Катерина Трајанова - Промотивна кампања „НАУКА ЗА ИДНИНАТА“
Големите откритија започнуваат со љубопитност
Во рамки на промотивната кампања „Наука за иднината“, реализирана со поддршка на Џонсон Мети Програмата за влијание на заедницата, со задоволство ја споделуваме инспиративната приказна на Катерина Трајанова, наставник по хемија во ООУ „Коста Рацин“ - Подареш и ООУ „Кирил и Методиј“- Радовиш, која секојдневно им помага на учениците да ја откријат убавината и примената на хемијата во светот околу нив.
За Катерина, хемијата не е само училишен предмет, туку наука што ни помага да го разбереме животот и природата.

Нејзината порака до учениците е инспиративна и охрабрувачка: „Хемијата не е само наука за супстанците – таа е наука што објаснува како функционира животот и како малите промени создаваат големи откритија. Ученици, бидете љубопитни, затоа што во секој наш здив, во секоја клетка и во секоја капка вода се крие хемијата - науката што го поврзува светот околу нас.“
Во својата лична приказна, Катерина споделува како љубовта кон хемијата ја водела низ различни професионални предизвици: „Како дипломиран хемиски инженер, 14 години работев во лабораторијата на рудникот Бучим, каде што стекнав драгоцено искуство работејќи со современи хемиски апарати и изведувајќи различни лабораториски анализи. Желбата постојано да учам и да се надградувам ме поттикна да продолжам со магистерски студии по хемиски науки.
Од септември започнав едно ново и особено значајно поглавје во мојот живот – наставник по хемија. Верувам дека знаењето има најголема вредност тогаш кога се споделува со другите. Моја цел е да ги инспирирам учениците да бидат љубопитни, да истражуваат и да ја засакаат хемијата како наука што е присутна во секојдневниот живот.
Верувам дека секој ученик носи во себе потенцијал да стане иден инженер, научник или иноватор кој со своите идеи ќе придонесе за подобар свет. Затоа, никогаш не престанувајте да прашувате, да учите и да верувате во своите способности – токму така започнува секое големо откритие.“
Катерина Трајанова е дел од заедницата на посветени наставници кои преку кампањата „Наука за иднината“ ги инспирираат младите да ја препознаат науката како пат кон знаење, иновации и подобра иднина.
Моќта на знаењето
Во свет полн со можности, дарот на знаење е највредното богатство што можеме да го подариме на следната генерација. Со приклучувањето кон оваа иницијатива, вие станувате светилник на инспирација за оние кои ќе го носат факелот на науката напред.
Ајде да работиме заедно за да инспирираме, поттикнеме и едуцираме. Да ја разгориме страста за наука во срцата на основците. Вашите зборови би можеле да бидат искрата што го пали огнот на љубопитноста и извонредноста.
Придружете ни се во обликувањето на иднината на науката и младите научници кои ќе ја дефинираат. Заедно, можеме да направиме разлика. Споделете го и Вие вашиот мотивациски цитат или кратка успешна приказна што го истакнува вашето патување како научник и прикачете ги на посебната форма која се наоѓа на следниот ЛИНК.
Повеќе за промотивната кампања “НАУКА ЗА ИДНИНАТА„
Ви благодариме што сте дел од ова неверојатно патување!
Кампањата е имплементирана во рамки на Џонсон Мети Програмата за влијание на заедницата “Науката и јас„.
Повеќе за проектот во Македонија2025 “Науката и јас„ и за самата глобална иницијатива на Џонсон Мети тука.
Related News
Отворен повик за предметни наставници од областа на природните науки
Македонија2025, во соработка со Џонсон Мети, отвора …
Discover MoreОд обука до промена во училницата! Кратка анализа на влијанието на проектот „Наука и јас“
Macedonia2025 is pleased to share the new Short Impa…
Discover MoreВиолета Ѓорѓиевска - Промотивна кампања “НАУКА ЗА ИДНИНАТА„
Виолета Ѓорѓиевска, одделенски наставник во ООУ „Але…
Discover More