ЗА ПРОГРАМАТА

Македонија2025 ја спроведува врвната обука за развој на бизнис и претприемништво: Проектот ЛИДЕР, во соработка со реномираната Ајви бизнис-школа, од Лондон, Онтарио, Канада. Оваа програма е основана во 1991 година од МБА студенти од Ајви бизнис-школата (Ivey Business School), со мандат да им овозможи на потенцијалните претприемачи да креираат, лансираат и/или преземаат нови потфати на глобалните пазари. Преку овој пристап, програмата Лидер има за цел да им овозможи на поединците со висок потенцијал да развијат локални, регионални или меѓународни деловни решенија кои создаваат можности за нивните земји. На оваа десетдневна програма, учесниците имаат можност да учат преку бизнис „студии на случај“, кои се дел од наставната програма на Ајви (Ivey) – МБА (Менаџмент и бизнис администрација).

ЦЕЛ НА ПРОГРАМАТА

Целта на програмата е да ги образува македонските млади професионалци, менаџери, претприемачи и потенцијалните претприемачи за основите на водење бизнис. Учесниците учат како да ги претворат своите бизнис-идеи во реалност или успешно да ги прошират своите постоечки компании во земјата. Со спроведувањето на оваа програма го поддржуваме растот на македонските бизниси и претприемништвото, со што позитивно влијаеме на севкупниот економски развој на земјата.

Програмата е усогласена со мисијата Македонија2025 да помогне во создавањето просперитетна економска клима и „посилна нација“.

КЛУЧНИ ПРИДОБИВКИ

  • Ќе ги научите потребните вештини и алатки за правилно водење на бизнисот преку интерактивниот метод на учење со „студии на случај“;
  • Ќе се стекнете со корисни знаења и вештини за секоја фаза од развојот на бизнисот, поврзани со изработка на стратегија, финансии, маркетинг, промоција, продажба и развој;
  • Ќе имате можност да ги идентификувате најголемите пречки во работењето на вашиот бизнис, во соработка со инструкторите; и
  • По завршување на предавањата, кандидатите ќе имаат можност за индивидуална менторска сесија со некој од инструкторите од Ајви бизнис-школата и/или ментори обезбедени од Македонија2025.

ЦЕЛНА ГРУПА

  • Учесници до 35 години;
  • Претприемачи;
  • Менаџери;
  • Сопственици на компанија;
  • Млади професионалци кои сакаат својата бизнис-идеја да ја претворат во реалност;
  • Сите кои се заинтересирани да ги продлабочат своите знаења од сферата на бизнисот и претприемништвото.

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ

Контактирајте не за повеќе информации

 

Испрати

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ