Фонд за поддршка на талентирани млади

Годинава го формиравме новиот Добротворен фонд за талентирани студенти од ранливи категории. Пет проценти од сите донации се пренасочуваат кон овој добротворен фонд за поддршка на млади талентирани луѓе, така помагајќи им во дополнително развивање на нивните вештини и таленти.

Исто така, 100% од сите донации на нашите членови на Клубот на амбасадори, вклучувајќи производи како преносни компјутери и паметни телефони, веќе се доделени на тројца интелегентни студенти, кои ни ги стоплија срцата со својот талент, скромност и достоинство! Наскоро ќе ги промовираме нивните целосни приказни, затоа следете нѐ и приклучете се кон нашата хумана кауза преку донирање во добротворниот фонд.