Четврта генерација стипендисти! Нови 43 студенти – добитници на „Атанас Близнакоф“ стипендијата за студентска извонредност

News

Четириесет и тројца студенти од првиот циклус студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје се добитници на стипендијата „Атанас Близнакоф„ за студентска извонредност на Македонија2025. Годишно секој студент ќе добие 2,500 американски долари (денарска противвредност) стипендија како поддршка за своите студии. Стипендиите се обезбедени од Фондацијата „Атанас Близнакоф“, како поддршка за новата генерација на академски граѓани.

Стипендиите се доделуваат на редовни студенти кои се запишани на прва година на прв циклус на студии на сите факултети при Универзитет „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје, кои постигнале исклучителни резултати и успех во претходниот циклус на образование, имаат достигнувања и мотивација за личен и професионален развој, но немаат доволно средства за продолжување на сопственото образование.

Годинава ја претставуваме четвртата генерација талентирани и амбициозни студенти што ќе станат дел од оваа престижна програма. Посебна чест ни е да истакнеме дека оваа година имаме вкупно 43 добитници, наместо вообичаените 40, бидејќи последните кандидати имаат идентичен број поени и ја делат истата рангирана позиција.

Со големо задоволство ја објавуваме листата на добитници на стипендијата за академската 2025/2026 година:

Бр.Име и презимеФакултет
1Аделина КрстовскаПравен факултет „Јустинијан Први“
2Александар РистовскиФакултет за музичка уметност
3Александра СпасовскаМедицински факултет
4Ана-Марија БиневскаФилозофски факултет
5Бисера ТрајковскаМедицински факултет
6Блерта СакипиФЕИТ – Факултет за електротехника и информациски технологии
7Вања ВасилевскаМашински факултет
8Глигор МанчевМашински факултет
9Глорија НиколиќПриродно-математички факултет
10Давор ДимоскиФИНКИ – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
11Дарко КаревскиФЕИТ – Факултет за електротехника и информациски технологии
12Дејана ВасилеваЕкономски факултет
13Диана ТаировскаМедицински факултет
14Димитар НајдовскиФЕИТ – Факултет за електротехника и информациски технологии
15Евгениј Стоименов ЈосифовскиФИНКИ – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
16Елена РистоваФИНКИ – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
17Ема БогданоскаПриродно-математички факултет
18Емил МицевскиПриродно-математички факултет
19Зорица РистескаФармацевтски факултет
20Ивана СаревскаФилолошки факултет „Блаже Конески“
21Иво ТојтовПриродно-математички факултет
22Ивона ПетроваСтоматолошки факултет
23Илза РустемиПриродно-математички факултет
24Јана ПетковскаМедицински факултет
25Јана НиколовскаФакултетот за ликовни уметности
26Јован ЃуревскиФЕИТ – Факултет за електротехника и информациски технологии
27Камелија СтанковскаФакултет за музичка уметност
28Константин МладеновскиЕкономски факултет
29Луциа ВасилескаМедицински факултет
30Маја МалескаМедицински факултет
31Марија СтоименовскаЕкономски факултет
32Марта КолевскаМашински факултет
33Матеја ТрајковиќФармацевтски факултет
34Мелани АрсоваМедицински факултет
35Мелани МаксимовскаМедицински факултет
36Милана БундоскаЕкономски факултет
37Наталија ПетровскаФИНКИ – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
38Наталија ТасевскаФИНКИ – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
39Никола ИлиевскиФилолошки факултет „Блаже Конески“
40Ристијан РистескиФЕИТ – Факултет за електротехника и информациски технологии
41Сара ЛиманиПриродно-математички факултет
42Софија ШаклевскаПриродно-математички факултет
43Стефанија ЈовановаЕкономски факултет

Правото на користење на стипендија започнува откако избраните апликанти ќе достават потврда за редовен студент запишан/а во прва година на прв циклус на академски студии на некој од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во академската 2025/2026 година.

Дистрибуцијата на стипендиите ќе се реализира преку Фондацијата „Атанас Близнакоф“.

Македонија2025 како партнер на фондацијата „Атанас Близнакоф“ е одговорна за процесот на активно следење на успесите на стипендистите и нивното право за продолжување на стипендијата.

Благодарност до Фондацијата „Атанас Близнакоф“ за континуираната поддршка на македонските таленти веќе четири генерации по ред. Заедно градиме иднина на знаење, можности и успех.

Им честитаме на сите добитници и посакуваме оваа стипендија да биде силен поттик кон исполнување на нивните академски и професионални цели!