Многу меѓународни компании одлучија да го лоцираат своето производство во Македонија. Овие странски инвестиции создадоа илјадници работни места преку директно вработување на луѓе, но и преку обезбедување можности за домашните добавувачи. Иако ова е одлична вест за Македонија, земјата има потреба од повеќе
инвестиции, особено во територијата на малите и средни претпријатија (МСП), кои главниот дел на секоја економија.
Македонците во дијаспората се во единствена позиција да инвестираат или да го поддржат отпочнувањето на нови претпријатија. Има многу луѓе од Македонија кои станаа успешни бизнис сопственици и професионалци во земјите каде што живеат. Што ако за овие луѓе дојде време за нов предизвик? Зошто Македонија да не стане место за инвестирање?
Среќни сме што можеме да кажеме дека покрај големите компании постојат и мали и средни претпријатија кои инвестирале во Македонија, кои се странци и кои немаат
културна или етничка врска со Македонија. Воодушевени сме што гледаат можности во земјата и се надеваме дека ова ќе биде уште една причина за луѓето од дијаспората да дојдат тука и да инвестираат.
За да стапите во контакт со нас, контактирајте со: dimitar@macedonia2025.com