Active
Отворен повик за Битов програмата за претприемачи
This call closes on 11 дек 2026.
Меѓународна експертиза за раст и развој на македонските компании
Македонија2025 објавува нов повик за Битов програмата за претприемачи. Преку програмата, македонските мали и средни компании добиваат можност да работат директно со искусен канадски консултант, кој во рок од неколку недели заедно со тимот на компанијата ќе ги идентификува клучните предизвици и ќе предложи конкретни решенија за раст. Трошоците за ангажманот на консултантот ги покрива Македонија2025.
Програмата се реализира со поддршка од семејството Битов, во партнерство со канадската организација Catalyste+, и има за цел да им помогне на компаниите да го унапредат своето работење, да ја зголемат конкурентноста и да создадат нови можности за раст.
За програмата
Битов програмата за претприемачи им овозможува на компаниите директна соработка со канадски консултанти со долгогодишно менаџерско и меѓународно искуство.
Секоја избрана компанија се поврзува со консултант чија експертиза одговара на нејзините конкретни потреби. Консултантот работи директно со менаџментот и вработените во период од две до четири недели, со фокус на практични препораки и подобрувања во работењето.
Области во кои компаниите можат да добијат поддршка:
Стратегија за раст и развој на компанијата
Подобрување на бизнис процесите и оперативната ефикасност
Продажба, маркетинг и развој на нови пазари
Развој на нови производи и услуги
Финансиско планирање и управување со финансиите
Организациски развој и унапредување на менаџментот
Производство, контрола на квалитет и оптимизација на процесите
Програмата е отворена за компании од различни индустрии, а областите на поддршка се определуваат според нивните конкретни потреби.
Компании што веќе учествуваа:

Што обезбедува Македонија2025?
Македонија2025 ги покрива трошоците за ангажманот на канадскиот консултант и неговото меѓународно патување до Македонија.
Во соработка со Catalyste+, Македонија2025 го координира процесот на селекција, изборот на соодветен канадски консултант и реализацијата на консултантскиот ангажман.
Обврски на компанијата
Компанијата учесник треба да обезбеди:
Сместување и оброци за консултантот за време на престојот
Локален транспорт, доколку е потребен
Кој може да аплицира?
Програмата е наменета за мали и средни компании кои ги исполнуваат следните критериуми:
Компанијата постои најмалку три години
Сопственикот и управителот на компанијата се македонски државјани и жители на Македонија
Компанијата е во добра финансиска состојба и има капацитет за имплементација на препораките
Менаџментот покажува високо ниво на посветеност кон активно учество во програмата
Компанијата има лице кое добро го познава англискиот јазик и кое ќе биде достапно и директно ќе соработува со консултантот
Компанијата ги исполнува критериумите за мала или средна компанија
Предност ќе имаат компании кои се извозно ориентирани, развиваат иновативни производи или услуги и имаат потенцијал за понатамошен раст.
Како да аплицирате?
Аплицирањето е едноставно и не бара дополнителна документација. Потребните информации ги внесувате директно во апликацијата.
Преземете ја апликацијата: ЛИНК
Пополнете ја на англиски јазик
Испратете ја на: bojana@macedonia2025.com
Краен рок за аплицирање: 11 декември 2026 година
За дополнителни прашања, контактирајте нè на bojana@macedonia2025.com.
Related News
Отворен повик: Битов програма за претприемачи 2026
Open Call: Bitove Family Entrepreneurship Program 20…
Discover MoreВизијата на семејството Битов за претприемништвото претставена на Самитот на Македонија2025
A closed session held for the beneficiaries of the B…
Discover MoreOpen Call – Micro, Small and Medium Enterprise Development Program supported by the Bitov Foundation and Catalyst+ Canada 2026
The program enables Macedonian companies to receive …
Discover More