Церемонија на доделување на сертификати за стипендистите на Атанас Близнакоф на Самитот Macedonia2025

News

Во рамки на годинешниот Самит на Македонија2025, се одржа свечената церемонија на доделување сертификати за стипендистите на „Атанас Близнакоф“ Програмата за студентска извонредност. Настанот ја истакна не само академската посветеност на младите таленти, туку и пошироката мисија на програмата – обезбедување еднаков пристап до квалитетно високо образование за сите студенти. 

Преку оваа програма, моментално се поддржуваат над 130 активни стипендисти, додека мрежата на алумни продолжува да расте и да дава значаен придонес во различни професионални сфери. Годишно, се доделуваат 40 нови стипендии на најперспективните студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

📚 Стипендистите доаѓаат од над 30 општини низ земјата и студираат на различни факултети – од медицина и инженерство, до уметност и општествени науки. Оваа разновидност ја прави програмата платформа за навистина инспиративна соработка, размена на идеи, личен и професионален раст.

Во рамки на Самитот, беа истакнати и дополнителните активности кои ја збогатуваат програмата како:

Меѓу-генерациско менторство – поддршка и размена на искуства меѓу самите стипендисти

Менторство со искусни професионалци – над 100 менторства со искусни професионалци и членови на македонската дијаспора

✅ Обуки и тренинзи за личен и професионален развој

✨ Особено внимание беше посветено на Иницијативата за практикантство, која има за цел да ја прошири мрежата на можности за стипендистите преку соработка со приватниот сектор. 

„Ова не е само финансиска поддршка. Ова е верба во потенцијалот на секој млад човек. Верба дека академскиот успех не треба да биде ограничен од социо-економски бариери,“ истакна во своето обраќање Нена Манчев, Менаџер на програмите за лидерство и образование

Посебна благодарност беше упатена до Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, како и до претставниците на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ – Софи и Митре Кутановски – чие визионерство и поддршка стојат зад успехот на оваа програма.

🎓 Церемонијата заврши со доделување на сертификати за извонредност, симболични финансиски награди како и Diners Club картички за стипендистите.