Што претставува програмата за претприемачи на семејството Битов?

Програмата за претприемачи-Битов, е основана во соработка со CESO (Canadian Executive Service Organization). СЕЅО е канадска организација со 50 годишнo искуство во меѓународниот економски развој. Организацијата работи на развој на приватниот сектор и на зацврстување на структурите кои ги водат економските и општествените промени на локално, национално и меѓународно ниво.

Македонија2025 има заедничка мисија со СЕЅО, да влијае на подобрување и зајакување на конкурентноста на македонските компании. Советниците на СЕЅО, кои се професионалци со богати професионални кариери, ќе работат на конкретни предизвици со кои македонските компании се соочуваат секојдневно. Канадските советници, според својата експертиза ќе бидат поврзани со компанија и ќе дојдат во Македонија со цел да работат заедно со македонските претприемачи на развој на нивната компанија.
Македонија2025 обезбедува грантови во вредност од $5000. Овој грант целосно ја покрива тарифата за советникот како и неговиот превоз до Македонија. На компаниите останува да обезбедат сместување, оброци и локален транспорт за советникот.

Кој може да се пријави?

Програмата е наменета за микро, мали и средни претпријатија кои ги исполнуваат следните услови:
• Сопственик и управител на компанијата е македонски државјанин и жител
• Минимум постоење од една година
• Извозно ориентирани
• Најмалку еден член на компанијата на соодветно ниво, кој ќе работи заедно со советникот, течно да говори англиски јазик,
• Во добра финансиска состојба (има можност за спроведување на промените и препораките од советникот)
• Соодветно ниво на подготвеност и ресурси за да прими советник во својата компанија
• По можност да работи во следните индустрии: ИКТ, агрибизнис, алтернативни извори на енергија, туризам и угостителство, обработка и процесирање на храна…

За повеќе информации: gordana@macedonia2025.com