ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НАШИОТ ПРЕДЛОГ ЗА КОРПОРАТИВНО ПАРТНЕРСТВО ЗА 2019 ТУКА!

Македонија2025 ги прифаќа корпоративните донации. Ова би било најдобар начин да станете партнер на MK2025 и да ги поддржите нашите достигнувања.

Со партнерството, ние можеме да и дадеме важност на вашата организација во текот на нашите најдобри настани, како што се инвестициски самити, бизнис форуми, мрежни настани, добротворни активности и настани за собирање на средства.

Ќе добиете видливост и глобална промоција преку специјален простор само за вашата компанија на нашата веб-страна и други алатки за комуникација кои допираат до повеќе од 2500 професионалци на глобално ниво. MK2025 исто така, може да биде посредник помеѓу спонзорот и македонските професионалци од целиот свет.

Дозволете ни да ви кажеме повеќе за можноста да ја поддржите Македонија2025 и конкретните придобивки што вашата компанија може да ги добие со тоа што ќе стане корпоративен спонзор. Ве молиме пишете ни на director@macedonia2025.com или телефонирајте ни директно на +3892 3218 631 или +389 70 22 77 25.

Партнери