Под покровителство на претседателот на Северна Македонија, Н.Е. Стево Пендаровски

ЗА ПРОГРАМАТА

Охрид Кампот за високо-технолошка извонредност е еднонеделна програма што се одржува во Охрид, Северна Македонија. Учесниците следат наставна програма испорачана од сертифицирани СТЕМ предавачи, со цел понатамошно развивање на нивните вештини за кодирање и роботика. Испораката на програмата се фокусира на современи, високо ефективни методи на настава и учење, кои се состојат од теоретски и практични сесии на средно/напредно ниво на кодирање и роботика. Учесниците работат во групи или во парови за да завршат прилагоден проект и добиваат сертификат за завршување на програмата.

ЦЕЛ НА ПРОГРАМАТА

Програмата е усогласена со мисијата на организацијата да изгради силни партнерства и врски ширум светот. Посветени сме на градење силни партнерства и задничко работење кон градење на посилна нација. Претставуваме платформа за сите Македонци ширум светот да се обединат и да се приклучат кон нашите напори за поддршка на економскиот и демократскиот раст на нашата земја.

Оваа програма, особено, има за цел да им даде можност на младите лица од Македонија и од дијаспората од целиот свет да создадат мрежи, да воспостават пријателства, да ја зајакнат и надградат домашната македонска култура, да ја истражуваат локалната природа и нашето културно наследство и да ја искусат македонската кујна и специјалитети. Сето ова, додека учениците ги подобруваат своите вештини за кодирање и роботика.

Patron of the Camp:
The Ohrid Hi-Tech Excellence Camp is financially supported by:

КЛУЧНИ ПРИДОБИВКИ

  • Подобрување на високо-технолошките вештини на младите луѓе;
  • Промовирање на поголемо запишување на млади, а особено млади жени, од ранливи социо-економски средини во СТЕМ (наука, технологија, инженерство и математика);
  • Воспоставување врски и мрежи меѓу младите Македонци кои живеат во Македонија и младите од дијаспората и поддршка на меѓукултурните размени меѓу нив;
  • Воспоставување и зајакнување на врската на младите членови на дијаспората со нивната татковина, развивајќи го нивното чувство за враќање на нашата татковина/заедница; и
  • Интеракција со некои од врвните лидери во земјата, вклучително и претседателот на Северна Македонија и врвни бизнис лидери од земјата со интегритет, со цел пренесување на вредносит кон новите генерации.

ЦЕЛНА ГРУПА

  • Млади лица македонци или со македонско потекло на возраст 11-15 години од земјава и од странство
  • Учесници заинтересирани да ги продлабочат своите знаења од областа на кодирањето и роботиката.

ИСКУСТВА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ