Донирај
X

Идни Настани

Отворен повик за ЛИДЕР проект 2019

мај 6, 2019 8:00 am

Дружете Не

Македонија2025 објавува отворен повик за стипендирање на десет талентирани средношколци/студенти

By понеделник, der 11. февруари 2019Announcements

Меѓународната невладина организација Македонија2025 го отвори повикот за прием на апликации во склоп на Фондот за поддршка на талентирани студенти за тековната 2019 година. По успешноста на минатогодишниот пилот-проект, Фондот обезбеди средства да помогне на талентирани млади од Македонија во периодот од 2019-2022. Во текот на оваа година, ќе се стипендираат 10 индивидуи, при што поддршката за секој кандидат ќе изнесува 60 илјади денари.

Кој може да аплицира?

  • Средношколци со успех 5.00 / студенти со просек над 9.00;
  • Добитници на дипломи и награди во областа на природни науки, компјутерско програмирање и друго;
  • Предност имаат студенти/ученици кои доаѓаат од социјално ранливи семејства со финасиски приход во семејството под 22.000 денари месечно;
  • За аплицирање за стипендии во текот на наредните години, избраните кандидати треба да одржуваат контиуниран успех и да имаат развој во постигнувањата

За да аплицирате, Ве молиме следните документи на македонски јазик, да ги доставите електронски на Маја Сталеска – maja.s@macedonia2025.com:

  • Биографија до 200 зборови;
  • Сертификати и дипломи од награди во различни дисциплини;
  • Мотивационо писмо во кое се посочува зошто е потребна поддршката;
  • Релевантни документи за приказ на месечниот финансиски приход во семејството;
  • Препораки од професори/релевантни институции или индивидуи.

Дополнително, Фондот ќе поддржи учество на кандидатите на меѓународни натпревари, менторство и обуки за нивен развој, како и платени пракси во истакнати компании. Техничка поддршка во опрема (компјутер, телефон и друго) исто така ќе биде обезбедена од Фондот.

Крајниот рок за испраќање на документите е 20-ти март. Апликациите ќе ги разгледува комисија составена од истакнати членови и партнери на Македонија2025.

Избраните кандидати кои ги исполнуваат сите наведени услови ќе бидат контактирани до 4-ти април, откако ќе заврши процесот на селекција.

На овој линк можете да слушнете повеќе за впечатоците на тројцата минатогодишни кандидати.

Со почит,

Македонија2025

Go back