Посета на фабриката на Johnson Matthey – инспирација за новата генерација!
На 28 мај 2026 година, повеќе од 20 љубопитни ученици од четири основни училишта – ООУ „Стив Наумов“ – Скопје, ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, ООУ „Христо Узунов“ – Охрид и ООУ „Григор Прличев“ – Скопје – имаа извонредна можност да ја посетат фабриката на Johnson Matthey, во придружба на своите посветени наставници по природни науки.
Овие интерактивни посети, реализирани со поддршка на JM Community Impact Program – „Science and Me“, им овозможија на учениците одблиску да видат како науката и иновациите се применуваат во пракса, да се запознаат со современите производствени и лабораториски процеси и да се инспирираат за идни кариери во областа на STEM (наука, технологија, инженерство и математика).
Секое училиште доби и практичен научен комплет, наменет да ја поттикне љубопитноста кај учениците и да им овозможи да продолжат да истражуваат, експериментираат и учат и надвор од училницата.
Упатуваме искрена благодарност до посветените вработени во Johnson Matthey од производството, лабораторијата и секторот за човечки ресурси, чија стручност, поддршка и ентузијазам го направија ова искуство навистина незаборавно.
Голема благодарност и до нашите партнери – Триглав Осигурување Скопје, Тримакс и сите останати кои придонесуваат за реализацијата на иницијативата „Science and Me“. Благодарение на нивната поддршка, учениците ширум Македонија добиваат пристап до квалитетни можности за учење и практична примена на STEM-образованието.
Со оваа активност успешно го заокружуваме уште еден циклус од проектот „Science and Me“ и им оддаваме признание на сите ученици, наставници и партнери кои придонесоа за неговата успешна реализација.
Заедно ја поттикнуваме љубопитноста, креативноста и научната писменост, инспирирајќи ги идните иноватори и научници!




Related News
Отворен повик за ментори 2026/2027: Поддржете ја следната генерација лидери
Пет часа! Иднината на еден млад човек! Во Македо…
Discover MoreMacedonia2025 Advocates for Stronger Diaspora Engagement and Circular Migration
Macedonia2025, represented by its Chief Economist, M…
Discover MoreПетта генерација стипендисти! 52 нови добитници на стипендијата „Атанас Близнакоф“ за студентска извонредност
Педесет и двајца студенти во прва година на прв цикл…
Discover More