Елена Максимовска - Промотивна кампања „НАУКА ЗА ИДНИНАТА“
Иднината започнува со знаење, а знаењето - со љубопитност.
Во рамки на промотивната кампања „Наука за иднината“, реализирана со поддршка на Џонсон Мети програмата за влијание на заедницата, ја споделуваме инспиративната порака на Елена Максимовска, одделенски наставник - ментор во ООУ „Наум Охридски“, с. Булачани.
Како наставник кој секојдневно работи со најмладите, Елена силно верува дека науката е темелот врз кој се гради иднината на општеството. Нејзината порака до учениците е јасна и охрабрувачка: „Науката е двигател на општеството, а младите граѓани се неговата иднина. Затоа избери ја науката, вклучи ја имагинацијата и осмели се да го откриеш светот околу себе.“
Во училницата, науката не е само наставна содржина, туку простор за истражување, прашања и креативно размислување. Преку мали откритија, набљудувања и разговори, учениците учат дека знаењето не служи само за училиште, туку и за подобро разбирање на светот во кој живеат.
Елена ги охрабрува децата да не се плашат да сонуваат и да истражуваат - затоа што токму преку науката се развиваат критичкото мислење, одговорноста и желбата за позитивни промени.
Елена Максимовска е дел од заедницата на посветени наставници кои преку „Наука за иднината„ ги мотивираат најмладите да ја препознаат науката како пат кон знаење, иновации и подобро утре.

Моќта на знаењето
Во свет полн со можности, дарот на знаење е највредното богатство што можеме да го подариме на следната генерација. Со приклучувањето кон оваа иницијатива, вие станувате светилник на инспирација за оние кои ќе го носат факелот на науката напред.
Ајде да работиме заедно за да инспирираме, поттикнеме и едуцираме. Да ја разгориме страста за наука во срцата на основците. Вашите зборови би можеле да бидат искрата што го пали огнот на љубопитноста и извонредноста.
Придружете ни се во обликувањето на иднината на науката и младите научници кои ќе ја дефинираат. Заедно, можеме да направиме разлика. Споделете го и Вие вашиот мотивациски цитат или кратка успешна приказна што го истакнува вашето патување како научник и прикачете ги на посебната форма која се наоѓа на следниот ЛИНК.
Повеќе за промотивната кампања „НАУКА ЗА ИДНИНАТА“
Ви благодариме што сте дел од ова неверојатно патување!
Кампањата е имплементирана во рамки на Џонсон Мети Програмата за влијание на заедницата „Науката и јас“.
Повеќе за проектот во Македонија2025 „Науката и јас“ и за самата глобална иницијатива на Џонсон Мети тука.
Related News
Отворен повик за предметни наставници од областа на природните науки
Македонија2025, во соработка со Џонсон Мети, отвора …
Discover MoreОд обука до промена во училницата! Кратка анализа на влијанието на проектот „Наука и јас“
Macedonia2025 is pleased to share the new Short Impa…
Discover MoreВиолета Ѓорѓиевска - Промотивна кампања “НАУКА ЗА ИДНИНАТА„
Виолета Ѓорѓиевска, одделенски наставник во ООУ „Але…
Discover More