Врз основа на член 4 од Законот за практиканство („Службен весник на Република Северна Mакедонија“ број 98/2019 и 103/2021), Македонија2025, распишува оглас за ангажирање на еден/на практикант/ка за воспоставување и организирање на е-архива.
Услови кои треба да ги исполнува практикантот/ката:
– Да не е во работен однос;
– Да не е постар/а од 28 години;
– Да има дипломирано или да е студент на завршна година на студии во прв или втор циклус;
– Да поседува самоиницијативност, одлучност и желба за учење, деталност и прецизност;
– Да има одлично познавање на англиски јазик;
– Да има познавање на Microsoft Office пакетот.
Што очекуваме од нашите практиканти?
– Одговорен пристап кон задачите и активно учество во процесот на практикантската работа;
– Преземање иницијатива и креативност;
– Желба за здобивање на практични работни вештини.
Кандидатите/ките ќе бидат ангажирани на период од три (3) месеци со можност за понатамошно соработување. Работнoто време на практикантот е 40 часа неделно (полно работно време од 8.30 -16.30 часот). Практикантот има право на надоместок за практикантската работа утврден согласно Законот за практиканство.
Заинтересираните кандидати/ки потребно е да испратат професионална биографија (CV) во ЕУ формат и мотивационо писмо на office@macedonia2025.com со назнака на пораката: “По оглас за практиканти/ки”, најдоцна до 1 април 2022 година.
Само потесно селектираните кандидати/ки ќе бидат контактирани и повикани на интервју, а изборот ќе се изврши најдоцна до 15 април 2022 година.