Инженери од Џонсон Мети – Промотивна кампања “Наука за иднината„ 

News

Ајде да инспирираме повеќе ученици да ја засакаат НАУКАТА!

Науката е срцето на иновациите и откритијата кои го менуваат нашиот свет. Нашата кампања „Наука за иднината“ има за цел да ги мотивира и поттикне учениците од основното образование да ја засакаат науката и да го следат патот на научните истражувања. Веруваме дека секое дете има потенцијал да стане идниот голем научник, и ние сме тука да ги инспирираме и поддржиме во тој пат.

Во рамките на нашата кампања, со особено задоволство ви ја претставуваме серијата мотивациски пораки од врвните инженери за контрола на процесот од Џонсон Мети, Македонија. Овие инспиративни професионалци споделија свои совети и мотивации, со цел да ги поттикнат младите умови да ја следат својата страст кон науката.

Ана Таневска Зафировски, ни порачува дека љубопитноста и желбата за знаење се клучот за големите откритија.

Вангел Михајлов, ни ја пренесува важноста на континуираното учење и проширување на нашите хоризонти.

Марко Белакапоски, нѐ потсетува дека со знаење и образование можеме да го трансформираме светот околу нас.

Тијана Лазова, нѐ инспирира со својата порака за упорност и храброст на патот до успехот.

Кампањата „Наука за иднината“ е имплементирана во рамки на Johnson Matthey Програмата за влијание на заедницата „Науката и јас“. Со оваа иницијатива, сакаме да ги поттикнеме учениците да изберат кариера и образование поврзано со наука, и да ја изградат својата иднина како идни лидери и иноватори.

Придружете ни се во ова патување и помогнете ни да инспирираме генерации на млади научници кои ќе го обликуваат светот на утрешницата https://macedonia2025.com/%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%bc%d0%be%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d0%bc%d0%bf%d0%b0%d1%9a%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d1%83%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%b8%d0%b4%d0%bd%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d1%82/