Како дете на самохрана мајка можам да ви кажам дека добивањето на оваа стипендија е од огромна важност за мене, а воедно и за мојот родител. Доаѓањето во Скопје за студирање беше навистина предизвик кој што благодарение на оваа стипендија многу полесно се надминува. Од исклучителна важност е кога подмирувањето на сите трошоци поврзани со факултетот, партиципацијата како и самото купување на стручна литература за настава не ти претставуваат грижа. Поддршката што ја добиваме со оваа стипендија ни овозможува многу полесно да чекориме низ патот кој што сме го замислиле и целото наше внимание да биде насочено кон наставата без притоа да се грижиме како би била платена следната партиципација.
Благодарение на оваа стипендија имаме поголема мотивација и стимул многу полесно да се одвива нашето студирање. Стипендијава овозможи моето внимание да биде насочено кон студирањето, токму затоа како најзначаен успех би го споменала тоа што во оваа академска година успеав да ги положам сите предмети.