Летно патување за млади професионалци од дијаспората

Целта на летното патување за млади професионалци од дијаспората е да се поттикнат младите Македонци од целиот свет да ги обноват врските со земјата, па така да ги пронајдеме нашите идни амбасадори кои ќе бидат подготвени да возвратат кон Македонија! Програмата успешно се реализира од 2015-та година и веќе брои 18 алумни.

Учесниците на Летното патување за млади професионалци од дијаспората имаат единствена можност да ја збогатат својата кариера и истражат можностите за водење бизнис. Програмата е пример како Македонија2025, македонските компании и институции можат да им овозможат на младите луѓе од дијаспората простор за професионален и личен развој.

Претседавач на Летното патување за млади професионалци од дијаспората е г-н Живко Мукаетов – Претседател на Управниот одбор и Генерален директор на Алкалоид АД Скопје (водечка фармацевтска компанија во Југоисточна Европа од Македонија) и член на Одборот на директори на Македонија2025.

Летното патување за млади професионалци од дијаспората вклучува:

  • Двонеделна пракса во реномирана македонска компанија или организација;
  • Посета на неколку градови, познати археолошки локалитети и историски локации низ Македонија;
  • Настани за вмрежување кои претствуваат добра основа за идна соработка помеѓу учесниците и македонските компании;
  • Можност за подобро осознавање на македонската кујна, обичаи и култура;
  • Шанса за едно поинакво, незаборавно лето со многу културни и забавни активности.

* Македонија2025 ги покрива трошоците за сместување за време на патувањето. Сите други трошоци треба да бидат покриени од страна на учесникот.

ВРАТИ се во Македонија! Научи, напредувај, запознавај нови луѓе и искористи го ова искуство, за да еден ден ВОЗВРАТИШ кон земјата како амбасадор, инвеститор или донатор.

Летно патување за млади професионалци од дијаспората 2018

Летно патување за млади професионалци од дијаспората 2017

Летно патување за млади професионалци од дијаспората 2016