ОТВОРЕН ПОВИК: ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОФ“ ОБЈАВУВА ОТВОРЕН ПОВИК ЗА СТИПЕНДИИ ЗА УЧЕБНАТА 2025/2026 ГОДИНА

News

Фондацијата „Атанас Близнакоф“ објавува повик за доделување стипендии за студентска извонредност за редовни студенти запишани во прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во академската 2025/2026 година.

Стипендиите се доделуваат на редовни студенти кои се запишани на прв циклус на студии на сите факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кои постигнале исклучителни резултати и успех во претходниот циклус на образование, имаат достигнувања и мотивација за личен и професионален развој, но немаат доволно средства за продолжување на сопственото образование.

Општи услови за кандидатите

Право да конкурираат имаат ученици/кандидати кои:

  1. се запишуваат како редовни студенти во прва година на првиот циклус студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје;
  2. завршиле средно образование со постигнат просечен успех од најмалку 4,0;
  3. чиј вкупен бруто приход на семејството (родители/старатели и кандидатот) за 2024, година по сите основи, не надминува 800.500 денари;
  4. се државјани на Република Северна Македонија;
  5. не се корисници на стипендии од други институции, организации и фирми повисоки од 6.000 денари.

Висина на стипендијата

Висината на стипендијата изнесува 2.500,00 (две илјади и петстотини) американски долари годишно и се исплатува еднаш годишно, на почетокот на студиската година, најчесто во октомври. Исплатата на стипендијата се врши во денарска противвредност, на трансакциска сметка на корисникот на стипендијата.

Потребни документи за аплицирање

Потребни документи за аплицирање за стипендија се:

1. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија, издадено од Министерството за внатрешни работи;

2.   Уверение/потврда од УЈП за остварени приходи по разни основи за 2024 година, за родителите/старателите на кандидатот поединечно и за самиот кандидат;

3.      Изјава од кандидатот за морална, кривична и материјална одговорност;

4.      Документи за успех во средно образование, односно свидетелства од I до IV година;

5.      Документ за положена државна матура;

6.      Биографија на македонски јазик (CV Europass или друга слична форма);

7.    Есеј (најмногу до 500 збора) на тема: „Зошто Ви е потребна стипендијата и како ќе Ви помогне во избраната област на студии?“;

8.  Дипломи и потврди за освоени награди на меѓународни, државни, регионални и општински натпревари (освоени во последните три години);

9. Препорака од наставник, директор или друго лице вклучено во претходното образование на кандидатот;

10.   Фотографија – во формат за лична карта или пасош (биометриски формат);

11.   Други документи (доколку има).

ВАЖНО: Детални инструкции и појаснувања за потребната документација за аплицирање за стипендиите за талентирани студенти на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ за академската 2025/2026 година се достапни на платформата за E-scholarship, под наслов: ИНСТРУКЦИИ и ПОЈАСНУВАЊА за пополнување на апликацијата и барана документација (се наоѓаат во долниот лев агол кај самиот повик).

При аплицирање, кандидатот потврдува дека:

·        е државјанин на Република Северна Македонија;

·        не е корисник на друга стипендија повисока од 6.000 денари;

·  под морална, материјална и кривична одговорност потврдува дека податоците прикажани во електронската пријава се целосно вистинити и одговараат на реалната состојба; во спротивно, се согласува пријавата да се смета за невалидна;

· дозволува неговите лични податоци да бидат јавно објавени при објавувањето на резултатите за добитници на стипендијата;

· сите членови од потесното семејство (брат или сестра, баба или дедо) кои остваруваат личен приход ги исклучува од вкупниот број членови на потесното семејство при аплицирање за стипендијата;

· ги има прочитано и ги разбира начинот, условите, правата и обврските за доделување и продолжување на стипендијата, објавени во Отворениот повик за доделување стипендии за академската 2025/2026 година. 

Рангирање на кандидатите

Рангирањето на кандидатите се врши врз основа на следниве критериуми. Максималниот  број на освоени бодови е 100, од кои: 

КритериумБодови
Материјална состојба на кандидатот и потесното семејство40
Општина на живеење5
Успех остварен во претходното образование30
Есеј (до 500 збора)5
Освоени награди10
Интервју10
Вкупно100
  1. Материјална состојба на кандидатот (40 бода) и се пресметува како однос помеѓу:
    • Вкупниот бруто приход на родителите/старателите на кандидатот и самиот кандидат за последната календарска година (2024), и
    • Бројот на членовите во потесното семејство.
  1. Општината во која живее кандидатот (5 бода)
  2. Успех остварен во претходното (средно) образование  (30 бода)
    • Успехот се оценува врз основа на успехот од завршеното средно образование и тоа од I до IV година, како и успехот од реализираната државна матура.
  1. Есеј (најмногу 500 збора) – просек од бодовите на Комисија (до 5 бода) на Тема: Зошто Ви е потребна стипендијата и како ќе Ви помогне во избраната област студии?)
  2. Награди на меѓународни, државни, регионални и општински натпревари во последните три години. (10 бода)
  3. Интервју во присуство на членови на комисијата (10 бода)
  4. Препорака од наставник, директор и/или друго лице вклучено во претходното образование на кандидатот/кандидатката  (незадолжително)

Начин на аплицирање и доделување на стипендиите

Документите се доставуваат преку платформата за E-scholarships на МK2025 https://escholarship.macedonia2025.com/#/home

Апликацијата се пополнува електронски, со задолжително креирање на кориснички профил и прикачување на бараната документација на македонски јазик.

Процесот на аплицирање и административната проверка се спроведуваат од страна на Фондацијата МK025.

Краен рок за аплицирање: 30 август 2025 година (до 23:59 часот).

Процес на селекција

Начин на доделување на стипендии

По завршување на Конкурсот и процесот на административна проверка, платформата за e-scholarships врши автоматско бодување за критериумите: материјална состојба на кандидатите, општина на живеење, успех остварен во претходното образование и освоени награди.

За критериумите есеј и интервју, Комисијата поединечно ги разгледува апликациите и доделува бодови во платформата, кои претставуваат просек од сите внесени бодови од страна на членовите на Комисијата.

Комисија за избор на стипендисти е составена од истакнати членови на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ и Фондацијата МК2025 на начин и услов утвреден со Правилникот за доделување на стипендијата. 

По внесувањето на сите податоци и бодови за сите критериуми, платформата генерира ранг-листа на кандидати според освоените бодови. Комисијата ја донесува конечната одлука за доделување на стипендиите.

Правото на користење на стипендијата започнува откако кандидатот ќе достави потврда за редовен студент запишан во прва година на прв циклус студии на некој од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Сите кандидати ќе бидат известени за извршениот избор за доделување на стипендии најдоцна до крајот на октомври 2025 година по електронски пат. Списокот со избрани кандидати ќе биде објавен на интернет-страницата на Фондацијата МК2025 и на останатите партнерски организации.

Услови, права и обврски за продолжување на стипендијата

Стипендијата ќе се продолжува годишно под следниве услови, начин и постапка:

1.      Корисникот на стипендијата е должен:

  • Редовно да ги полага испитите и да доставува до Фондацијата потврда за запишан последователен зимски семестар на почетокот на секоја академска година (заклучно со септемврискиот испитен рок);
  • да има постигнат просечен успех од најмалку 7,00, од првата до тековно запишаната студиска година (се докажува со доставување на потврда за положени испити заклучно со септемврискиот испитен рок);
  • да има положено 80% од предвидените предмети (задолжителни, изборни и опциони) утврдени со студиската програма на факултетот (се докажува со доставување на потврда за положени испити заклучно со септемврискиот испитен рок).

2.      Корисникот  на стипендијата се обврзува дека:

  • благовремено ќе ја извести Фондацијата за секоја промена што би настанала за време на студиите, од значење за редовно користење на стипендијата и спротивно на наведените услови;
  • по добивање на средствата, на трансакциската сметка, да достави известување на e-mail:  ABFUSA22@gmail.com

3.      Корисникот на стипендијата е согласен:

  • да учествува на состаноците и настани за вмрежување организирани во рамките на Програмата “Атанас Близнакоф” за студентска извонредност, а се однесуваат на академскиот и личниот развој на стипендистот. (Програмата за менторство со професионалци, Врсничко менторство, Програма за обуки итн.);
  • да дава сведоштва за искуството, да одговара на прашалници и барања во врска со прибирање или ажурирање на податоците потребни за одржување и развој на платформата и програмата, или работата на Асоцијацијата на стипендисти;

4.      Корисникот на стипендијата го губи правото на стипендија ако:

  • ги прекине или ги напушти студиите;
  • не запише последователен зимски семестар на студии;
  • не достави потврда за запишан зимски семестар или потврда за положени испити навремено;
  • зимскиот семестарот го запишал по вторпат;
  • дипломира;
  • му мирува статусот на студент;
  • добие стипендија или кредит од другиот давател повисока од 6.000 денари;
  • неточно ги прикажал условите и документите важни за доделување и користење на стипендијата;

5.      Правото на стипендија завршува заклучно со последниот редовно запишан семестар од предвиденото траење на студиската програма на факултетот (предвидениот број на семестри) на која е запишан корисникот на стипендијата.

ВАЖНО!

При пополнување на апликацијата, ве молиме детално прочитајте ги Инструкциите и препораките за пополнување на апликацијата, како и Начинот, условите, правата и обврските за добивање и продолжување на стипендијата, прикажани на платформата, во Отворениот повик и прикачени на левата страна на веб-страницата како Документи за стипендијата.

Ги очекуваме Вашите апликации!