Биљана Илиева- Промотивна кампања „НАУКА ЗА ИДНИНАТА“

News

Ајде заедно да ги инспирираме идните генерации научници!

Во рамките на кампањата „Наука за иднината“, која ја реализираме како дел од Џонсон Мети програмата за влијание на заедницата „Науката и Јас“, со гордост ја споделуваме инспиративната приказна на Биљана Илиева, наставник ментор и наставник по биологија во ООУ “Св. Климент Охридски” с. Драчево (Скопје).

Биљана Илиева е пример за тоа како љубовта кон науката и посветеноста кон учениците може да остават траен белег врз идните генерации. Таа верува дека науката не е само збир на факти, туку патување полно со љубопитност, истражување и откритија, каде секој ученик има еднаква шанса да ја пронајде својата пасија.

Еве ја нејзината мотивациска порака за сите основци: „Науката не е само збир на факти – таа е патување каде секој ученик има еднаква можност да ја негува својата љубопитност, истражувачкиот дух, да експериментира и да открива научни вистини, затоа што големи научници не се раѓаат туку се оформуваат чекор по чекор уште од училишните клупи.“

Биљана раскажува и за своето лично патување: „Отсекогаш сум сакала да бидам наставничка. Мојата упорност и посветеност придонесоа желбата да ми се оствари. Веќе 30 години со љубов ја работам мојата животна професија како наставничка по биологија, вградувајќи во моите ученици дел од мене и мојата наука. И најголема награда за мене како нивна наставничка е кога ќе ги видам како пораснале во возрасни, вредни, успешни и задоволни млади луѓе подготвени за сите предизвици на новото време.“

Следете нè за повеќе инспиративни приказни од наставници и идни научници низ Македонија!

Заедно ја градиме иднината на науката – чекор по чекор, експеримент по експеримент.

———————-

Моќта на знаењето

Во свет полн со можности, дарот на знаење е највредното богатство што можеме да го подариме на следната генерација. Со приклучувањето кон оваа иницијатива, вие станувате светилник на инспирација за оние кои ќе го носат факелот на науката напред.

Ајде да работиме заедно за да инспирираме, поттикнеме и едуцираме. Да ја разгориме страста за наука во срцата на основците. Вашите зборови би можеле да бидат искрата што го пали огнот на љубопитноста и извонредноста.

Придружете ни се во обликувањето на иднината на науката и младите научници кои ќе ја дефинираат. Заедно, можеме да направиме разлика.  Споделете го и Вие вашиот мотивациски цитат или кратка успешна приказна што го истакнува вашето патување како научник и прикачете ги на посебната форма која се наоѓа на следниот ЛИНК  

Повеќе за промотивната кампања „НАУКА ЗА ИДНИНАТА“

Ви благодариме што сте дел од ова неверојатно патување!

Кампањата е имплементирана во рамки на Johnson Matthey Програмата за влијание на заедницата „Науката и јас“. 

Повеќе за проектот во Македонија „Науката и јас“  и за самата глобална иницијатива на Џонсон Мети тука