Откако ќе го достигне врвот во 2023 година, бројот на македонското население ќе опадне на 1,5 милиони жители до 2100-та година: намалување од 30 отсто во 2018 година. Исто така, населението ќе биде многу постаро во 2100-та година; повеќе од половина од населението ќе биде над 65 години. Без значителни промени во политиката, иднината на Македонија ќе донесе понизок економски раст и буџетски тешкотии.
Додека светската популација расте, населението во Македонија и Европа се намалува
Според проекциите на населението на ОН за 2017 година, светското население ќе се зголеми за 47 отсто помеѓу 2018 и 2100 година, достигнувајќи 11 милијарди. Водечките континенти на листата се Африка (247 проценти), Океанија (74 проценти) и Северна Америка (37 проценти). Во споредба со 2018 година, Европа е единствениот континент каде што се очекува населението да биде пониско во 2100 година (-12 проценти).
Проектираниот пад на населението во Македонија од -30 проценти до 2100-та година одговара на проекцијата за поголемиот дел од Европа (графикон 1). Падот е уште посериозен за многу од соседните земји на Македонија. Помеѓу 2018 и 2100-та година, бугарското население ќе падне за -45 проценти, албанското за -44 проценти, српското за -38 проценти, босанското за -37 проценти и грчкото за -33 проценти. Додека светската популација расте, населението во Македонија и Европа се намалува.
Graph 1:
Сепак, не се бележи пад на популацијата во цела Европа, се очекува населението во Северна Европа да порасне за 21 отсто; важно е да се споменат и Обединетото Кралство (22 проценти), Шведска (34 проценти), Ирска (33 проценти) и Норвешка (52 проценти). Во Западна Европа, или Франција (14 проценти), Белгија (13 проценти) и Швајцарија (23 проценти), исто така, имаат проектирано зголемување на населението до 2100-та. Германија (-14 проценти) и Русија (-14 проценти) се очекува да имаат намалување на населението.
Старечко население
Повеќето земји во светот, исто така, се соочуваат со брз пораст на старечкото население (графикон 2). “Кина ќе остари, пред да се збогати”. Дури и Африка каде се очекува голем пораст на населението ќе има четирикратно зголемување на бројот на постари лица во однос на работоспособна доба.
Graph 2:
[1] FTSE Russel (2019) ‘Understanding China’s Economic and Market Developments:Managing China’s Transition Into Global Benchmarks’, P14: https://www.ftserussell.com/sites/default/files/ftse_russell_understanding_chinas_economic_and_market_developments_sept.pdf
Македонија не е исклучок од трендот на старечкото население: процентот на стари лица на работоспособна возраст се очекува да се зголеми од 20 отсто во 2018 година на 56 отсто во 2100-та година. Графиконот 3 подолу го покажува процентот на стари лица на вкупното население. Интересно е што до 2025 година Македонија ќе има повеќе стари лица отколку млади луѓе.
Graph 3:
Помалку деца, имиграција и подолг животен век
Растот на популацијата е математика, а не мистерија. Помалку деца и негативна нето-миграција ќе доведат до намалување на популацијата. Оваа причина и ефект може да се видат на графиконите 4 и 5 подолу за Македонија. Вкупните стапки на плодност обично се намалуваат со зголемувањето на приходите, стапките на образование се зголемуваат и смртноста кај доенчињата се намалува. Двојките подоцна се венчаат, подоцна почнуваат да имаат деца и имаат помалку деца во целост. Слично на тоа, забавувањето на растот на населението и зголемувањето на животниот век ќе резултира со старечко население.
Graph 4:
Graph 5:
Зошто е проблем намалувањето на популацијата и старечкото население?
Старечкото население и намалувањето на популацијата ќе го забават, па дури и уназадат економскиот раст. Помалку луѓе значи помалку работници и помал БДП.
Старечкото населението во комбинација со негативен економски раст, исто така, ќе ги стави владините буџети под зголемен притисок. Понатаму, владата ќе се соочи со зголемување на медицинските и пензиските трошоци, како и со намалување на државните приходи и приходите од данокот на потрошувачка. Моменталната фискална позиција и јавниот долг на Македонија е веќе значителен (но не и алармантен). Помеѓу 1993 и 2017 година, Македонија, во просек, имаше буџетски дефицит од -2,3 отсто од БДП. Јавниот долг во моментов изнесува 49,1 отсто од БДП. Како што ќе старее населението, овие веројатно ќе се зголемат .
Што може да направи Македонија?
Постојат три главни пристапи кои Македонија може да ги примени за да одговори на двојниот предизвик односно намалувањето на популацијата и старечкото население. Прво, Македонија треба да ја забави стапката на намалување на населението и да се осмели да ја зголеми. Второ, Македонија треба да ја зголеми продуктивноста по работник преку подобро образование и инвестиции. Трето, Македонија треба подобро да ги ангажира постарите лица и жените како дел работната сила.
Не е лесно да се забави или да се подобри бројот на едно опаѓачко население. Демографијата има своја динамика. Промената на стапките на плодност е многу тешко без преземање екстремни мерки, а како што можеме да забележиме од Кина, таквите мерки носат многу непредвидени последици. Преку владината политика, Македонија имаше извесен успех во охрабрувањето на жените да имаат повеќе деца. Последните два национални стратешки документи за справување со демографскиот развој на Македонија (2008 -2015 и 2015-2024 година) имаа позитивно влијание врз стапката на плодност. Националните стратегии поставија добри политички цели за подобрување на предусловите за стапување во брак и раѓање деца, како и за обезбедување финансиска и детска помош за двојките откако ќе добијат деца. Овие политики помогнаа да се зголеми вкупната стапка на плодност (од 2013 година). ОН очекува овој раст да се зголеми во иднина и ова помага да се објасни зошто демографијата на Македонија ќе биде малку подобра од нејзините соседни земји. И покрај овој раст, не се очекува дека во догледна иднина вкупниот фертилитет ќе го достигне потребниот коефициент на плодност. Македонија мора да бара други решенија за своето старечко и опаѓачко население.
Земјите од Северна и Западна Европа, каде се очекува да има поголемо население во 2100-та година, го постигнуваат тоа главно преку позитивна нето-миграција. Стапките на фертилитет кај ниту една од нив не се над потребниот коефициент на плодност, но сите имаат позитивна нето-миграција, а се предвидува дека ќе ја имаат и во иднина (графикон 6). Македонија треба да најде решение за својата негативната нето-миграција.
Како една земја како Македонија со долга историја на нето-миграција да стане земја-примател? Одговорот е економски раст и макроекономска стабилност. Ирска е пример за тоа. Во изминативе 200 години, Ирска испраќа луѓе во новиот свет. Сепак, со Договорот од Белфаст во 1997 година и повисокиот економски раст во 1990-тите, 2000-тите и 2010-тите години, Ирска од земја-испраќач стана земја-примател (графикон 7). Не само што повеќе луѓе мигрираа во Ирска, туку и сè помалку луѓе си одеа. Македонија треба да се фокусира на стабилност и одржлив економски раст. Кога економскиот просперитет ќе пристигне во Македонија, таа ќе стане центар на Балканот.
Како што е познато во владините национални стратегии за развој, дијаспората претставува клучна целна група за мигранти во Македонија. Составувањето подобри статистички податоци за дијаспората останува главен приоритет.
Graph 6:
[1] World Bank (2018)’ World Development Indicators’, http://databank.worldbank.org/data/reports.aspx?source=world-development-indicators.
[2] World Bank (2018), ‘Western Balkans Regular Economic Report, No. 14’, p57: http://pubdocs.worldbank.org/en/194301538650996304/rev2-WBRER14-WQ-web-ENG.pdf
[3] The Ministry of Labor and Social Policy for the Republic of Macedonia (2008), ‘Strategy for Demographic and Development: 2008 to 2015’, http://mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/strategija_demografska.doc
[4] The Ministry of Labor and Social Policy for the Republic of Macedonia (2015), ‘Strategy for Demographic and Development: 2015 to 2024’, http://www.mtsp.gov.mk/content/pdf/dokumenti/9.5_%D0%A1%D0%A2%D0%A0%D0%90%D0%A2%D0%95%D0%93%D0%98%D0%88%D0%90%20%D0%97%D0%90%20%D0%94%D0%95%D0%9C%D0%9E%D0%93%D0%A0%D0%90%D0%A4%D0%A1%D0%9A%D0%98%20%D0%9F%D0%9E%D0%9B%D0%98%D0%A2%D0%98%D0%9A%D0%98%20%D0%9D%D0%90%20%D0%A0%D0%9C%202015-2024.pdf
Graph 7:
Вториот пристап за решавање на проблемот со предвиденото намалување на популацијата и старечкото население во Македонија, е зголемување на продуктивноста на индивидуалните работници. Со опаѓањето на бројот на работници, на Македонија ќе ѝ требаат поголеми резултати од секој работник. За да се зголеми продуктивноста на работниците е потребно вложување во образованието и капитална интензивност.
Судејќи според последните резултати од образовниот извештај на ПИСА-2015, Македонија има простор за подобрување на своето образование. Од 73 испитани земји, Македонија се рангираше на 70-то место за наука, 69-то за математика и 70-то за читање. Просечните оценки на Македонија паднаа во сите три области од претходните резултати.
Во однос на капиталната интензивност, Македонија е рангирана 80-та од 174 земји со користење на 10-годишен просек (2005 до 2014 година) од односот на капиталниот фонд (ППП 2011 УСД) за бројот на работници кои се дел од работната сила. Така што, постои и простор за подобрување во однос на продуктивноста.
Континуираните инвестиции во производството и рударството ќе помогнат да се зголеми просечниот интензитет на акумулација на капитал. Производството и рударството обично се меѓу капитално-интензивни сектори. Во последниве години СДИ им помогнаа на овие сектори да се развијат, но за да го одржат својот раст во иднина ќе бидат потребни повеќе странски директни инвестиции.
Исто така, треба да има зголемување на продуктивноста и во земјоделството, бидејќи парцелите обработливо земјиште се консолидирани за да се овозможи поголема ефикасност. Во просек, фармите се со големина под 2 хектари и се распоредени преку 4 до 5 парцели. Ова ја отежнува механизацијата. Владата соработува со ФАО (Организација за храна и земјоделство на ОН) од 2014 година за да изнајде решение за ова.
Третиот пристап што Македонија може да го преземе за да одговори на предвиденото намалување на популацијата и старечкото население е да се зголеми ангажираноста на работната сила, особено постарите лица и жените.
Стапката на учество на старото население во Македонија, односно оние над 65 години (2,6 проценти) е четврта најниска во Европа и повеќе од четири пати пониска од српската (10,9 отсто) (графикон 8). Земји како Исланд, Израел и Шведска предводат на листата.
Политиките на Исланд за ангажирање на постарото население како работна сила, може да бидат пример за Македонија. Прво, доживотното учење во Исланд е повеќе од двоен просек на ЕУ. Главната причина за тоа е што трошокот за континуирано образование е покриен во повеќето колективни договори и многу општествени организации се здружија за да обезбедат континуирано образование. Второ, во Исланд нема пензија за предвремено пензионирање, но доколку поединецот го одложува пензионирањето до својата 73-та година, за секоја одложена година добива зголемување на пензијата од 5 отсто.
Македонија, исто така, може да го зголеми процентот на вработени жени. Соодносот помеѓу вработени жени спрема мажи во Македонија за 2018 година изнесува 0.636 жени на еден маж. За Јужна Европа соодносот изнесува 0,727 жени на еден маж, 0,73 во земји со висок среден приход и 0,777 за Источна Европа. Македонија е зад многу од нејзините соседи и слични земји. Напорите за зголемување на ангажирањето на жените како работната сила мора да продолжат бидејќи тоа ќе помогне да се ублажат ефектите на старечкото население врз економијата.
Graph 8:
[1] Note only 72 countries were sampled for reading.
[2] OECD(2016) ‘PISA 2015 Results: Volume I’, https://www.oecd-ilibrary.org/docserver/9789264266490-en.pdf?expires=1538991060&id=id&accname=guest&checksum=C1AF61487B6CEE5F92097E286136D414
[3] University of Groningen (2018) ‘Penn World Tables version 9.0’, https://www.rug.nl/ggdc/productivity/pwt/
[4] FAO (2015), ‘The former Yugoslav Republic of Macedonia and FAO, Partnering to achieve sustainable agricultural and rural development’, http://www.fao.org/3/a-au081e.pdf
[5] Danish Technological Institute, (2011), ‘Assessment of the Labour Market in Iceland’, p62, http://thjodmalastofnun.hi.is/sites/thjodmalastofnun.hi.is/files/assessment_of_the_labour_market_in_iceland_2011-andersen_hougaard_and_olafsson_0.pdf
[6] Ibid, p69
[7] ILO (2018) ‘Employment to Population Ratios – ILO Modelled Estimates, May 2018’, https://www.ilo.org/ilostat/faces/oracle/webcenter/portalapp/pagehierarchy/Page3.jspx;ILOSTATCOOKIE=FEB3AvY_HsyHD6WFnjwJ-QekTOwS1kGgZ9oXxq0G1F_tnxDqITVM!1254440622?MBI_ID=7&_afrLoop=2655985160688909&_afrWindowMode=0&_afrWindowId=d2m9tbf8x_1#!%40%40%3F_afrWindowId%3Dd2m9tbf8x_1%26_afrLoop%3D2655985160688909%26MBI_ID%3D7%26_afrWindowMode%3D0%26_adf.ctrl-state%3Dd2m9tbf8x_57
Заклучок
Демографијата ќе се мери со идниот економски раст на Македонија што ќе предизвика фискални тешкотии. Се предвидува дека македонското население ќе го достигне врвот во 2023 година, а до 2100-та година ќе се намали за 30 отсто. Исто така, населението старее: процентот на постари лица на работоспособна возраст се очекува да се зголеми од 20 отсто во 2018 година на 56 отсто во 2100-та година. Македонија не е единствената земја што се соочува со овие предизвици, бидејќи поголемиот дел од Централна, Источна и Јужна Европа доживува сличен или полош демографски пад. Сепак, Северна Европа со земји како Ирска и Норвешка, покажува дека имиграцијата може да направи пресврт на таквата состојба. Стабилниот и долготраен економски раст ќе ѝ помогне на Македонија да ги задржи младите луѓе, истовремено привлекувајќи ги луѓето од дијаспората и пошироко.
За да се обезбеди континуиран економски раст, во услови на намалена работна сила, Македонија мора подобро да ги ангажира постарите лица и жените и да ја зголеми продуктивноста на секој работник. Зголемените инвестиции во повеќе капитално-интензивни индустрии е еден од начините; во последниве години тука помогнаа СДИ и можат да продолжат да играат улога во менувањето на македонската индустрија. Исто така, има и придобивки во земјоделството, особено преку консолидација на обработливото земјиште. Подобрениот образовен систем, исто така, ветува огромна дивиденда. Идните индустрии ќе имаат потреба од добро обучени и иновативни работници. Подобрувањата во образовниот систем треба да бидат главен приоритет. Ако македонското население е помало тогаш мора да биде попаметно.
Статија на Брендан Филиповски, Менаџер за истражување