News
Науката започнува таму каде што љубопитноста добива храброст.
Во рамки на кампањата „Наука за иднината“ реализирана со поддршка на Џонсон Мети, ја споделуваме инспиративната приказна на Олгица Бајалџиева, наставник (ментор) по биологија во ООУ “Петар Поп Арсов„ – Скопје.
Преку својата мотивациска порака, таа ги охрабрува учениците смело да зачекорат во светот на науката: „Науката им припаѓа на храбрите умови што се осмелуваат да прашаат, да истражуваат и да веруваат дека знаењето го менува светот.“
Нејзината љубов кон науката започнува уште од најраните години, преку едноставни, но значајни откритија: „Кога бев мала, сакав да разберам како растат растенијата. Еден ден направив свој мал експеримент – ставив зрна пченка во три чаши: една со вода, една со песок и една со земја од дворот. Ги следев секој ден, цртав графикони и внимателно набљудував каде никнуваат побрзо.“
Таа раскажува дека токму тие мали истражувања ѝ ја разбудиле љубопитноста и желбата за откривање: „Подоцна експериментирав со цвеќиња и различни количини вода, набљудувајќи како некои се исправуваат кон светлината, а други полека се свиткуваат. Секој обид ми откриваше нова тајна и ме учеше дека науката е жива, возбудлива и постојано полна со изненадувања.“
Денес, како наставник и ментор, таа истата љубопитност ја пренесува на своите ученици: „Истражувајте, прашувајте и следете ја вашата љубопитност. Можеби токму вашите идеи ќе ве однесат на патување низ светот на науката и големите откритија.“
Олгица Бајалџиева е дел од заедницата посветени наставници кои преку „Наука за иднината“ ја претвораат љубопитноста во знаење и ги инспирираат учениците да ја изберат науката како пат кон иднината.
———————-
Моќта на знаењето
Во свет полн со можности, дарот на знаење е највредното богатство што можеме да го подариме на следната генерација. Со приклучувањето кон оваа иницијатива, вие станувате светилник на инспирација за оние кои ќе го носат факелот на науката напред.
Ајде да работиме заедно за да инспирираме, поттикнеме и едуцираме. Да ја разгориме страста за наука во срцата на основците. Вашите зборови би можеле да бидат искрата што го пали огнот на љубопитноста и извонредноста.
Придружете ни се во обликувањето на иднината на науката и младите научници кои ќе ја дефинираат. Заедно, можеме да направиме разлика. Споделете го и Вие вашиот мотивациски цитат или кратка успешна приказна што го истакнува вашето патување како научник и прикачете ги на посебната форма која се наоѓа на следниот ЛИНК.
Повеќе за промотивната кампања „НАУКА ЗА ИДНИНАТА“
Ви благодариме што сте дел од ова неверојатно патување!
Кампањата е имплементирана во рамки на Џонсон Мети Програмата за влијание на заедницата “Науката и јас„.
Повеќе за проектот во Македонија2025 „Науката и јас“ и за самата глобална иницијатива на Џонсон Мети тука.
Related News