News
Ајде заедно да ги инспирираме идните генерации научници! Љубопитноста е почетокот на секое научно патување!
Во рамките на кампањата „Науката и Јас“, што се реализира како дел од програмата за влијание на заедницата на Џонсон Мети, со задоволство ја претставуваме инспиративната приказна на Аида Петровска – наставник ментор и професор по физика при ООУ „Димитар Миладинов“ од Скопје.
Аида е доказ дека науката не е само професија – таа е начин на живот. Со нејзината страст за физика, таа секојдневно ги инспирира своите ученици да гледаат подлабоко, да прашуваат повеќе и да бидат храбри во потрагата по одговори.
Еве ја нејзината мотивациска порака до сите основци: “Науката не е само формули и факти – таа е клучот што ги отвора вратите кон нови светови. Биди љубопитен, прашувај, истражувај и можеби токму ти ќе ја отвориш вратата кон посветла иднина за сите нас. Науката започнува со едно ‘зошто’, а продолжува со твојата храброст да најдеш одговор.„
Аида ја раскажува и својата лична приказна: “Науката ме научи да бидам трпелива, да прашувам, да проверувам информации и да не прифаќам сè што ќе слушнам без докази. Така, не само што научив да решавам проблеми, туку и како да бидам човек кој не се откажува и секогаш бара вистина.
Со науката стануваме подобри, почесни, поистрајни и поискрени – кон светот и кон самите себе.
Затоа, мој совет до сите ученици: биди љубопитен, истражувај и никогаш не се плаши да прашуваш. Науката е патот кој те води кон твоите соништа и кон посветла иднина.„
Следете нè за уште вакви приказни кои го осветлуваат патот на новата генерација истражувачи и научници!.
———————-
Моќта на знаењето
Во свет полн со можности, дарот на знаење е највредното богатство што можеме да го подариме на следната генерација. Со приклучувањето кон оваа иницијатива, вие станувате светилник на инспирација за оние кои ќе го носат факелот на науката напред.
Ајде да работиме заедно за да инспирираме, поттикнеме и едуцираме. Да ја разгориме страста за наука во срцата на основците. Вашите зборови би можеле да бидат искрата што го пали огнот на љубопитноста и извонредноста.
Придружете ни се во обликувањето на иднината на науката и младите научници кои ќе ја дефинираат. Заедно, можеме да направиме разлика. Споделете го и Вие вашиот мотивациски цитат или кратка успешна приказна што го истакнува вашето патување како научник и прикачете ги на посебната форма која се наоѓа на следниот ЛИНК
Повеќе за промотивната кампања „НАУКА ЗА ИДНИНАТА“
Ви благодариме што сте дел од ова неверојатно патување!
Кампањата е имплементирана во рамки на Johnson Matthey Програмата за влијание на заедницата „Науката и јас“.
Повеќе за проектот во Македонија “Науката и јас„ и за самата глобална иницијатива на Џонсон Мети тука
Related News