Димитар Џорлев е стипендист на Македонија2025 и е ученик во втора година во СОУ „Јане Сандански” во Струмица.
Димитар има освоено многубројни награди и има учествувано на повеќе интернационални олимпијади по математика, информатика, биологија и географија, на државно и меѓународно ниво.
Во 2018 година тој го земал златниот медал на Јуниорската Математичка Олимпијада. Истата година, тој го освоил бронзениот медал на Светската Јуниорска Олимпијада по природни науки, која се одржала во Габороне, Боцвана и го има освоено бронзениот медал на Јуниорската Балканска Олимпијада по математика во Родос, Грција. Димитар бил учесник во тимот на Македонија на Европска и на Светска Олимпијада по Физика во 2019 година.
Исто така, Димитар бил прогласен за апсолутен шампион на Експерименталната Олимпјада по Физика во 2019 (најдобар од сите категории) во II година.
„Ми претставува огромна чест да ја претставувам сопствената држава. Се гледам себеси како инжинер во сферата на роботиката и би сакал да развивам нови технологии со кои ќе се усовршува нашето живеење” – вели младиот средношколец.
Ланската година, Димитар ја освои наградата “Златна Почест” на меѓународниот натпревар по Астрономија и Астрофизика.