Средното образование е клучно при насочување и поттикнување на учениците во изборот на понатамошно образование и кариера. Токму затоа, изминатиот период бевме навистина активни со проектот “СТЕМувај како девојка” и организиравме серијал од предавања на врвни македонски жени (од земјава и дијаспората) кои своето образование и понатамошна кариера го имале/имаат во областите на СТЕМ (наука, технологија, инженерство и математика).
Одржавме вкупно 8 мотивациски предавања во средните училишта во Скопје, Тетово, Битола, Берово и Пехчево, при што опфативме над 800 ученици од 3та и 4та година. Предавањето ги реализирале во период од 29.10-8.11.2021 година.
За време на предавањaтa спроведовме и анонимно истражување за главните бариери со кои се соочуваат младите ученички за да развијат желба и аспирација кон кариерен развој во СТЕМ областа (пред и по предавањето). Врз основа на наодите од истражувањето, ќе се развијат и предложат мерки и препораки за јавни политики за намалување на главните бaриери до сите релеватни чинители во нашата земја, но и регионот.
Во оваа прилика би искажале голема благодарност пред сé до директорите и наставниците од средните училишта, кои ја поддржаа иницијативата и ни дозволија да ја реализираме програмата:
- Средно училиште на Град Скопје “Орце Николов” – Скопје
- Средно училиште “Ацо Русковски” – Берово (со дисперзирани паралелки во Пехчево)
- Средно училиште на Град Скопје “Раде Јовчевски – Корчагин” – Скопје
- Средно училиште „Кирил Пејчиновиќ„ – Тетово
- Средно училиште “Јосип Броз Тито” – Битола
- Средно училиште на Град Скопје “Никола Карев” – Скопје
- Средно училиште на Град Скопје “Јосип Броз Тито” – Скопје
- Средно училиште на Град Скопје “Зеф Луш Марку” – Скопје
како и до нашите пријателки и поддржувачки – говорничките кои се приклучија и ја споделија својата инспиративна приказна (наведени по датум на одржување на предавањето):
- Јана Клопчевска, продеканка за настава на Технолошко-металуршкиот факултет, УКИМ Скопје
- Викторија Дранговска, главна извршна директорка и ко-основачка на Codeit Solution
- Олга Рајчиќ, ко-основачка на Челенџер
- Гордана Мишевска, oсновачка и менаџерка на Едукативен центар за компјутерско образование „Едуфронт“ Скопје
- Mарта Наумовска Грнарова, основачка и генерална директорка на компанијата Завар
- Aнета Антова Пешева, почестен конзул на Канада во С.Македонија, претседателка на МАСИТ – Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии и генерална менаџерка на Ultra/Unet Group
- Влора Адеми, ко-основачка и главна извршна директорка на Digicube
- Дора Локвенец, Web Designer
- Елизабета Мемца, ко-сопственичка на AMC Advisor и Главна советничка во :IWConnect, Хјустон, САД
- Марија Ферро, електро инжењерка; Координаторкa на Cloud ops академија и CISCO инструкторка
- Елена Петреска, Industrial Communication Engineer @ Pepperl+Fuchs. | инженерка за IOT комуникациски протоколи
- Ивана Јанкова – Сопственичка и дизајнерка на брендот YANK, Оперативен менаџер во Digital Presentv
- Дина Дамјановиќ, Генерална менаџерка и Front-end developer за Rigilog во Скопје, ко-основачка на Ways2Help
- Елисавета Нојковска – Microsoft CEE HQ, Industry Advisor Higher Education
- Маријана Андрич – Основачка и Главна извршна директорка на Marand Consultants
Веруваме дека со споделување на успешни животни приказна и искуства, заеднички успеваме да ја подигнеме свеста и да ги намалиме стереотипите во средините во кои дејствуваvме, но и ќе влијаеме на општеството во целина.
Се надеваме дека успеавме да ги насочиме и да им помогнеме на младите девојки да го остварат својот сон за СТЕМ кариерите, и ќе влијаеме кон зголемување на бројот на потенцијални студентки во високообразовните институции во СТЕМ областа, намалување и запирање на одливот на мозоци, како и моделирање на кадар кој е високо побаруван на пазарот на труд со вештини, искуство и барање.
Македонија2025 ја спроведува програмата „СТЕМувај како девојка„ во партнерство со Фондацијата Ана и Владе Дивац – Србија и Women In Tech Macedonia.
Програмата „SТЕМ IT like a girl„ или „СТЕМувај како девојка„ е поддржана од Амбасадата на Канада во Србија, Северна Македонија и Црна Гора и од Владата на Република С. Македонија.
Погледнете мал дел од атмосферата во текот на мотивациските предавања преку фотографиите во прилог.