ОТВОРЕН ПОВИК 2022

ЗА ПРОГРАМАТА

Програма за извршни директори – Зафировски на Македонија2025 во партнерство со Kellogg School of Management (KSM) обезбедува стипендии за македонски бизнис лидери за реномираната Келог програма за извршни директори. Целта на програмата е да ги усоврши вештините и работењето на македонските бизнис лидери и да придонесе кон понатамошен развој на македонската економија и работна сила.

Програмата се состои од тринеделна обука на Kellogg School of Management, Northwestern University, како и дополнителни можности за: менторство, вмрежување и практично учење. Програмата за извршни директори – Зафировски нуди стипендии за следниве две програми:

Програма за развој на извршни директори

Оваа интензивна програма се фокусира на окружувањето во кое работат претпријатијата, клучните функционални области на менаџментот, развој и имплементација на деловната стратегија и промовирање на организациско учење. Со практичен фокус на бизнисот, Келог гарантира дека наставната програма е во чекор со новите предизвици, како и со сложеноста на извршното раководење.

Програма за лидерство во претпријатија

Ако неодамна сте презеле раководна функција во вашето претпријатие или набрзо ќе го сторите тоа, ова извонредно искуство за професионален развој ќе ви помогне да го процените влијанието на вашите лидерски вештини врз вашата организација, да ве подготви да креирате пазари, да поттикнете раст и да ве опреми со потребните вештини да ја водите вашата организација низ предизвиците и можностите на глобалниот пазар на 21 век.

ЦЕЛ НА ПРОГРАМАТА

Во најновите рангирање на американските бизнис школи, Келог е рангирана на второ место од The ​​Economist, на шестото место на US News & World Report и на третото место на Forbes. Дополнително, Kellogg MBA постојано е рангирана како број 1 во Маркетинг од страна на U.S News & World Report. Понатаму, Школата за бизнис на КСМ е рангирана на третото место во Соединетите Американски Држави и на второто место во анкетата на работодавачите во САД.

Македонија2025 сака да изрази благодарност до Келог школата за менаџмент и Фондацијата Робин и Мајк Зафировски за поддршката на програмата за извршен и лидерски развој на Македонија2025. Школата за менаџмент Келог и Македонија2025 имаат заеднички интерес да ги поддржат деловните лидери да напредуваат во кариерата и приватно, со што позитивно ќе влијаат на економијата и општеството. Преку Програмата за образование на извршни директори – Зафировски, Македонија2025 ја исполнува својата мисија да помогне да се создаде просперитетна економска клима и „посилна нација“. Конкретно, програмата е наменета да:

  • ја инспирира следната генерација на бизнис лидери во Македонија;
  • придонесе кон забрзување на економскиот развој преку образование и менторство на извршните директори и промовирање на раст на човечкиот капитал;
  • промовира развој на лидерство, да инспирира и да го унапреди претприемништвото во Македонија;
  • обезбеди пристап до глобално призната обука за извршно раководење на претпријатија;
  • ги ​​поддржи директорите да станат пример за идните генерации; и
  • помогне во градењето на подобра иднина за Македонија.

ЦЕЛНА ГРУПА

  • Извршни директори/ Виши Раководители со 10+ годишно искуство за Програмата за развој на извршни директори (Executive Development Program);
  • Извршни директори/ Виши Раководители со 15+ годишно искуство за Програмата за лидерство во претпријатија (Enterprise Leadership Program);
  • Кандидатите треба да имаат поддршка од Главниот извршен директор на компанијата;
  • Кандидатите треба да се силно мотивирани да учествуваат на програмата и да возвратат кон земјата и Македонија2025.

За сите прашања контактирајте не.

 

Прашај

Поврзани Вести