Posted on

Елена Марковска – позитивна “Атанас Близнакоф„ приказна

Ни преставува чест да ја споделиме со вас позитивната “Атанас Близнакоф„ приказна на нашата стипендистка од Атанас Близнакоф програмата за студентска извонредност – Елена Марковска, студентка на Медицинскиот факултет во Скопје при Универзитет “Св. Кирил и Методиј„ Скопје.

“Стипендијата за студентска извонредност “Атанас Близнакоф„ значително ми го олесни студирањето на медицинскиот факултет, особено затоа што доаѓам од финансиски необезбедена позадина. Благодарение на оваа поддршка, можев да ги набавам сите потребни учебници, материјали за учење и други помагала кои се неопходни за успешно совладување на наставата. Ова ми овозможи целосно да се посветам на студирањето и да ги постигнам најдобрите можни резултати.

Имајќи ја оваа стипендија, добив дополнителна мотивација и сигурност дека можам да го следам својот сон и да станам доктор. Поддршката што ја добив преку стипендијата не само што ми помогна финансиски, туку ми даде и чувство на вреднување и признание за мојот труд и посветеност. За ова сум неизмерно благодарна и се надевам дека во иднина ќе можам да ја вратам оваа добрина преку мојата работа и посветеност на здравјето на луѓето.„

Posted on

Анамарија Стојкоска – позитивна “Атанас Близнакоф„ приказна

Ни преставува чест да ја споделиме со вас позитивната “Атанас Близнакоф„ приказна на нашата стипендистка од Атанас Близнакоф програмата за студентска извонредност – Анамарија Стојкоска, студентка на Градежниот факултет во Скопје при Универзитет “Св. Кирил и Методиј„ Скопје.

“Јас сум Анамарија Стојкоска, студентка на градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и стипендист на фондацијата „Атанас Близнаков“. Стипендиската програма на оваа фондација ми отвори многу врати и ми овозможи да ги реализирам моите академски и лични амбиции и да се развијам како личност. Финансиската поддршка ми овозможи да се фокусирам на студиите и да постигнам одлични резултати, без да се грижам за трошоците.

Оваа стипендија не ми даде само финансиска стабилност, туку и мотивација да продолжам да се стремам кон академска извонредност. Научив како да бидам финансиски одговорна и самостојна, што ќе ми биде од голема корист во иднина. Се чувствувам гордо што сум дел од оваа заедница и се надевам дека мојата приказна ќе ги инспирира и другите студенти да аплицираат за оваа стипендистка програма.„

Posted on

Anamarija Mitkovska – positive “Atanas Bliznakoff” story

We are honoured to share with you the positive “Atanas Bliznakoff” story of our scholarship recipient from the Atanas Bliznakoff program for student excellence –  Anamaria Mitkovska, student at the Faculty of Natural Sciences and Mathematics, majoring in Molecular Biology with Genetics in Skopje, University “St. Cyril and Methodius” Skopjе.

“Studying  in these hard economic  times is a big challenge.  The “Atanas Bliznakoff” scholarship was the best thing that happened in my life, because without the scholarship my studies would have been more difficult. First academic year is difficult and brings challenges and difficulties to which we all have to adapt, but “Atanas Bliznakoff” scholarship motivated me to successfully overcome all  the obstacles on my road. I am endlessly grateful.

To new scholars I wish successful application for the scholarship, and I encourage them to don’t give up on the new challenges they will face, but to  overcome them because hard work always pays off.”

Posted on

Тијана Тошевска – позитивна “Атанас Близнакоф„ приказна

Ни преставува чест да ја споделиме со вас позитивната “Атанас Близнакоф„ приказна на нашата стипендистка од Атанас Близнакоф програмата за студентска извонредност – Тијана Тошевска, студентка на Институт за педагогија – Филозофски факултет – УКИМ при Универзитет “Св. Кирил и Методиј„ Скопје.

“Фондацијата  „Атанас Близнакоф“ е синоним за помош, поддршка и
мотивација. Чест и задоволство е да си дел од група која несебично те насочува и
ти помага да напредуваш. Чувството на сигурност и стабилност, кое го добивам
преку оваа стипендија, ми дозволува целосно да се фокусирам на моето
образование, напредок и усовршување. Благодарение на фондацијата  „Атанас
Близнакоф“ и Македонија2025 јас сум чекор поблиску до својата цел.„

Posted on

Оља Трајковиќ – позитивна “Атанас Близнакоф„ приказна

Ни преставува чест да ја споделиме со вас позитивна “Атанас Близнакоф„ приказна на нашата стипендистка од Атанас Близнакоф програмата за студентска извонредност Оља Трајковиќ, студентска на прва година на Економскиот факултет во Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј„ Скопје.

“Кога знаеш дека некој го вреднува твојот успех, тоа претставува мотив за понатамошно напредување и создавање вредни дела, кои остануваат засекогаш. Фондацијата “Атанас Близнакоф„ претставува столб, кој овозможува понатамошно градење на нашата личност.„

Posted on

Angjela Dragan – positive “Atanas Bliznakoff” story

We are honoured to share with you the positive “Atanas Bliznakof” story of our scholarship recipient from the Atanas Bliznakof program for student excellence, Angjela Dragan, a student at the Faculty of Computer Science and Engineering in Skopje, University “St. Cyril and Methodius” Skopje.

“I extend my heartfelt thanks to the “Atanas Bliznakoff” foundation for awarding me a scholarship for my studies at the Faculty of Computer Science and Engineering. Their generous support has significantly eased my financial burden and provided me an invaluable opportunity to excel academically.

This scholarship serves as a source of inspiration and motivation, driving me to commit to making meaningful contributions to the field of computer science and engineering. I deeply appreciate their belief in my potential, and this support will undoubtedly play a crucial role in my future successes.

With this scholarship, I am able to dedicate myself more fully to my studies, engaging deeply with the subjects that I am passionate about. The financial relief allows me to focus on my academic and research goals without the stress of financial constraints. This scholarship not only supports my current educational pursuits but also opens doors for future opportunities in the tech industry. I am committed to using the knowledge and skills I gain to contribute to technological advancements and to give back to the community that has supported me.

Thank you once again for your generosity and belief in my potential.”

Posted on

Мила Ѓорѓевска – позитивна “Атанас Близнакоф„ приказна

Ни преставува чест да ја споделиме со вас позитивната “Атанас Близнакоф„ приказна на нашата стипендистка од Атанас Близнакоф програмата за студентска извонредност – Мила Ѓорѓевска, студентска во трета година на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ во Скопје при Универзитет “Св. Кирил и Методиј„ Скопје.

“Огромна благодарност до Фондацијата „Атанас Близнакоф“ за мотивацијата и неизмерната поддршка која ја пружаат на секој од нас и која е од исклучително значење за нашиот напредок во текот на студирањето. Ми претставува огромна чест и задоволство што имавме можност да ги запознаеме претставниците од фондацијата и од првиот миг да ја почувствуваме безрезервната поддршка, посветеноста и работата која ја вложуваат во нашето образование. Патот кон остварувањето на нашите цели е полесен знаејќи дека некој секогаш е тука да те поддржува, да се радува и да го цени секој твој успех.„

Posted on

Анастасија Малеска – позитивна “Атанас Близнакоф„ приказна

Ни преставува чест да ја споделиме со вас позитивна “Атанас Близнакоф„ приказна на нашата стипендистка од Атанас Близнакоф програмата за студентска извонредност Анастасија Малеска, студентска на Машинскиот факултет во Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј„ Скопје.

“Благодарам е зборот што од срце го упатувам кон Фондацијата МК2025, до сите оние што ми помагаат да ја создадам својата иднина. Убаво е чувството кога вашиот пркос и желба за нови достигнувања се поддржани од некого. Некој кој ве мотивира, ви пружа сигурност и е ветер во вашиот грб.

Јас ја живеам мисијата што ми ја овозможува мојата идна професија и тоа ми дава крилја да истражувам, да експериментирам и постојано да се едуцирам. Кога ќе се свртам назад, Машински факултет е најдобриот избор што го направив. Низ лавиринтите на мехатрониката ме водат амбициите за тоа што го сакам и кое мора да го постигнам. Всушност, како иден инженер јас ќе ја креирам иднината, претварајќи го сонот во реалност, помагајќи му на човештвото.„

Posted on

Рената Николова – позитивна “Атанас Близнакоф„ приказна

Ни преставува чест да ја споделиме со вас позитивна “Атанас Близнакоф„ приказна на нашата стипендистка од Атанас Близнакоф програмата за студентска извонредност Рената Николова, студентка на Економскиот факултет во Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј„ Скопје.

“Стипендијата од Атанас Близнакоф е првиот и најголем успех кој ми се случи уште во првата година од студиите. Тоа ми даде чувство на гордост и увереност дека сум на вистинскиот пат. Благодарение на стипендијата Атанас Близнакоф, моето школување се одвива без финансиски предизвици, што ми овозможува целосно да се фокусирам на моето образование. Оваа поддршка не само што ми обезбеди стабилност и сигурност, туку и ми помогна да ги насочам сите мои сили и енергија кон академскиот успех.

Оваа стипендија значително ја зголеми мојата мотивација и ме инспирираше да вложувам уште повеќе труд во моите студии. Чувството дека некој верува во мене и ме поддржува преку оваа стипендија ми влева огромна самодоверба и решителност никогаш да не се откажувам. Без разлика на предизвиците со кои се соочувам, знам дека можам да ги надминам и да успеам благодарение на поддршката што ја добивам. Стипендијата Атанас Близнакоф е повеќе од финансиска помош – тоа е инспирација и мотивација за да продолжам да се стремам кон моите соништа.„

Posted on

Успесите на нашата стипендистка Јулијана Јанев

Во следниве редови со вас ја споделуваше успешната приказна на нашата стипендистка Јулијана Јанев и нејзините достигнувањата во училишната 2023/2024. Таа е дел од фондот за талентирани средношколци “ТАЛЕНТИ ДЕНЕС – ЛИДЕРИ УТРЕ”.

Секој човек има потреба од мотивација и добра мисла за успешно остварување на своите соништа. Довербата добиена од Фондацијата МК 2025 беше клучна мотивација за Јулијана Јанев, која ја водеше кон поголеми успеси и остварување на своите соништа. Успехот ја враќа самодовербата, прави човек да биде среќен и задоволен. Благодарение на поддршката од Фондацијата МК 2025, Јулијана имаше можност да се надоградува себеси, да учи нови нешта и да биде успешна.

Јулијана изразува особена благодарност за можноста да има најдобрата менторка Маја Чаначевиќ. Кога станала стипендист и добила менторка, Јулијана си го замислила тоа како нешто многу строго. Но, по запознавањето со нејзината менторка, сфатила дека тоа е најдоброто нешто што може да биде, да има некој кој е достапен во секое време за сите прашања и дилеми во кариерата. Менторката несебично ги споделува своите искуства и сака да ја насочи и олесни патот на нејзината иднина. Јулијана се видела себеси во неа и се надева на продолжување на нивната соработка во иднина.

Учебната 2023/24 година беше исполнета со многу настапи, едукација и награди. Највпечатливи моменти и награди од оваа година се:

Награди:

  • Прва награда – Меѓународен натпревар за камерна музика Кавадарци
  • Прва награда – Меѓународен натпревар Сергеј Михајлов Штип (соло пијано)
  • Прва награда – Меѓународен натпревар Сергеј Михајлов Штип (Историја на музика)
  • Прва специјална награда – Меѓународен натпревар Сергеј Михајлов Штип (камерна музика)
  • Гран При за класична музика – Меѓународен натпревар Сергеј Михајлов Штип
  • Прва специјална награда – Општински и регионален 2024 (камерна музика)
  • Прво место – Државен натпревар 2024 (камерна музика)
  • Прва специјална награда – Општински и регионален 2024 (соло пијано)
  • Второ место – Меѓународен натпревар Полихимниа (соло пијано)
  • Прво место – Меѓународен натпревар Полихимниа (камерна музика)
  • Апсолутно прва награда – Меѓународен натпревар Concorso Musicarte Италија (соло пијано)

Семинари:

  • Пијано семинар под раководство на проф. Д-р Марија Ѓошевска, истакната пијанистка и професор на ФМУ Скопје. Семинарот претставуваше откривање на нови нешта и надградба на знаењето.
  • Семинар по хармонија со проф. Живојин Глишиќ
  • Семинар со турската професорка Жирин Акбулут Демирчи, запознавање со женски композитори на класична музика во Турција.

Настапи:

  • Настап на четвртото издание на циклус концерти организирани од младината на Македонија, проект Слободна среда поддржан од Министерство за култура, во музеј на Македонската борба во Скопје.
  • Настап во Мултимедијалниот центар при Економски факултет Штип, концерт по повод Ден на пијаното.
  • Настап во ООМУ “Боро Џони” Струмица, завршен концерт на серијалот од концерти “Денови на пијаното” организиран од здружението Камерата Ад Астра – Струмица.
  • Настап на завршниот концерт на меѓународниот натпревар “Сергеј Михајлов” Штип.
  • Настап на гала концертот на Меѓународниот натпревар Полихимниа.
  • Концерт на млади пијанисти во Безистено во Штип, организиран од организаторите на натпреварот Young Piano Talents – America.
  • Настап на Денови на европско Скопје 2023, организиран од музичката младина на Македонија.
  • Интервју во Канал ВИС Струмица за концертите одржани во Струмица и Штип, разговор за идните планови.
  • Новогодишен концерт на пијано класата на ДМУЦ “Сергеј Михајлов” Штип.
  • Јавен час на проф. м-р Славчо Величков.
  • Јавен час на проф. м-р Бисера Иванова Ѓориева.

Јулијана исто така реализираше четири солистички концерти во оваа година:

  • Првиот концерт се одржа на 20.11.2023 во Струмица, во ОМУ “Боро Џони”. Ова беше нејзин трет солистички концерт и 85-ти јавен настап. Концертот помина успешно, со преполна сала и задоволна публика.
  • Вториот концерт се одржа на 22.11.2023 во салата на музичката академија при УГД “Гоце Делчев” Штип. Концертот беше од големо значење, со преполна сала и поддршка од колегите и професорите.
  • Потоа следат уште два солистички концерти на 18.06.2024 во Уметничка галерија Безистен Штип) и на 20.06.2024 во Дом на културата Антон Панов Струмица.

Солистичките концерти се од особено значење за Јулијана и нејзината кариера, бидејќи преку нив го истакнува својот напредок. После краткиот одмор ќе започне со подготовка за следната година со јасно зацртани цели.

Нејзиниот талент е препознае и од локалните медиуми: https://www.facebook.com/kanalvis/videos/1171760517116565

Фондацијата МК 2025 ќе остане во нејзините сеќавања како едно од најдобрите нешта што и се случиле, со надеж за понатамошна соработка и поголеми заеднички успеси.

На крајот на овој извештај, Фондацијата МК 2025 изразува огромна благодарност за посветеноста и трудот што Јулијана Јанев ги вложи во своето образование и уметничка кариера. Нејзините постигнувања се вистинска инспирација и потврда за значењето на поддршката и мотивацијата.

Со искрени желби за понатамошен успех, се надеваме дека Јулијана ќе продолжи да го негува својот талент и да освојува нови врвови. Ние, од Фондацијата МК 2025, сме горди што сме дел од нејзиното патување и со нетрпение очекуваме да ги видиме нејзините идни достигнувања. На Јулијана ѝ посакуваме бесконечна инспирација, уште многу успеси и радости во нејзината кариера.