Биди пример и поддржи девојки во технологија!
Македонија2025, во партнерство со Фондацијата Ана и Владе Дивац – Србија и Women In Tech Macedonia, Ве кани да се вклучите во активностите за мотивирање и поддршка на младите девојки за избор на образование и кариера во некоја од областите на СТЕМ (Science, Technology, Engineering and Mathematics).
Веруваме дека со споделување на Вашата успешна приказна и искуства, заеднички ќе ја подигнеме свеста и ќе ги намалиме стереотипите во средините во кои ќе дејствуваме, но и во општеството во целина. Поддржете нѐ заеднички да ја разбиеме поделбата на „машки„ и „женски„ професии, односно да ги насочиме и да им помогнеме на младите девојки, да го остварат својот сон.
Вашиот интерес можете да го искажете на следниов линк (краток прашалник кој не би ви одземал повеќе од 10-тина минути од вашето време).
Програмата „SТЕМ IT like a girl„ или „СТЕМувај како девојка„ е поддржана од Амбасадата на Канада во Србија, Северна Македонија и Црна Гора и Владата на Република С. Македонија.
Повеќе за програмата „SТЕМ IT like a girl„ или „СТЕМувај како девојка„ може да погледнете тука.
За повеќе информации обратете се на Нена Манчев, 070/267820 или пишете ни на nena@macedonia2025.com.
Однапред се радуваме на вашиот позитивен одговор и заедничката посветеност во промоција и поддршка на младите девојки да го следат „својот„ пат во нивното образование, односно да го реализираат целосно својот потенцијал.