Впечатоци од Глобалниот Инвестициски Самит на Македонија2025 во Охрид, 2013

Инвестицискиот самит што се одржа во Охрид во 2013 беше еден од најуспешните настани од тој вид што било кога се одржал во Македонија. Значајниот број на признаени професионалци кои учествуваа како говорници, претставуваше огромен придонес во разговорот на тема економски развој, што се однесува на Македонија.

На овој самит како гости и учесници присуствуваа поранешниот извршен Директор на Моторола Крис Гајлвин, одговорниот за човекови ресурси на Унилевер Сенди Ог, извршниот финансиски Директор на Нокиа Солушнс & Нетворкс Сами Елхаџ, главниот стратешки Директор на банкарските и финансиски услуги на Когнизант Куртис Жируд, извршниот Директор на Ван Хол Белгија Филип ван Хол и многу други.

Освен меѓународните гости, на самитот во Охрид присуствуваа коосновачи и членови на Македонија2025 како Мајк Зафировски, Џон Битов, Вера Ставров, Роберт Арсов, Митре Кутаноски, професорот Миле Терзиовски и други, кои беа придружени од претставници на Владата на Македонија, од македонски професионалци ширум светот, како и од деловни луѓе што живеат и работат во Македонија.

ВПЕЧАТОЦИ ОД САМИТОТ ВО 2013

Кристофер Галвин, коосновач и Претседател на Harrison Street Capital и поранешен извршен Директор на Моторола: „Вашата земја ја понуди архитектурата што може да претставува патоказ за успех и за други земји. Сега таа стратегија треба да се имплементира. Мошне е важно тоа што ја имате способноста да ги обучите луѓето и да им помогнете да се развијат, затоа што луѓето се главната вредност на секоја компанија, како и за секоја земја. Настани како самитот исто така придонесуваат земјата да биде покомпетитивна“.

Филип Ван Хол, извршен Директор на Ван Хол Белгија: „Овој самит е екстремно значаен настан каде што се стекнуваат деловни контакти и каде што се дискутираат разните искуства“.

Др. Јана Марин, помошник извршен Директор на Ачибадем Систина: „Македонскиот инвестициски самит 2013 беше неверојатна можност да се стекнат контакти со глобалната бизнис елита. Ова беше настан каде што човек може гледа и да учи, да разменува искуство по значајни теми- на пример, кој е патот до успехот, како да се напредува- што е најтешкиот дел, како да се остане на врвот“.

Една од темите на настанот беше ПОДОБРУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА КОМПЕТИТИВНОСТ ПРЕКУ ПРЕТПРИЕМНИШТВО И ИНОВАЦИЈА. Претставниците на македонската деловна заедница и на владата на меѓународните гости им ги претставија подобрувањата што се спроведоа во Македонија во минатите неколку години. Потоа беа претставени и поддржани податоците од Светската банка, Глобалниот индекс на иновација, Известувањето за глобална кометитивност и други анкети и индекси, со кои учесниците беа запознаени како дополнителен поттик за инвестирање и соработка во Македонија.

Резултатите од самитот се видни. Две години подоцна, повеќе од десет компании инвестираа во Македонија. Ова е учинокот што може да се постигне благодарение на настани како самитот на Македонија2025. Организацијата е посветена на продолжување на ваквите подвизи преку обновување на дискусијата за инвестиции, напредок и развој на следниот голем настан- Македонскиот Економски Самит. Оваа година на на самитот поканивме познати професионалци кои ги поместуваат границите во светот на науката, бизнисот и развојот. Тие ќе дискутираат на тема Македонија и развој, низ призмата на економската интеграција со нашиот регион, со Европа, и за тоа, како да се заграбат глобалните трендови што се клучни за донесување просперитет во земјите во развој.

СЕНДИ ОГ: ПЕТТЕ РАБОТИ ШТО ТРЕБА ДА ГО СОЦЕЛУВААТ СЕКОЈ ЛИДЕР

S

Сенди Ог, кој беше главен говорник на гала вечерата во Охрид, сподели со гостите листа со практични совети за сегашните и идните лидери.

Има пет работи што сакам да ги споделам со вас, што се резултат на моето 25 годишно искуство во спроведување промени во големи системи. Се уверив во функционалноста на оваа листа благодарение на последното искуство во работата, во компанијата Блекстоун, преку надзор на осумдесете компании што ги водиме, и така ги следам успесите и неуспесите на извршните директори. Некои луѓе велат дека извршноста во деловниот свет е стратегија, а стратегијата се извршува на терен. Јас ќе додадам едно нешто на тоа: извршноста плус навременоста се еднакви на мобилизација…

Петте основи на лидерството на Сенди Ог ќе ги споделиме во следното известување за најдобрите моменти од самитот во Охрид во 2013, затоа ве поканувам да навратите на нашата веб страна и социјални медиуми.

Read the full transcript of Sandy Ogg’s Envision, Energize, Edge, Execute and Ethics presentation.

PRE-SUMMIT ENTREPRENEURSHIP WORKSHOP

Во 2013, коосновачот на Македонија2025 Мајк Зафировски покани неколку помлади професионалци со македонско потекло, кои стекнале меѓународно деловно искуство, како Емил Христов- тогашен сопственик и претседател на EMSA Construction и EMSA Solar и Крис Павловски- основач и директор на Cosmic Development. И Емил и Крис дел од работните процеси на нивните компании ги префрлија во македонија, каде што покрај тоа што вработуваат млади луѓе, пренесуваат и знаење и водачки вештини. На настанот го поканивме господинот Камран Озаир кој е извршен заменик директор на Mindtree Limited, каде што во изминативе неколку години извршувал повеќе одговорни функции. Братислав Станкович- советник за наука и технологија на Претседателот на Република Македонија, придонесе во оваа конференција со негови видувања за состојбите и напредоците во неговата сфера.

Оваа година ќе го повториме овој ексклузивен настан за младите професионалци, кој е насловен LEADERSHIP TALKS, каде што ќе поканиме возбудливи говорници кој ќе го пренесат своето најдобро до аудиториумот. Да напоменеме дека, исто како и минатогодишниот настан, и овој ќе биде бесплатен за јавноста. Датумот и местото на настанот ќе бидат објавени со тек на време, како и линкот за регистрирање. Ве покануваме да ги следите нашите активности на интернет за да го обезбедите вашето присуство.

www.macedonia2025.com/summit | #MK2025SUMMIT