Првиот официјален настан за вмрежување на АБФ стипендистите: Инспирација, поддршка и нови можности

Events

На 11 декември 2024 година, во просториите на Public Room во Скопје, се одржа првиот официјален настан за вмрежување на АБФ стипендистите, организиран од Фондацијата МK2025 и Фондацијата „Атанас Близнакоф“. 

Настанот предизвика голем интерес кај студентите, привлекувајќи над 80 учесници кои го препознаа како исклучителна можност за инспирација, вмрежување и размена на идеи. 

Настанот беше отворен со инспиративни говори од извршната директорка на Македонија2025, Никица Мојсоска Блажевски, и проф. д-р Александар Скепаровски, проректор за меѓународна соработка и дигитализација при УКИМ. Тие ја нагласија важноста на оваа програма за поддршка на младите и нивната улога во идниот развој на земјата. 

Овој настан ги обедини сегашните и поранешните стипендисти (веќе дипломирани студентии), овозможувајќи им да се вмрежат, да споделат идеи и искуства, и да создадат нови можности за личен и професионален напредок. 

Програмата за студентска извонредност „Атанас Близнакоф“ со текот на годините значително го прошири својот опсег, поддржувајќи вкупно 139 студенти запишани на прв циклус студии на сите факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. 

Стипендистите доаѓаат од различни региони на земјата, при што 40% се од Скопје и скопскиот регион, 13% од Куманово, 7% од Прилеп, 5% oд Битола и Струмица како и од останатите градови. Ова ја нагласува инклузивноста и распространетоста на програмата низ цела Македонија. 

Програмата опфаќа студенти од широк спектар на факултети и студиски програми. Најзастапени се студиските програми по медицина (40 студенти), компјутерски науки и инженерство (20 студенти), како и економија (18 студенти), што ја рефлектира посветеноста на програмата во поддршката на таленти од различни академски области. 

Во 2024 година дополнително беше лансирана и АБФ Менторската програма, создавајќи сеопфатна платформа за поврзување на стипендистите, размена на знаења и заеднички развој. 

Искрена благодарност упатуваме до Фондацијата „Атанас Близнакоф“ и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за нивната посветеност во инвестирањето во младиот потенцијал  кој е  клучен двигател за економскиот и општествениот развој на Македонија. 

Gallery