News
Ајде заедно да ги инспирираме идните генерации научници! Образованието нема граници – ниту љубопитноста.
Во рамки на кампањата “Наука за иднината„, реализирана со поддршка на Џонсон Мети, со особено задоволство ја споделуваме мотивациската порака на Александар Михајловски, професор по биологија и природни науки во ООУ „Браќа Миладиновци“ од Пробиштип.
Неговата порака до младите умови ја носи суштината на нашата мисија: „Иднината на образованието зависи од тоа како го реализираме, цениме и применуваме денес – и какви личности ќе изградиме, и колку тие ќе бидат дел од глобалниот образовен процес, а не изолирани… затоа што образованието не треба да има граници.“
Преку својата посветена работа, Александар секојдневно гради мостови меѓу знаењето, науката и животот – помагајќи им на учениците да го гледаат светот пошироко, да прашуваат повеќе и да учат без страв од граници или бариери.
———————-
Моќта на знаењето
Во свет полн со можности, дарот на знаење е највредното богатство што можеме да го подариме на следната генерација. Со приклучувањето кон оваа иницијатива, вие станувате светилник на инспирација за оние кои ќе го носат факелот на науката напред.
Ајде да работиме заедно за да инспирираме, поттикнеме и едуцираме. Да ја разгориме страста за наука во срцата на основците. Вашите зборови би можеле да бидат искрата што го пали огнот на љубопитноста и извонредноста.
Придружете ни се во обликувањето на иднината на науката и младите научници кои ќе ја дефинираат. Заедно, можеме да направиме разлика. Споделете го и Вие вашиот мотивациски цитат или кратка успешна приказна што го истакнува вашето патување како научник и прикачете ги на посебната форма која се наоѓа на следниот ЛИНК
Повеќе за промотивната кампања “НАУКА ЗА ИДНИНАТА„
Ви благодариме што сте дел од ова неверојатно патување!
Кампањата е имплементирана во рамки на Џонсон Мети Програмата за влијание на заедницата “Науката и јас„.
Повеќе за проектот во Македонија “Науката и јас„ и за самата глобална иницијатива на Џонсон Мети тука.
Related News