Студиската тура за извршни директори и менаџери во Торонто

Превземете го Отворениот Повик ТУКА

Превземете ја Формата за Аплицирање ТУКА

Македонија 2025 нуди можност за учество на образовна програма која претставува комбинација од курс за менаџерски/ лидерски развој на еден од најдобрите извршни образовни центри во Северна Америка, заедно со пракса во реномирана компанија.

Програмата е конциипирана на тој начин што на врвни македонски Извршни директори им овозможува западно искуство, преку пристап до најдобри извршни образовни курсеви, како и реална работа во северноамериканска компанија..

Програмата се спроведува во соработка со Извршниот образовен центар Шулих (SEEC) на Универзитетот Јорк во Торонто, Канада. SEEC е составен дел од бизнис школата Шулих на истиот универзитет. SEEC нуди образование кое е фокусирано, практично и веднаш применливо. Интересот за спроведување на вакво извршно образование кај професионалците од Македонија е присутен кај двете страни. Програмата ги усовршува вештините и капацитетите на бизнис-професионалците, во чекор со најновите светски трендови. Програмата, исто така, нуди уникатна можност за вмрежување, што им помага на компаниите ориентирани кон извоз да ги промовираат своите производи и услуги ширум светот.

Бизнис школата Шулих, како дел од Универзитет Јорк во Торонто, Канада е рангирана меѓу првите 10 светски школи за бизнис од The Financial Times, Forbes Magazine, BusinessWeek, The Wall Street Journal и the Economist. Основана во 1966 година, во бизнис школата Шулих работат повеќе од 750 луѓе.

Факултетот и студентското тело при Шулих располагаат со широка културна разноликост. Факултетот е составен исклучиво од практичари и академици, и секој од нив е признат лидер и иноватор во својата област. Извршниот развој во Шулих се одвива преку учење кое е фокусирано, практично и веднаш применливо во работата.

За повеќе детали во врска со Студиската тура за извршни директори и менаџери во Торонто, контактирајте нѐ на elena@macedonia2025.com