Македонија се соочува со силни развојни предизвици, како на локално, така на регионално и на глобално ниво, чија сложеност и неизвесност, заедно со бавниот напредок во приближувањето кон животниот стандард на ЕУ, повикуваат на сеопфатна, интензивна и темелна акција во претстојниот период. Токму ваквите состојби нѐ мотивираа да се посветиме на креирање на конкретни мерки со кои сакаме да ги поттикнеме сите чинители во општеството, да преземат одлучни активности за нивна имплементација“, изјави Никица Мојсоска-Блажевски, извршна директорка на Македонија2025.

Осврнувајќи се на улогата што ќе има организацијата во имплементација на спомената „Платформа за просперитет“ и планот ВИЗИЈА ЗА ЗАБРЗАН РАСТ што произлезе од неа, ко-основачот на Македонија2025 Мајк Зафировски рече: „Како организација сме подготвени да имаме конструктивна улога во спроведувањето на активностите од платформата, делувајќи како партнери, активни учпесници и предводници. Покрај финансиска поддршка, подготвени сме да ги засилиме нашите лобистички напори во САД, ЕУ и кај соседните држави, со цел да обезбедиме поволни исходи за Македонија. Ќе ја поддржиме дигитализацијата на земјата и ќе ангажираме искусни експерти во областите на креирање развојни и антикорупциски политики. Македонија 2025 ќе ја активира целокупната своја мрежа и ресурси за остварување на целите и  принципите на кои се темелат развојната платформа и реформскиот план што ги предлагаме. Истовремено, подготвени сме да соработуваме со сите заинтересирани страни, вклучувајќи ги и политичките партии во остварување на овие цели кои ќе ни овозможат заедно да изградиме посилна нација – сега и во годините што доаѓаат“, истакна Зафировски.

Членот на Одборот на директори на организацијата, Ѓорѓе Војновиќ ја потврди подготвеноста на Македонија2025 активно да се ангажира за да ги поддржи принципите кои се фундаментални за забрзан раст. „Би сакал да изразам лична подготвеност, единство и посветеност на сите членови на Македонија 2025 да помогнеме во имплементирање на клучните точки на Визијата за забрзан раст“, рече Војновиќ.
Сетот на мерки во планот ВИЗИЈА ЗА ЗАБРЗАН РАСТ се фокусира на три области и тоа: сеопфатна дигитализација на земјата, зајакнување на конкурентноста и искористување на потенцијалот на дијаспората.

„Во областа на дигитализацијата предлагаме мерки кои треба да овозможат граѓаните и фирмите да ги добиваат сите услуги и документи од државните институции по електронски пат. Ова значи целосна дигитализација на државните служби на централно и локално ниво, како и креирање систем за поддршка за дигитализација на микро, малите и средните претпријатија. Македонија2025 веќе се вклучи во реализација на една од овие мерки, преку основање на Центар за дигитална трансформација „ГоДигитал„, кој го ставаме на располагање за исполнување на целите во оваа област“, вели заменик-претседателот на Одборот на директори на М2025, Васко Кроневски.
Говорејќи за мерките во Планот кои треба да овозможат јакнење на конкурентноста на македонската економија, членот на Одборот на директори на организацијата Живко Мукаетов, нагласи:
„Динамиката и обемот на економскиот раст на нашата земја директно зависи од тоа колку и што извезуваме.  А, за да можеме да се надеваме на зголемување на извозот неопходно е веднаш да се зафатиме со намалување на непотребниот бирократски товар за извозниците и регулативата која не само што не им помага, туку и ја намалува нивната конкурентска позиција“.
Надоврзувајќи се на неговото излагање, членот на Одборот на директори на организацијата Виктор Мизо, посочи: „За да ја унапреди вкупната конкретност на домашната економија, земјата мора да привлече и нови инвестиции од странство, за што неопходно е да се воспостави нова стратегија, вклучувајќи и нов модел што ќе биде атрактивен за инвеститорите. За тоа треба да се изградат и ефикасни агенции кои навистина ќе им овозможат брзо да ги реализираат своите инвестициски проекти во нашата земја“.
За третиот сет мерки од планот ВИЗИЈА ЗА ЗАБРЗАН РАСТ кои треба да овозможат подобро искористување на потенцијалот на дијаспората, говореше членот на Одборот на директори на М2025 Боријан Борoзанов, кој меѓу останатото рече: „Македонија се соочува со силни емиграциски движења и намалување на бројот на населението, што предизвикува се поголем недостиг на работна сила, појава која веќе е пречка за економскиот развој на земјата. Едно од решенијата за ваквиот сериозен предизвик е да се креираат можности со кои ќе се олесни повратот на иселениците во нивната татковина. За тоа ние како организација нудиме конкретни мерки и политики кои државата може веднаш да ги спроведе“.

На подготовката на реформскиот план, што се базира на анализи и експертиза од различни области, работеа голем број членови на Македонија2025, кои дадоа значаен личен придонес, користејќи го и вмрежувајќи го своето големо знаење и професионално искуство. Во пресрет на претстојните избори организацијата ќе им го претстави планот на релевантни чинители во општеството, со цел мерките што се содржани во него да станат дел од вкупната развојна агенда на земјата во следниот период.

Posted on

OPEN CALL FOR THE LEADER PROJECT 2024: BUSINESS AND ENTREPRENEURSHIP DEVELOPMENT TRAINING

Do you need practical knowledge to improve your business?

Do you have a business idea, but you don’t know if you are on the right path?
Learn all the steps for starting and running a successful business. Apply for the Business and Entrepreneurship Development Training – the LEADER Project.

Macedonia2025 announces an Open Call for the Business and Entrepreneurship Development Training: the LEADER Project, which will be held for the 16th time on April 15-26, 2024 in Skopje. The LEADER Project is implemented in cooperation with the Ivey Business School – Western University, which has been successfully implementing the program since 1991. This program is a ten-day Management and Business Administration (MBA) training that encourages and supports Macedonian entrepreneurs, young managers and professionals to develop local, regional or international business solutions that will create new opportunities for social and economic development.

Participants will have the opportunity to develop their business analytical skills and fully develop their business sense. In addition, participants will be able to work closely with the LEADER Project’ instructors to transform their ideas into actual businesses or to introduce innovation in the operations of their already existing businesses. No matter which group you belong to, the LEADER Project will help you get a step closer to achieving your goals!

Target Group

  • Participants up to 35 years of age
  • Entrepreneurs
  • Business leaders
  • Company owners
  • Young professionals who want to turn their business idea into reality or to progress in their career
  • Everyone interested in deepening their knowledge in the field of business and entrepreneurship.

Eligibility:

  • Excellent knowledge of the English language
    • Solid presentation and communication skills
    • Having an innovative business idea or a business with growth potential
    • Curiosity for knowledge and desire to advance one’s business idea or existing business
    • Strong drive for professional growth
    • Possibility for attendance each working day for four hours during the two-week training.

Key Benefits:

  • You will learn the skills and tools needed to properly run a business through the interactive “case study” learning method
    • You will gain valuable knowledge and skills for each stage of business development related to strategy, finance, marketing, promotion, sales and growth
    • You will be able to identify the biggest obstacles to running your business, in collaboration with the instructors
    • Candidates have access to individual mentoring sessions with one of the instructors or mentors provided by Macedonia2025.

The lectures are prepared and delivered by highly qualified instructors and mentors from the Ivey Business School – Western University in Canada.

Program Delivery Module

The Program is planned to be delivered in-person.

The Program will consist of ten (10) four-hour sessions. Each session includes one (1) case study, one (1) lecture, and one (1) hour of entrepreneurial coaching.

Date and Location:

This year the LEADER project will take place from April 15-26, 2024 .

The LEADER project lectures will take place every working day (4 hours per day) in Skopje. The exact location will be announced in due time.

Selected participants will be additionally informed on the training venue.

Application:

In order to apply, you need will need to fill-in the Application Form, and attach the required documents within. At the end of the process, you should have submitted:

  • Completed application;
    • CV in English (Europass or similar format)
    • Descriptive short biography of up to 200 words in English
    • High resolution photo

Selection Process:

  • Administrative pre-selection of the applications is done by Macedonia2025
    • During the review process, candidates may be asked to submit additional documents or attend a short interview;
    • Selection of successful candidates by expert commission by April 3, 2024;
    • Notifying all selected candidates by April 3, 2024;
    • Sending the required materials for participation latest by  April 10, 2024.

Participant’s fee:

The LEADER Project, a ten-day Management and Business Administration (MBA) training is worth 500 EUR per participant.

Participants’ co-participation fee is foreseen in the net amount of 70 EUR (taxes apply), whereas Macedonia2025 covers the remaining part.

Important Notice: Certificates will be awarded only to the participants who attend a minimum of eight days of training.

Depending on the quality of the applications received, the number of scholarships may vary from the one in previous years.

As our beneficiaries, you are expected to be involved in some of Macedonia2025’s programs and activities in the future.

After a certain period of the program completion, beneficiaries are also required to complete a survey on the impact of the training on their business or in the development of their business idea.

We look forward to receiving your applications!

Application Deadline: March 31, 2024, 23:59

Posted on

58 студенти добитници на стипендии од „Атанас Близнакоф„ програмата за студентска извонредност

Педесет и осум студенти од првиот циклус студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје се добитници на стипендијата „Атанас Близнакоф„ за студентска извонредност на Македонија2025. Годишно секој студент ќе добие 2,500 американски долари (денарска противвредност) стипендија како поддршка за своите студии. Стипендиите се обезбедени од фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД, како поддршка за новата генерација на академски граѓани.

Стипендиите се доделуваат на редовни студенти кои се запишани на прва година на прв циклус на студии на сите факултети при Универзитет „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје, кои постигнале исклучителни резултати и успех во претходниот циклус на образование, имаат достигнувања и мотивација за личен и професионален развој, но немаат доволно средства за продолжување на сопственото образование. Стипендистите се од различни делови на Македонија, со речиси еднаква родова и етничка застапеност.

Македонија2025 по втор пат го администрира отворениот повик за стипендии за оваа стипендиска програма и на наше задоволство примени беа над 130 апликации. Иако првично беше планирано да бидат доделени 40 стипендии, фондацијата „Атанас Близнакоф„ и семејството, одлучија и оваа година бројот на доделени стипендии да се зголеми, односно да се поддржат 58 апликанти кои се пријавија на овој конкурс.

Во продолжение следи листата на добитници на стипендијата:

 ИмеПрезиме Град
1МагбераАлијевска Скопје (Шуто Оризари)
2ЕленаМарковска Битола (Горно Оризари)
3РуменаКарафилоска Гостивар
4СемраКамберова Велес (Долно Јаболчиште)
5МаријаГрујоска Гостивар (Беловиште)
6МатеаКаревска Куманово
7ТеонаСтанковска Скопје (Петровец)
8МилеГеоргиев Валандово (Пирава)
9КиметДалипи Скопје (Чаир)
10АнамаријаМитковска Куманово
11ЛеонтинаВељковиќ Куманово
12ЕлмаАдеми Скопје (Чаир)
13АлександарМилков Кавадарци
14ФилипАнтовски Скопје (Аеродром)
15АнамаријаСтојкоска Кичево
16АнастасијаМалеска Струга (с. Мороишта)
17ЕмилијаКлечкароска Струга (с. Мороишта)
18ЛејлаАзири Скопје (Сарај)
19ВикторијаСандева Пробиштип
20ФатимеНуредини Арачиново (с. Орланци)
21БојанЧаприќ Кавадарци
22ЈованаМеловска Скопје (Карпош)
23ЈованаКотеска Скопје (с. Волково)
24БојанаКотеска Охрид (с. Долно Коњско)
25ЈонаАсани Боговиње (с. Камењане)
26РистеБрчиоски Гостивар
27ЛетицијаПоповска Куманово
28ТеодораВчковска Битола
29ЏесикаАрсова Скопје (Аеродром)
30СелмаБајрами Арачиново
31СашаСтојановска Скопје (Центар)
32РоманаФилипоска Тетово
33МаријаБрајаноска Скопје (Аеродром)
34СтефанАтанасовски Трајковиќ Велес
35АљимеАбдулаи Скопје (с. Студеничани)
36СараМитковска Куманово
37АлександарМаџоски Скопје (Карпош)
38ДаниелаПавловска Скопје (Кисела Вода)
39АнѓелаДраган Велес
40ФатбардаБериша Сарај (с. Рашче)
41МихаелаТренчевска Скопје (Гази Баба)
42EрикаСтименовска Делчево
43АлекМициќ Куманово
44ОљаТрајковиќ Куманово
45КатеринаМаневска Охрид
46МатејМомевски Кратово
47ФљамурЛимани Куманово
48АнастасијаМилошеска Струга (с.  Драслајца)
49МиленаМалиновска Куманово (с. Лопате)
50ТеодораАтанасовска Куманово
51СимонаТошевска Куманово
52МаријаЈованова Виница
53ЗоиЛазарова Струмица
54МилицаДимитриевска Скопје (Кисела Вода)
55АнгелаТодоровска Куманово
56ЦветанкаКаракулева Кавадарци
57ЛеонтинаНиколовска Куманово
58ИлкаБакиу Скопје (Бутел)

Правото на користење на стипендија започнува откако избраните апликанти ќе достават потврда за редовен студент запишан/а во прва година на прв циклус на академски студии на некој од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во академската 2023/2024 година.

Дистрибуцијата на стипендиите ќе се реализира преку „Атанас Близнакоф“ фондацијата при УКИМ.

Македонија2025 ќе остане партнер на фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД и во иднина, и тоа преку процесот на активно следење на успесите на стипендистите и нивното право за продолжување на стипендијата.

Им честитаме на сите добитници и им посакуваме да ја искористат оваа неверојатна поддршка да ги остварат своите соништа, да се усовршуваат и посветат на студиите и да го отклучат светот на можности и професионален раст и развој!

Posted on

Промотивна кампања „НАУКА ЗА ИДНИНАТА“

Ајде да инспирираме повеќе ученици да ја засакаат НАУКАТА!

Ги повикуваме сите научници да ја инспирираат следната генерација!

Дали сте научник страстен за разгорување на љубопитност и инспирација на младите умови на иднината? Ако е така, Ве покануваме да се придружите на специјалната иницијатива која има за цел да ги мотивира и поттикне учениците од основното образование преку вашата стручност, искуство и мудри зборови.

Зошто вашето учество е важно?

Со споделување на вашите мотивациони цитати и успешни приказни, можете да бидете ѕвезда-водилка што го осветлува патот за научниците кои се во развој или се двоумат. Вашето патување не е само доказ за вашата посветеност, туку и инспиративна приказна која може да ја преобликува нивната перцепција за науката. Вашите зборови можат да ги негуваат и поттикнат нивните соништа и аспирации.

Она што го бараме:

Бараме научници од сите области на студии, за да придонесат со своите мотивациони согледувања. Без разлика дали сте хемичар, биолог, физичар, географ, инженер или истражувач во кој било друг домен, вашата единствена перспектива може да инспирира и да одѕвонува како ехо во младите умови.

Како да се вклучите

Учеството е лесно! Споделете го вашиот мотивациски цитат или кратка успешна приказна што го истакнува вашето патување како научник. Вашата порака треба да биде соодветна на возраста, привлечна и достапна за учениците од основните училишта.

Вашиот мотивирачки цитат (1-2 реченици) и/или вашата успешна приказна (150-200 зборови), со некои основни информации за вас, прикачете ги на посебната форма која се наоѓа на следниот ЛИНК  

Кампањата ќе трае до јули 2024 година.

Влијание

Вашите зборови имаат потенцијал да предизвикаат доживотен интерес за науката, да всадат верба во себе кај младите и да помогнат во обликувањето на научниците на иднината. Заедно, можеме да создадеме заедница на млади умови кои се желни да истражуваат, да иновираат и да сонуваат големини.

Моќта на знаењето

Во свет полн со можности, дарот на знаење е највредното богатство што можеме да го подариме на следната генерација. Со приклучувањето кон оваа иницијатива, вие станувате светилник на инспирација за оние кои ќе го носат факелот на науката напред.

Ајде да работиме заедно за да инспирираме, поттикнеме и едуцираме. Да ја разгориме страста за наука во срцата на основците. Вашите зборови би можеле да бидат искрата што го пали огнот на љубопитноста и извонредноста.

Придружете ни се во обликувањето на иднината на науката и младите научници кои ќе ја дефинираат. Заедно, можеме да направиме разлика.

Ви благодариме што сте дел од ова неверојатно патување!

Кампањата е имплементирана во рамки на Johnson Matthey Програмата за влијание на заедницата „Науката и јас“.  Повеќе за проектот „Науката и јас“