Од јуни 2019 година, започнавме со нова онлајн кампања наречена „Youth Diaspora Voices“. Оваа иницијатива ги промовира успешните млади професионалци од Македонската дијаспора ширум светот, а со тоа им дава можност да ги зајакнат своите врски со татковината. Исто така, ги потенцира нивните достигнувања и успешни приказни, што пак претставува одлична промоција на нашата земја. Меѓу другото, кампањата има за цел да инспирира што поголем број на млади луѓе од македонско потекло подобро да се запознаат со Македонија2025 и понатаму да се вклучат во нашите програми/ активности.