Дивна Карапанчева – Промотивна кампања „НАУКА ЗА ИДНИНАТА“

News

Секое откритие започнува со прашање – осмели се да го поставиш.

Во рамки на кампањата „Наука за иднината“, реализирана со поддршка на Џонсон Мети програмата за влијание на заедницата, ја споделуваме инспиративната порака и приказна на Дивна Карапанчева, наставник-ментор по биологија и природни науки во ООУ „Вера Циривири – Трена“, скопски Карпош.

Преку својата мотивациска порака, таа ги охрабрува учениците да ѝ веруваат на сопствената љубопитност: „Секое големо откритие започнува со едноставно прашање, а твојата љубопитност и храброст да истражуваш можат да создадат иднина полна со знаење и можности.“

Во својата лична приказна, Дивна ја доближува науката до секојдневието на децата: „Секојдневно околу нас се случуваат чудни и интересни работи. Клетките во нашето тело работат како мали фабрики, дрвјата растат и ‘дишат’, а животните имаат свои тајни начини на преживување. Со малку љубопитност и желба да истражувате, можете да откриете како функционира животот и како да помогнете на природата и луѓето околу вас.“

Таа ја опишува науката како патување исполнето со откритија: „Науката е како авантура. Доволно е едно прашање, еден експеримент или мала идеја за да започне патување полно со нови сознанија и можности.“

Со јасна порака до учениците, Дивна ги поттикнува да размислуваат храбро и истражувачки: „Кога ќе изберете да учите биологија, хемија, физика или некоја друга наука, вашата љубопитност ќе ве води кон иднина полна со знаење, изненадувања и нови откритија. Вашата љубопитност може да ја промени иднината.“

Дивна Карапанчева е дел од инспиративната заедница наставници кои преку „Наука за иднината“ ги мотивираат учениците да прашуваат, истражуваат и да ја откриваат науката како алатка за подобар свет.

———————-

Моќта на знаењето

Во свет полн со можности, дарот на знаење е највредното богатство што можеме да го подариме на следната генерација. Со приклучувањето кон оваа иницијатива, вие станувате светилник на инспирација за оние кои ќе го носат факелот на науката напред.

Ајде да работиме заедно за да инспирираме, поттикнеме и едуцираме. Да ја разгориме страста за наука во срцата на основците. Вашите зборови би можеле да бидат искрата што го пали огнот на љубопитноста и извонредноста.

Придружете ни се во обликувањето на иднината на науката и младите научници кои ќе ја дефинираат. Заедно, можеме да направиме разлика.  Споделете го и Вие вашиот мотивациски цитат или кратка успешна приказна што го истакнува вашето патување како научник и прикачете ги на посебната форма која се наоѓа на следниот ЛИНК.  

Повеќе за промотивната кампања „НАУКА ЗА ИДНИНАТА“

Ви благодариме што сте дел од ова неверојатно патување!

Кампањата е имплементирана во рамки на Џонсон Мети Програмата за влијание на заедницата „Науката и јас“.  

Повеќе за проектот во Македонија2025 „Науката и јас“  и за самата глобална иницијатива на Џонсон Мети тука.