
Самитот Македонија2025 е главен регионален собир што служи како платформа за споделување знаење, поврзување на организации и инспирација за промена во Југоисточна Европа.
Поради околностите предизвикани од пандемијата КОВИД-19, Самитот оваа година ќе се одржи во хибриден формат за прв пат и ќе се фокусира на светот за време и по глобалната здравствена и економска криза. Учесниците на Самитот ќе обезбедат дискусија, знаење и искуствена размена меѓу владите, медицинските претставници, академските институции, деловните субјекти, невладините организации и другите претставници на високо ниво.

Нена Манчев
Нена Манчев е менаџерка на програмите за лидерски и образовен развој во Македонија2025. Дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје на отсекот за општа економија.
Претходното искуство на Нена Манчев е во јавната администрација каде има работено како раководителка на Одделението за административна поддршка и координација во Фондот за иновации и технолошки развој, како и раководителка на Кабинетот на министерот за финансии при Министерството за финансии на Република Северна Македонија.
Пред да го започне својот ангажман во јавната администрација, Нена има стекнато значајно работно искуство, од околу 15-тина години, во граѓанскиот сектор, работејќи во германската фондација Фридрих Еберт, канцеларијата во Скопје. Таа претежно работела во развивање и спроведување на консултантски програми од областа на политичкото образование, зајакнување и унапредување на политичкиот дијалог и капацитетите на политичките партии, како и програми во областа на развој на социо-економски политики, проекти за социјални праведни реформи, активно граѓанско учество и ангажирање и подобрување на учеството на граѓаните и младите во социјалните дискусии и процесите на донесување одлуки. Нена има особено богато знаење и искуство за концептуализирање и организирање регионални платформи и програми на ЈИЕ, политички и експертски програми за високи политичари/службеници и експерти од Германија и земји-членки на ЕУ, како и за претставници на истите од регионот на ЈИЕ. За време на нејзината кариера во Фондацијата, покрај позицијата координаторка на програми, паралелно цели 6 години таа била на позициите раководителка за финансии и сметководство, а две години работела како раководителка на канцеларијата.