
Што претставува програмата за претприемачи на семејството Битов?
Програмата за претприемачи-Битов, е основана во соработка со Catalyste+ (поранешна CESO – Canadian Executive Service Organization). Catalyste+ е канадска организација со 50 годишнo искуство во меѓународниот економски развој. Организацијата работи на развој на приватниот сектор и на зацврстување на структурите кои ги водат економските и општествените промени на локално, национално и меѓународно ниво.
Македонија2025 има заедничка мисија со Catalyste+, да влијае на подобрување и зајакување на конкурентноста на македонските компании. Советниците на Catalyste+, кои се професионалци со богати професионални кариери, ќе работат на конкретни предизвици со кои македонските компании се соочуваат секојдневно. Канадските советници, според својата експертиза ќе бидат поврзани со компанија и ќе дојдат во Македонија со цел да работат заедно со македонските претприемачи на развој на нивната компанија.
Македонија2025 целосно ја покрива тарифата за советникот, како и неговиот превоз до Македонија. На компаниите останува да обезбедат сместување, оброци и локален транспорт за советникот.
Кој може да се пријави?
Програмата е наменета за микро, мали и средни претпријатија кои ги исполнуваат следните услови:
- Сопственик и управител на компанијата е македонски државјанин и жител
- Минимум постоење од една година
- Извозно ориентирани
- Најмалку еден член на компанијата на соодветно ниво, кој ќе работи заедно со советникот, течно да говори англиски јазик
- Во добра финансиска состојба (има можност за спроведување на промените и препораките од советникот)
- Соодветно ниво на подготвеност и ресурси за да прими советник во својата компанија
- По можност да работи во следните индустрии: ИКТ, агрибизнис, алтернативни извори на енергија, туризам и угостителство, обработка и процесирање на храна, итн.
Повикот за 2023 е достапен тука.
За повеќе информации: voislav@macedonia2025.com