
ЗА НАС
Меѓународен, независен, неполитички „think & do tank“ основан во 2007 година од македонски иселеници. Нашата цел е да поттикнеме одржлив економски раст што ќе ги подобри можностите за граѓаните, компаниите и странските инвеститори. Ние опфаќаме широк спектар на програми кои им овозможуваат на иселениците да и вратат на својата татковина.
НАШАТА РАБОТА
РАЗВОЈ И КОНКУРЕНТНОСТ
Посветени сме кон поддршка на конкурентноста на македонските компании, привлекување странски инвестиции и стимулирање на растот и развојот на извозот. Работиме на поддршка за постојан развој на претприемачи, стартап компании и раст кон странските пазари.
РАЗВОЈ НА ЛИДЕРСТВО И ПОДДРШКА ЗА МЛАДИ ТАЛЕНТИ
Ги развиваме лидерските, менаџерските и претприемачките капацитети на врвните македонски лидери на утрешнината, поддржувајќи ги надежните млади таленти да го достигнат својот целосен потенцијал и да станат успешни професионалци.
ПАРТНЕРСТВА И ВРСКИ
Се заложуваме за градење на силни партнерства и заедничка соработка кон градење на посилна нација. Ние претставуваме платформа за сите Македонци ширум светот да се обединат, да помогнат и да се придружат на нашите напори за поддршка на економскиот и демократскиот раст на Македонија.
ПОДОБРУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО БИЗНИС ОПКРУЖУВАЊЕ
Се залагаме за транспарентно општество и општество без корупција преку обезбедување стручно водство и истражување за клучните економски предизвици. Оттука, го подобруваме деловното опкружување и ја користиме поддршката од нашите иселеници за економски напредок на земјата.

МАЈКЛ ЧКЛАМОВСКИ
Претседавач на одборот
на директори
Македонија2025 е непрофитна, неполитичка организација со примарен фокус на економски и лидерски развој, која соработува со бизнис секторот, владата и академијата, со цел генерирање можности и градење капацитети за економски раст, на тој начин помагајќи во градењето на посилна нација.