Оглас за работа – Главен оперативен директор

News

Организацијата Македонија 2025 е посветена на создавање на просперитетна економска клима во Република Македонија која ќе ги подобри можностите за граѓаните, домашните компании и странските инвеститори. Ние промовираме одржлив економски раст преку поттикнување на конкурентноста, претприемништвото, иновациите и лидерството.

Заради остварување на нашата мисија потребени ни се лица кои се високо мотивирани, амбициозни и талентирани лица. Опис на позицијата: Како главен оперативен директор (ЦОО) на Македонија2025, ќе бидете одговорни за надзор и управување со секојдневните операции на организацијата за да се обезбеди непречено функционирање и раст. Известувајќи директно до главниот извршен директор, ќе играте клучна улога во спроведувањето на стратешките иницијативи, оптимизација на оперативните процеси и поддршка на организациските перформанси.

Главниот оперативен директор управува со компанијата секојдневно, и ќе ги извршува следните работни обврски:

  • Дизајнирање и имплементација на деловна стратегија, планови и процедури, во соработка со главниот извршен директор и Одборот на директори
  • Обезбедување на координација помеѓу активностите на организацијата
  • Поставување сеопфатни цели за перформанси и раст и мониторинг на напредокот кон постигнување на поставените цели
  • Воспоставување на политики кои ја промовираат културата и визијата на компанијата
  • Следење на секојдневните операции на компанијата и работата на персоналот, заради постигнување на ефикасност и ефективност во сите области на работењето
  • Поддршка на извршниот директор во финансиско планирање, буџетирање, соработка со асистентот за финансии и одржување на финансиската стабилност на организацијата
  • Водење на вработенита да постигнат максимални перформанси и посветеност
  • Известување и соработка со извршниот директор за сите важни работи
  • Помагање на извршниот директор во напорите за мобилизација на средства
  • Учество во активности за проширување (нови програми, инвестиции, партнерства, итн.)
  • Управување на односите со партнерите и главните стејкхолдери.

Услови за работа:

Позицијата е со работно време од 40 часа неделно во Скопје. Селектираните кандидати ќе бидат ангажирани со потпишување на договор за 6 месеци пробна работа (која ќе вклучува и обука), со можност за продолжување на договорот и редовно вработување на неопределено време. Месечниот надоместок ќеизнесува најмалку 70,000 денари во нето износ.

Работата на раководителот ќе се оценува најмалку еднаш годишно од страна на главниот извршен директор и претседателот на Одборот на директори на Македонија2025. Работата се оценува врз основа на однапред утврдени таргети. Согласно успешноста во работата, ќе имате право на пораст на платата и/или бонус за успешност во работата.

Квалификации и вештини:

  • Завршени додипломски или магистерски студии;
  • Релевантно работно искуство на средно ниво на менаџмент од најмалку 7 години; 
  • Одлични комуникациски вештини, со високо ниво на говорен и пишан Англиски јазик;
  • Напредно познавање на алатките на Microsoft Office (посебно Word и Excel) и Google;
  • Аналитичност, прецизност и деталност во работењето;
  • Способност за справување со повеќе разновидни задачи истовремено;
  • Креативност и само-иницијатива, желба за постојано учење и надградување на знаењето;
  • Навременост и строго почитување рокови; 
  • Подготвеност за индивидуална и тимска работа;
  • Познавање и верување во мисијата на Македонија2025.

Рок и начин на пријавување:

Документите кои ги докажуваат горните барања да се достават по електронски пат на careers@macedonia2025.com. Документите треба да содржат:

  • Професионална биографија;
  • Мотивациско писмо на англиски јазик (најмногу една страна);
  • Референци од претходни работодавачи/проектни координатори.

Првичната селекција ќе се спроведе врз основа на доставените апликации. Само избраните кандидати во втор круг ќе бидат повикани на интервју.

Почеток и завршеток на работно време: од 08:00/09:00 до 16:00/17:00 часот, од понеделник до петок. 

Рокот за доставување на апликаците е 5 февруари, 2024 година.   Приклучувањето кон Македонија2025 како главен оперативен директор претставува можност да  придонесете кон мисијата на организацијата за поттикнување на економскиот раст и просперитет во Македонија. Доколку сте динамичен, стратешки лидер со страст за оперативна извонредност и позитивно влијание, ве покануваме да аплицирате за оваа влијателна улога.

Напомена: Овој опис на работното место е општ опис на одговорностите и квалификациите и може да подложи на промени согласно потребите на Македонија2025.