Лариса Жулина-Митовски - Промотивна кампања „НАУКА ЗА ИДНИНАТА“
Како што секоја мелодија започнува со еден тон, така и секое големо откритие започнува со едно прашање
Во рамки на промотивната кампања „Наука за иднината“, реализирана со поддршка на Џонсон Мети Програмата за влијание на заедницата, со задоволство ја споделуваме инспиративната приказна на Лариса Жулина-Митовски, наставник по музичко образование и наставник-советник во ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка.
Како наставник по музичко образование, Лариса верува дека музиката и науката се многу поблиски отколку што можеби изгледа на прв поглед. Љубопитноста, креативноста, истражувањето и желбата да се создаде нешто ново ги поврзуваат овие два света, додека зад музиката стојат и физиката, математиката и современите технологии.

Нејзината порака до учениците е да не престануваат да поставуваат прашања и храбро да ги истражуваат своите идеи: „Музиката и науката имаат многу заедничко - љубопитност, креативност и истражување. Не престанувајте да поставувате прашања, да откривате и да верувате во своите идеи, затоа што токму тие можат да го променат светот. Како што секоја прекрасна мелодија започнува со еден тон, така и секое големо научно откритие започнува со едно прашање. Бидете љубопитни, учете и создавајте ја иднината!“
Во својата лична приказна, Лариса споделува како преку наставата ги поврзува музиката, науката и технологијата и ги поттикнува учениците да размислуваат креативно и критички: „Како професор по музичко образование, научив дека музиката и науката се многу поблиски отколку што изгледа. Зад секоја мелодија стојат физика, математика, технологија и постојано истражување. Затоа, во мојата настава ги поврзувам музиката со СТЕМ-пристапот, дигиталните алатки и вештачката интелигенција, охрабрувајќи ги учениците да размислуваат креативно, да поставуваат прашања и да бараат решенија.
Особено сум задоволна што моите ученици не само што освојуваат награди на државни и меѓународни натпревари, туку развиваат критичко размислување, тимска работа, истрајност и самодоверба. Во оркестарот научија дека успехот не е резултат само на талентот, туку на знаењето, дисциплината, тимската работа, постојаното вежбање и меѓусебната поддршка – вредности што се темел и на науката.
До сите основци би сакала да порачам: Не плашете се да прашувате „зошто?“ и „како?“. Секоја идеја може да прерасне во големо откритие, а секој ваш интерес денес може да стане успешна професија утре. Светот има потреба од млади луѓе кои размислуваат, истражуваат и создаваат. Верувајте во своите способности, учете со љубопитност и не дозволувајте никогаш да згасне желбата за откривање - токму тоа е почетокот на секој успех.“
Лариса Жулина-Митовски е дел од заедницата на посветени наставници кои преку кампањата „Наука за иднината“ покажуваат дека науката е присутна насекаде околу нас - и во уметноста и музиката - и ги инспирираат младите да ја поврзуваат креативноста со знаењето, да истражуваат, да поставуваат прашања и храбро да создаваат нови идеи.
Моќта на знаењето
Во свет полн со можности, дарот на знаење е највредното богатство што можеме да го подариме на следната генерација. Со приклучувањето кон оваа иницијатива, вие станувате светилник на инспирација за оние кои ќе го носат факелот на науката напред.
Ајде да работиме заедно за да инспирираме, поттикнеме и едуцираме. Да ја разгориме страста за наука во срцата на основците. Вашите зборови би можеле да бидат искрата што го пали огнот на љубопитноста и извонредноста.
Придружете ни се во обликувањето на иднината на науката и младите научници кои ќе ја дефинираат. Заедно, можеме да направиме разлика. Споделете го и Вие вашиот мотивациски цитат или кратка успешна приказна што го истакнува вашето патување како научник и прикачете ги на посебната форма која се наоѓа на следниот ЛИНК
Повеќе за промотивната кампања “НАУКА ЗА ИДНИНАТА„
Ви благодариме што сте дел од ова неверојатно патување!
Кампањата е имплементирана во рамки на Џонсон Мети Програмата за влијание на заедницата “Науката и јас„.
Повеќе за проектот во Македонија202 “Науката и јас„ и за самата глобална иницијатива на Џонсон Мети тука.
Related News
Марија Давчевска – Промотивна кампања „НАУКА ЗА ИДНИНАТА“
Во рамки на промотивната кампања „Наука за иднината“…
Discover MoreМ-р Елизабета Митревска – Промотивна кампања „НАУКА ЗА ИДНИНАТА“
Во рамки на промотивната кампања „Наука за иднината“…
Discover MoreАлександра Гаџоска – Промотивна кампања „НАУКА ЗА ИДНИНАТА“
Во рамки на промотивната кампања „Наука за иднината“…
Discover More