ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ВЕБ СТРАНАТА НА МАКЕДОНИЈА 2025
Оваа Политика на приватност МАКЕДОНИЈА 2025 Ви доставува информации за обработката на лични податоци при Ваша посета на оваа веб страна, вклучувајќи информации за нашиот офицерот за заштита на личните податоци, лични податоци кои ги обработуваме, начин на кои ги собираме на личните податоци, цел на обработката, период на чување на личните податоци, корисници на личните податоци, како и Вашите права по однос на личните податоци и правото да ја повлечете Вашата согласност за обработка на личните податоци.
КОНТРОЛОР
Контролор на личните податоци кои ги обработуваме преку веб страницата е МАКЕДОНИЈА 2025 Огранок во Република Македонија, со седиште на ул. „8-ма ударна бригада“ број 20А, Скопје и ЕМБС: 6732445.
ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Офицер за заштита на личните податоци е Дијана Станчевска, со e-mail адреса dijana@macedonia2025.com до која можете да се обратите во случај на потреба од информација за Вашите права од областа на личните податоци.
СУБЈЕКТИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ, ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ, НАЧИН НА КОЈ ГИ СОБИРАМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Лични податоци кои доброволно ни ги доставувате:
- Податоци кои ги доставувате при регистрација на платформата “Connect2MK”:
– име и презиме;
– e-mail адреса;
– занимање;
– земја на живеење;
– регион на живеење;
– телефонски број за контакт;
– податоци содржани во документите кои ги доставувате при регистрацијата;
- Податоци кои ги доставувате во полето Постави прашање:
– име;
– е-mail адреса;
– земја на живеење;
– име на компанија;
– лични податоци содржани во пораката, доколку ги има;
- Податоци кои ги доставувате во полето Контакт:
– име и презиме;
– e-mail адреса;
– лични податоци содржани во пораката, доколку ги има.
Други податоци кои се собираат при Вашата посета на веб страницата
При Вашата посета на веб страницата може да се собираат и други податоци, како IP (интернет протокол) адреса, интернет пребарувач од кој е пристапено и слично, при што не се врши Ваша идентификација.
ЦЕЛИ НА ОБРАБОТКАТА
Вашите лични податоци кои ни ги доставувате при регистрација на Платформата “Connect2Mk” ги обработуваме единствено за остварување на целите за кои е основана Платформата „Connect2Mk“, односно за поврзување на Понудувачите на услуги со Побарувачите на услуги, со цел остварување на меѓусебна соработка, согласно Општите услови достапни при регистрацијата.
Останатите лични податоци кои ни ги доставувате во полето Контакт и полето Постави прашање ги собираме доколку ни се обратите со одредена порака или прашање, а со цел олеснување на Вашата комуникација со МАКЕДОНИЈА 2025.
КОРИСНИЦИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Личните податоци кои ги прибираме не ги споделуваме со трети страни, освен при процесот на посредување, односно спојување со цел остварување на потенцијална соработка со одреден Побарувач на услуги со Побарувач на услуги на платформата “Connect2Mk”, кој се одвива на следниот начин:
Имено, доколку процениме дека одреден Побарувач на услуги би можел да биде заинтересиран за услугите на Понудувач на услуги, по претходна согласност на Понудувачот на услуги по пат на e-mail, можеме да им испратиме име и презиме, e-mail адреса, работно место и компанија до Побарувачот на услуги со цел остварување на меѓусебен контакт.
Останатите лични податоци не ги доставуваме на користење на трети лица, освен доколку сме законски обврзни за истото.
ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Податоците кои ги доставувате преку Платформата Connect2Mk ги чуваме сè додека имате активен профил. Профилот можете да го деактивирате било кое време.
Податоците кои ни ги доставувате преку полето Контакт и/или полето Постави прашање ги чуваме во зависност со содржината на пораката, согласно законот и нашите интерни акти.
ВАШИ ПРАВА ВО ВРСКА СО ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се следните:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци;
- право на пристап до личните податоци;
- право на исправка и бришење на личните податоци;
- право на ограничување на обработката на личните податоци;
- право на приговор;
- право на поднесување на барање до АЗЛП согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.
ПОВЛЕКУВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ
Имате право во секој момент да ја повлечете согласноста за обработка на личните податоци кои ги обработувме по тој основ преку барање испратено до нашиот офицер за заштита на личните податоци.
Повлекување на согласноста не влијае на законитоста на обработката која била заснована на согласноста пред истата да биде повлечена.
ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ
Политиката за приватност може да претрпи одредени измени кои ќе имаат важност од денот на нивно објавување.