Програма за извршни директори – Зафировски

Повикот за 2019 е затворен.

Македонија2025 потпиша ексклузивен договор со Kellogg School of Management (KSM), со цел да обезбеди стипендии за нивните глобално реномирани програми за лидерски развој, кои спаѓаат под нашата Програма за извршни директори – Зафировски, што беше официјално отворена на Самитот Македонија2025 во 2016-та година.

Програмата ги усовршува вештините и работењето на македонските менаџери, а со тоа придонесува за понатамошен развој на македонската економија и работна сила. Kellogg School of Management е дел од Northwestern University, чија бизнис-школа е рангирана прва во светот според анкетата на The Economist за 2017 година.

Програмата се состои од тринеделен курс во Kellogg School of Management, Northwestern University, како и дополнителни можности за менторство, вмрежување и практично учење.

Kellogg School of Management и Македонија2025 имаат заеднички интерес за обезбедување на квалитетно образование од светска класа на бизнис-лидерите од Македонија. Ова ќе ги зголеми нивните вештини и перформанси, со што ќе придонесе за зголемен развој на македонската економија и работна сила. Бизнис-школата е рангирана на трето место во САД, а е втора според истражувањето на US Employer Survey. Македонија2025 им се заблагодарува на Kellogg School of Management, како и на Фондацијата на Робин и Мајк Зафировски за поддршката на оваа образовна програма за лидерски развој на Македонија2025.

„Се восхитуваме на мисијата на Македонија2025 и со задоволство ќе бидеме дел од оваа возбудлива нова програма која започнува на почетокот од 2017-та година, што ќе помогне да се обучат идните бизнис-лидери од Македонија“.

Вил ГаретГлавен оперативен директор и Професор по менаџмент во Kellogg School of Management

Целна група:

  • Извршни директори/ Раководители-сениори со 10+ годишно искуство за Програмата за извршен развој (Executive Development Program);
  • Извршни директори/ Раководители-сениори со 15+ годишно искство за Програмата за напреден менаџмент (Advanced Management Program);
  • Кандидатите треба да имаат поддршка од Главниот извршен директор на компанијата;
  • Кандидатите треба да се силно мотивирани да учествуваат на програмата и да возвратат кон земјата и Македонија2025.

КАКВО ВЛИЈАНИЕ ЌЕ ИМА ОВАА ПРОГРАМА ЗА ЛИДЕРСКИ РАЗВОЈ?

  • Ќе ја инспирира следната генерација на бизнис-лидери во Македонија;
  • Ќе стимулира економски развој преку промовирање на странски инвестиции и можности за извоз на македонските компании;
  • Ќе обезбеди пристап до глобално призната образовна обука за извршни директори;
  • Ќе се осигура дека овие извршни директори ќе станат пример за идните генерации;
  • Ќе инвестира долгорочно во човечкиот капитал – да се едуцираат и менторираат извршните директори, а со тоа да го поддржат економскиот развој преку иновативно бизнис лидерство;
  • Ќе помогне во градењето на посилна иднина за Македонија.