Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Отворен повик за ЛИДЕР проект 2019

мај 6, 20198:00 am - мај 17, 20195:00 pm

Македонија2025 објавува отворен повик за ЛИДЕР проектот кој по 12-ти пат ќе се одржи од 6-ти до 17-ти мај во Скопје. Ivey School of Business го организира ЛИДЕР проектот уште од 1991-та година. Оваа целосно бесплатна програма претставува десетдневна MBA (Management and Business Administration) работилница, која ги охрабрува и поттикнува македонските претприемачи да развијат локални бизнис решенија, кои ќе создадат нови можности за општествен и економски развој на земјата.

Претприемачите ќе имаат можност да ги развијат своите аналитички вештини и во целост да го развијат чувството за бизнис. Покрај тоа, претприемачите ќе можат одблизу да работат со инструкторите од ЛИДЕР проектот со цел да ги претворат своите идеи во реални бизниси на пазарот или пак да воведат новитети во работењето на својот веќе постоечки бизнис. Без разлика на која група припаѓате, ЛИДЕР проектот ќе ви помогне да стигнете чекор поблиску до реализирање на вашите цели!

Клучни придобивки

  • Ќе се обучите за реални деловни проблеми од областа на финансии, маркетинг, стратегија и развој;
  • Ќе идентификувате клучен деловен проблем или пречка во вашиот бизнис, што сметате дека ќе ја решите преку алатките што ќе ги научите на ЛИДЕР проектот;
  • Ќе се стекнете со вештини за подобрена комуникација и лидерство.

Кој може да аплицира?

  • Претприемачи;
  • Менаџери;
  • Сопственици на компанија;
  • Млади професионалци кои се решени својата бизнис идеја да ја претворат во реалност.

Кога и каде ќе се одржи?

ЛИДЕР проектот ќе се одржи од 6-ти до 17-ти мај.

Предавањата ќе се одвиваат секој работен ден од 12:00 до 16:00 часот во Скопје. Точната локација ќе биде дополнително објавена.

Само на учесниците кои ќе присуствуваат на минимум осум денови од работилницата, ќе им бидат доделени сертификати.

Како да аплицирам?

За да аплицирате, испратете ги следните документи на elena@macedonia2025.com:

  • Апликација во ПДФ формат, која треба да ја пополните, а може да ја симнете ТУКА
  • Биографија до 200 зборови
  • Фотографија во боја

Крајниот рок за аплицирање е 10-ти април 2019.

*Македонија2025 ќе додели стипендии во вредност од 500 американски долари само за кандидатите кои ќе имаат најдобри бизнис идеи или веќе поседуваат стартап компанија. Во зависност од квалитетот на примените апликации, бројот на стипендии може да се разликува од бројот на учесници во претходните години.

Details

Start:
мај 6, 2019 8:00 am
End:
мај 17, 2019 5:00 pm
Event Category:

Organizer

Ivey School of Business
Website:
https://www.ivey.uwo.ca/mba/