ЗА ПЛАТФОРМАТА

Мисијата на Македонија2025 е да ја обликува иднината на Македонија преку промовирање на одржлив економски раст што ќе ги подобри можностите за граѓаните, компаниите и странските инвеститори. Нашата цел е Македонија да стане водечка економија и најпросперитетна земја во регионот. За таа цел, развивме платформа што ќе ги поврзе македонските бизниси со професионалци иселеници од целиот свет, со што ќе им помогнеме да растат и да напредуваат во меѓународно опкружување, преку програми за менторство, можности за партнерство и / или инвестиции.

Македонија2025 останува посветена на градење на капацитети за економски раст, помагајќи на тој начин да се изгради посилна нација.

ЦЕЛ НА ПЛАТФОРМАТА

Една од главните цели на нашата организација, Македонија2025, е да ги искористи потенцијалот и врските со дијаспората за економски развој и раст на бизнисот. Connect2MK ќе ги поврзе македонските бизниси со соодветни експерти од дијаспората, кои ќе понудат:

  1. Можности за менторство
  2. Можности за партнерство
  3. Отворање на можности за инвестирање

ЦЕЛНИ УЧЕСНИЦИ

Компании со претежно македонска сопственост, од која било големина.

Оваа платформа е развиена и донирана од нашиот партнер, Intertec.