ЛИДЕР Проект

Проектот ЛИДЕР е овозможен од Македонија2025 во соработка со Ричард Ајви бизнис школата, од каде потекнува оваа МБА програма. Ова е единствена можност за младите професионалци и претприемачи од Македонија да учат од професионалци од областата на бизнисот и економијата кои ги подготвуваат идните бизнис лидери на Канада. Десетдневниот курс кој се одвива во Скопје е исполнет со интерактивно учество наменето да ги подготви учесниците за највашните работи во бизнисот, како што се брендирање на производ, воведување на нови производи, развивање стратегии, финансирање, претварање на идеја во одржлив бизнис и др. Учесниците доаѓаат со својата бизнис идеја или првичен бизнис план, кој во текот на овие десет дена ќе се развие во нешто што може да расте. Македонија2025 е горда што ја има поддршката на Амбасадата на Канада во Србија, Македонија и Црна Гора во организирањето на овој проект.

Отворен повик: Февруари

Лидер Проект 2018: 1 Недела

Лидер Проект 2018: 2 Недела

Лидер Проект 2017: 1 Недела

Лидер Проект 2017: 2 Недела

Лидер Проект 2016: 1 Недела

Leader Project 2016: Затварање

Успешни приказни